Тие 4 години имале занимација на запад. Ваљда играле на ист начин како САД и Англија кои им обеќале втор фронт од 1942, а дури го отвориле речиси на самиот крај, летото 1944.
Мислам дека и САД барале подолго време од СССР да отвори втор фронт на исток.
Мое мислење е дека покрај останатото Јапан го користеле да си ги покажат силите. САД фрлиле атомски бомби да му покажат на светот и на СССР колку моќно оружје поседуваат(повеќе луѓе имаат загинато од нападите со напалм во Токио, отколку од атомска бомба), а СССР прави инвазија на Манџурија да ја покаже ефикасноста на црвената армија.
Втор фронт не е отворен 1944, туку 1943 со десантот на Сицилија. Настрана Африка уште од 1942 (Торч).
Тука е и Ленд лиз и остало. Што направи СССР кога Британија сама се бореше со нацистите? Продаваа нафта и ресурси на рајхот и го помагаа да ја скрши британската авијација.
Може си во право за покажување на сила, некои тука гледаат зачеток на студена војна, има разни мислења, ионака Јапан немал капка нафта повеќе во лето 1945.

Наједноставно би било да се каже дека стратегијата е планирање, додека пак тактиката е оперативна организација т.е реализација на планираното на разни нивоа, она шо ги усогласува стратегијата и тактиката се нарекува оператика и се изучува постепено, основи во средно воено училиште, Воена академија и на крај врвот е командно штабна академија за сите копнено/воздухопловни чинови почнувајќи од Мајор. Воената морнарица е нешто поинаква.
САД продавале нафта на Јапан цело време до ембаргото 1941 кое ќе го повлече Перл Харбор, за Германија не знам, не сум сретнал таква информација. Шведска, е тоа е друга прича.
САД продавале нафта на Јапан цело време до ембаргото 1941 кое ќе го повлече Перл Харбор, за Германија не знам, не сум сретнал таква информација. Шведска, е тоа е друга прича.
Сепак да не се претерува, СССР чекал до прва атомска да објави војна на Јапан, 4 години им требало да им текне дека Јапан е дел од оската на нивна источна граница. Квантунг армијата во тоа време била сенка од некогашната, без гориво, опрема, муниција, отсечена од јап.острови од страна на америчка флота.
Резултат на сето тоа е Северна Кореја
Скроз небитно дали Квантунг бил истиот од пред тоа. Црвената армија не е истата од пред тоа, далеку подобрена е. А и кога не била таква, пак ги искршила Јапанците, тие од поранешната, нели подобрата Квантунг армија, кај Калкин Гол.
Во копнен театар Јапонците се дрва, во споредба со европски копнени сили у било кое време. Многу работи укажуваат на тоа.
Манџурија е фантастичен подвиг на советите. Стратешки, логистички, оперативно и тактички.
Стратешки, една од поентите е што допринесе за капитулацијата.
Оперативно - на пример, Јапонците ни накрај памет не им било дека толку сила ќе успеат да постават советите. Квантуг знаел дека ќе нападнат, ама ни приближно не претпоставувал, дека со толку пешадија, авијација и особено не претпоставувале дека советите би успеале на тој терен да довлечкаат толку тенкови и артилерија.
Тактички - на пример, советите кога се сретнале со јапонските мински полиња, се скинале од смеење (навикнати претходно на германските мински полиња). Што е само еден мал тактички факт кој укажува на тоа колку Јапонците се слаби во копнен театар, во споредба со копнени сили како СССР или Германија.

Многу е битно во каква состојба е Квантунг, бидејќи е во никаква во август-45, врската со Јапан е скроз пресечена од амерички подморници и носачи на авиони кои буквално ја потопуваат цела јапанска трговска морнарица, да не праиме муабет за флотен транспорт, тоа оди на дно 42-44. Гориво, људство, логистика = све тоа прекинува да доаѓа од Јапан. Америте имаат потопувано по цела бригада на поединечни јапански патнички бродови претворени во трупен транспорт (4-5.000 удавени војници и тоа се дешава многу пати).
Мое мислење е дека се придава преголемо значење на советскиот напад, кој за жал е одговорен за сеуште постоечкиот ужас С.Кореја. Неслучајно нападот се случува тек после атомската над Хирошима, знаеме кој е одговорен за падот на Јапан
А за јапанската армија, имале некоја своја верзија на блицкриг, не ми текнува име, нешто што одлично го одработиле 1941-42 при пробојот низ Малаја и заземање на Сингапур или Филипинската операција.
Она каде Јапан пешадиски е инфериорен цела војна е технолошкиот фактор, на Т-34 и ЈС-2 им се спротиставувале во Манџурија Тип 97 од 16,5 тони со топ од 47мм и најдебел оклоп од 40мм. Погодок од него на ЈС-2 не верувам дека посадата на ЈС би го регистрирала . А тоа бил најдобриот тенк, остало било застарело од средина на триесетти или танкети со митралези. Уопште немале ракетна артилерија, ништо налик на панцерфауст барем, инфериорни биле во секој оружен систем во поглед на СССР и западните сојузници. Една Австралија или Канада имаат произведено неспоредливо подобар тенк од најдобриот јапански.
Прилично ми е чудна и нејасна таа ситуација со запоставување на модернизација на копнената војска, па види им основен пушкомитралез на ниво на оделение или вод, технологија од француски Бене-Мерсие од почеток на векот. Колку и да е чудно, немале автомат, освен некои експериментални модели!
Кај авијација тоа не било случај, па и кај морнарица до некое време.
Многу е битно во каква состојба е Квантунг, бидејќи е во никаква во август-45, врската со Јапан е скроз пресечена од амерички подморници и носачи на авиони кои буквално ја потопуваат цела јапанска трговска морнарица, да не праиме муабет за флотен транспорт, тоа оди на дно 42-44. Гориво, људство, логистика = све тоа прекинува да доаѓа од Јапан. Америте имаат потопувано по цела бригада на поединечни јапански патнички бродови претворени во трупен транспорт (4-5.000 удавени војници и тоа се дешава многу пати).
Мое мислење е дека се придава преголемо значење на советскиот напад, кој за жал е одговорен за сеуште постоечкиот ужас С.Кореја. Неслучајно нападот се случува тек после атомската над Хирошима, знаеме кој е одговорен за падот на Јапан
За крајниот исход, нема врска тоа. Разликата помеѓу двете армии е голема.
За време на Калкин Гол, Квантунг беше во полна сила, неблокирани линии за достава, а советите беа со онаа лоша Црвена Армија V1.0, па пак ги победија.
Советската операција во Манџурија е многу повеќе клучна за капитулацијата на Јапан, отколку што се мисли во јавниот наратив и е заборавено (пред се логистичко) чудо на војната. Бомбите се помалку клучни отколку што се мисли во јавниот наратив, а има и други фактори за капитулација сосема превидени во јавниот наратив.
Прилично ми е чудна и нејасна таа ситуација со запоставување на модернизација на копнената војска, па види им основен пушкомитралез на ниво на оделение или вод, технологија од француски Бене-Мерсие од почеток на векот. Колку и да е чудно, немале автомат, освен некои експериментални модели!
Кај авијација тоа не било случај, па и кај морнарица до некое време.
Знам, чуди како имаат најдобри носачи (на почетокот), најдобра оптика, торпеда..., а ужасни и најлоши пиштоли, на пример, или тенкови (мада дискутабилно и релативно е тоа). Сабјите на јапонските официри биле огромно мнозинство живо срање, ковано од селски ковачи и на нетрадиционален начин (заради последново денес јапонската власт ги запленува и уништува).
Како тој производно-технолошки потенцијал има толкави падови кај некои области и висини кај други?
Огромна причина за таквата состојба е организационата структура на државата и воените сили.
Морнарицата и армијата, во Јапан, се два засебни ситеми. Скоро како две сили кои не се од иста држава. Тие постојано се борат, меѓу себе, на внатрешен план, се натпреваруваат за ресурси, за предимство во државната стратегија и сл. Плус, владата како да не управува со нив, него повеќе се чини како да преговара.
Оваа дискрапанција во квалитетот на средствата за војување, е само една од последиците на таквата состојба, т.е. таквата состојба е една од причините за оваа неусогласеност, дисбаланс на квалитетот.
Она каде Јапан пешадиски е инфериорен цела војна е технолошкиот фактор, на Т-34 и ЈС-2 им се спротиставувале во Манџурија Тип 97 од 16,5 тони со топ од 47мм и најдебел оклоп од 40мм. Погодок од него на ЈС-2 не верувам дека посадата на ЈС би го регистрирала . А тоа бил најдобриот тенк, остало било застарело од средина на триесетти или танкети со митралези. Уопште немале ракетна артилерија, ништо налик на панцерфауст барем, инфериорни биле во секој оружен систем во поглед на СССР и западните сојузници. Една Австралија или Канада имаат произведено неспоредливо подобар тенк од најдобриот јапански.
Да, ако го земеш Т-34 и го споредиш со јапонскиот тенк, дури и тотален лаик ќе примети зашто е многу подобар. Чиста работа, факти, бројки.
Тоа го прават сите, кога споредуваат средства за војување, тенкови, да речеме.
Ја прават споредбата, разгледувајќи и споредувајќи ги двете, на технолошко тактички план.
И го изоставуваат стратешкиот план.
Сакам да кажам, целта на тенкот не е да има подебел оклоп или да биде побрз, туку целта на тенкот е да ти помогне да ја добиеш војната. Значи, перспективата не треба да е само тактичка, туку и стратегиска.
Да речеме, Тигарот е врвно чудо, далеку над квалитетот на совестките тенкови. Но, Тигарот го прават мал милион способни фабрички работници, кошта многу далеку над цената на било кој руски тенк.
Тие три Тигара кога ќе излезат од хала, на другата страна излегуваат (со тие ресурси и време) 50 т-34. Карикирам да доловам поента, за која веќе сме збореле.
На Јапонците би им било правење на такви тенкови (како ИС и т34), скроз беспотребно губење на ресурси. Они не се борат против Тигари, туку против војска без тенкови (знам, имале нешто Кинезите, али ко да немале). Војска без оклопни возила, војска која има многу слаб против-тенковски потенцијал. Како би се движеле тие огромни тенкови, на пример, во пацифичкиот театар? Никако, со таа тонажа, одма ќе загиблат у меката земја, песок, на островите, или по џунглите. Тие лесни јапонски тенкови биле скроз на место, за тоа за што ги употребувале.
Очигледно, после Калкин Гол, не ни планирале да се тепаат со Русите. Америка се погрижи да не се тепаат со Русија. Русија им требаше на западните сојузници, за да ја троши Германија. Америка не дозволи Јапан да се загледува повторно накај Русија, туку да ја нападне САД. Клучна е местоположбата на Филипини, на патот на нафтата, во услови на американска блокада.
Не. Не е секогаш до Хитлер работата. Ние тек од кај девеести дознаваме дека сите тие погрешни одлуки, не биле све дело на Хитлер. Понекогаш тој се сомневал во изборот на генералите, а сепак прифаќал тоа што го зборат. На пример, Курск. Он цело време имал став дека со таа операција нема да се постигне ништо конкретно.
Еве пред повеќе страни, кога реков дека Хитлер размислувал стратешки, а генералите не, еден член ме поправи дека не е така.
Тоа е скроз погрешен наратив, наследен од довербата што ја имаше јавноста (на запад пред се) во деновите на почетокот на Студената војна. Зборам за довербата во исказите и мемоарите на рехабилитираните нацистички генерали, во кои Хитлер е воениот злосторник-лудак (не дека не е), а тие се со чисти раце. Исто и за погрешните одлуки - тие се све дело на мегаломанството и лудоста на Хитлер, а они све му викале како треба, но тој си ги игнорирал и си терал по свое. Епа, не било секогаш така, дури не било ни во повеќето случаи така.
Проблемот на Тигарот, што не е дизајниран со стратешка перспектива земена в предвид, не е воопшто дело на самиот Хитлер, туку на прускиот/германскиот војнички менталитет, кој генерално ги игнорира стратешките компоненти, а ги пренагласува тактичките и оперативните. Тоа е дел од таа воена традиција и е резултат на историски околности. Шаблон, усовршуван со векови во иста воена школа, од страна на едни те исти луѓе, од исти фамилии. Да речеме, Фридрих Велики се расправал исто така како и Хитлер, со своите генерали Мајнштајн и Зајдлиц.
Но, ова е подолг пост, кој се надевам ќе го склопам наскоро.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.