Влашко-Аромански удел во генетиката на Македонците

Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Словените се доселуваат после една огромна епидемија на балканот која што практично избришала 70-80проценти од населението, преживеаните веројатно биле ептен кревки во повеќе погледи.
Да тргнеш од Солун можеш да стигнеш до Москва и на секој 2-3 километра ќе најдеш човек со кој ќе можеш да се разбереш. Така што не би рекол дека е до епидемијата. Има нешто многу сумливо во ,,официјалната" историја.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.294
Поени од реакции
3.243
Словените се доселуваат после една огромна епидемија на балканот која што практично избришала 70-80проценти од населението, преживеаните веројатно биле ептен кревки во повеќе погледи.
Зашто тогаш има генетски континуитет од камено време? Зашто сме генетски поблиски со романци отколку со чеси?
 
Член од
14 октомври 2018
Мислења
353
Поени од реакции
436

Има студија зошто Јужните Словени се разликуваат од Западните и од Источните.

Научниците сметаат дека Словените, ширејќи се низ Европа, интензивно ги апсорбирале популациите што живееле на овие територии во предсловенскиот период. Словените насекаде го донеле својот јазик и го апсорбирале генскиот фонд на автохтоните популации. Овој длабински генетски „супстрат“ се разликува во различни разгранувања на словенството.

Западните и Источните Словени го презеле источноевропскиот супстрат. Најверојатно најголем дел од него бил составен од балтичките народи кои порано биле населени ширум Источноевропската висорамнина. Вториот, јужноевропски супстрат го апсорбирале Јужните Словени, а тој се состоел од балканските народи што Словените тука ги нашле.

Овие процеси ги споиле Западните и Источните Словени во единствена генетска заедница, додека Јужните Словени на овој начин станале послични на несловенските народи од Балканот, одошто на другите словенски народи.
 
Ај сега види што цитирав јас кога ги поставив прашањата. Сакам тој да ми одговори или некој негов истомисленик.
 
Баш напротив унгарите, татарите, латините, татарите, османлиите ги апсорбираат словените. 10К словенски збора има романскиот јазик, унгарите во унгарското општество не се ни 5%, а словените се дебело мнозинство. Слично е и со бугарската династија која владее над грото словени, но овој пат тие се претопуваат во мнозинството. Самиот збор словен на латински значи роб, што значи дека истите биле отсекогаш сметани за инфериорни и биле претопувани во доминантните племиња, а не обратно. Што значи словените се домородно население и затоа се толку слични со ароманците.
 
Член од
14 октомври 2018
Мислења
353
Поени од реакции
436
Ај сега види што цитирав јас кога ги поставив прашањата. Сакам тој да ми одговори или некој негов истомисленик.
Тогаш игнорирај, само се надоврзав. Ова е придонес за темата и е сериозно меѓународно генетичко лингвистичко истражување кое го објавува руската академија, што е многу порелевантно од произволни толкувања како на темава.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.264
Поени од реакции
18.084
Баш напротив унгарите, татарите, латините, татарите, османлиите ги апсорбираат словените. 10К словенски збора има романскиот јазик, унгарите во унгарското општество не се ни 5%, а словените се дебело мнозинство. Слично е и со бугарската династија која владее над грото словени, но овој пат тие се претопуваат во мнозинството. Самиот збор словен на латински значи роб, што значи дека истите биле отсекогаш сметани за инфериорни и биле претопувани во доминантните племиња, а не обратно. Што значи словените се домородно население и затоа се толку слични со ароманците.
Оваа теорија има барем две фалинки.

Прво Словените како и Романците се од Индоевропска група на народи и затоа имаат бајги слични зборови.
Второ ако јужните словени се староседелци зошто поставувале имиња на градови со словенска митологија, би требало да продолжат да ја користат постоечката митологија што биле распростанета на овие простори.

А ова додуша истово важи и за овие што тврдат дека словените се само 30%. А и за теоријата за генетика од камено време, реално нема останато многу генетски материјал затоа што индоевропејците пред некаде 3500 години пред наша ера, збришале скоро се т.е. ги претопиле европјеците од камено време што се нашле тука. Винча, Кокино, Стонхенџ верувањето во големата мајка, тоа за брзо време било збришано ...
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Според една алатка која шо може да са најде на gedmatch.com а са вике
Dodecad K12b

Моите резултати са следните:
#
Primary Population (source)Secondary Population (source)
Distance
66.7%​
S_Italian_Sicilian (Dodecad)+
33.3%​
Polish (Dodecad)@
2.72​
54.4%​
S_Italian_Sicilian (Dodecad)+
45.6%​
Hungarians (Behar)@
2.11​
76.4%​
C_Italian (Dodecad)+
23.6%​
Russian (HGDP)@
3.4​
74.4%​
S_Italian_Sicilian (Dodecad)+
25.6%​
Finnish (Dodecad)@
3.42​
51.2%​
O_Italian (Dodecad)+
48.8%​
Romanians (Behar)@
3.47​

Според мојта генетика, ваа алатка мене ма моделире кути 2/3 Јужен Италијанец и 1/3 Полјак или други варијанти со доминантно Јужно-Италијанска генетика плус некоја источно-европска генетика.

Е сеа имум читано на интернет дека јужните Италијанци биле најслични со античките народи од Балканот оти они во голема мера потекнуват од античките Грци шо ја колонизирале Јужна Италија во античкиот период и од разни Илирски племиња шо исто кути Грците са населиле во Јужна Италија. Е сеа за разлика од Балканците, Јужните Италијанци не доживеале тектонски промени во нијната генетика оти ја избегнале судбинта на Балканот во голема мера да бидат населени од Словени и др. северно европски племиња па заради тоа и останале доста слични од антички времиња па до ден денес.
Тоа е потврдено и со тестирање на античка ДНК од Балканот, има античка ДНК од антички Грци(Микејци), Трачка и Илирска ДНК земена од скелети и е објавена во научни списанија и Јужните Италијанци са најблиски генетски со античките народи од Балканот. Додека пак има неколко примероци објавено во слични списанија шо са сметат дека припаѓале на средновековните Словени и сите до един стојат блиско со Полјаци, Украинци, Белоруси и др. Источно и Западно словенски народи. Шо горе доле можум да кажум дека генетски сум 2/3 антички Балканец и 1/3 Словен.

Иначе од резултати од др. народи од Балканот шо сум видел до сеа, сите имат слични модели, т.е ваа иста алатка ги моделире кути Јужни Италијанци плус нешто источно европско, само шо процентите варират во зависност од народут. Грците и Албанците са со најповеќе јужно-италијанска генетика и помалко источно-европска. Јас лично сум најблиско до Албанци, Грци од Македонија, Бугари од Македонија и Тракија и нормално најблиско сум до Македонците. Србите од др. страна пак са со повеќе словенска генетика и алатката ги моделире кути 2/3 Словени и 1/3 Јужни Италијанци или пак 3/5 Словени и 2/5 Јужни Италијанци.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.263
Поени од реакции
18.800
Наши луѓе кога оделе на печалба преку Дунав велеле дека одат во Влашко. Уште и јазикот ако им е сличен, сепак имаат некоја поврзаност.
Има поврзаност ама се работи за различни групи на народи, во Романија Власите ги викаат Македонци зошто многумина од овде се преселуваат таму на времето, нешо слично како што Циганите ја чуствувале Индија како свое, така било и со Романија пред 80 години. А разликата помеѓу нас и нив е небо и земја, во било која смисла, буквално црно и бело свет.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.294
Поени од реакции
3.243
Тогаш игнорирај, само се надоврзав. Ова е придонес за темата и е сериозно меѓународно генетичко лингвистичко истражување кое го објавува руската академија, што е многу порелевантно од произволни толкувања како на темава.
Може он ќе произнесе некое друго истражување, во кое сме послични со пољаците спрема романците. Да му пишам само „не е така“ нема ништо да постигнам, ќе треба да се инатиме, вака го прашувам нека се изјасни човекот.

А ова додуша истово важи и за овие што тврдат дека словените се само 30%. А и за теоријата за генетика од камено време, реално нема останато многу генетски материјал затоа што индоевропејците пред некаде 3500 години пред наша ера, збришале скоро се т.е. ги претопиле европјеците од камено време што се нашле тука. Винча, Кокино, Стонхенџ верувањето во големата мајка, тоа за брзо време било збришано ...
Види сега најзастапена Y-dna hg кај источните и западните словени е R1a, а кај јужните I2a (освен словенците и бугарите во некои студии), така да разликата е евидентна. Инаку hg I се верува дека е единствена настаната на европско тло. Иначе збришано или не, еве во Франција, старо камено време има I2 - https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4943878/

Y-дна се пренесува како презиме од татко на син.

„Збришале“ во западна европа (Шпанија, Франција), во балканците останало нешто повеќе, бар по тактковска линија. Побарај на нет ако те интересира подетално.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.264
Поени од реакции
18.084
Може он ќе произнесе некое друго истражување, во кое сме послични со пољаците спрема романците. Да му пишам само „не е така“ нема ништо да постигнам, ќе треба да се инатиме, вака го прашувам нека се изјасни човекот.

Види сега најзастапена Y-dna hg кај источните и западните словени е R1a, а кај јужните I2a (освен словенците и бугарите во некои студии), така да разликата е евидентна. Инаку hg I се верува дека е единствена настаната на европско тло. Иначе збришано или не, еве во Франција, старо камено време има I2 - https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4943878/

Y-дна се пренесува како презиме од татко на син.

„Збришале“ во западна европа (Шпанија, Франција), во балканците останало нешто повеќе, бар по тактковска линија. Побарај на нет ако те интересира подетално.
Нема што да гледам повеќе, ова и така ми е хоби, дури и премногу време трошам :D

Се знај кој се од пред индоевропските народи, Баскијците, Сами, во западна Шкотска има мал број. Другото се е претопено.

Дури и по јазична линија се познаваат Баскијците и Сами (Финска).

И се разбира има од тие гени во нас, дури можеш да познаеш кој има повеќе гени од пред индоевропските народи, види кој не е толерантен на лактоза т.е. млеко тоа е сигурна индиција дека има повеќе пред индоевропски гени.
 
Последно уредено:
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Кај ви текна оваа тема, баш престанав да буљам во стрелки и дијаграми, кој кај идел! Сега пак наново :D
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.264
Поени од реакции
18.084
Кај ви текна оваа тема, баш престанав да буљам во стрелки и дијаграми, кој кај идел! Сега пак наново :D
Пред некое време си го составив тајмингот на населување на Европа.

Пред 70.000 - 50.000 години идат од Азија првите луѓе кои излегуваат од Африка, тие живеаат напоредно со Неандерталците и ни ги носат тие 2% неандерталски гени. Ловци и збирачи, со темна кожа и светли очи, нешто слично како Абориџините. Тие се луѓето кои го преживуваат леденото време 35.000 - 12.000 години пред наша ера. Ледениот максимум завршува некаде пред 18.000 години.

Од 11.000 - 8.000 години се случува феномен во Европа и северна Европа е 4 степени потопола од медитеранот. За ова не знам дали медитеранот станал поладен или северот станал потопол, но таа нагла промена на време довела до тоа цела напредна цивилизација од Месопотамија т.е. фармерите со светла кожа и темни очи, да ја населат цела Европа. Се ширеле преку Белканот и преку медитеранот. Имале и религија и граделе храмови уште пред 10.000 години пред наша ера. Биле не толерантни на лактоза.

Од 4.000 - 2.000 пред наша ера Европа ја населува индоевропската група на народи т.е. ние :D
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.294
Поени од реакции
3.243
Нема што да гледам повеќе, ова и така ми е хоби, дури и премногу време трошам :D

Се знај кој се од пред индоевропските народи, Баскијците, Сами, во западна Шкотска има мал број. Другото се е претопено.

Дури и по јазична линија се познаваат Баскијците и Сами (Финска).
Финтата е што не e така црно-бело. И мене ми е хоби, ама сум читал бајаги и од незнаење на кого да верувам за историјава, сум навлегол малку во генетика, затоа и ти кажувам. :D

Ќе има сеа се повеќе ќе прават истражувања, ќе се разјаснат многу ствари.

Јазик и днк, немора да се поврзани, најекстремен пример, црнци во Африка зборат англиски. Слични наметнувања се случувале од поодамна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom