Toma
Корона стронг
- Член од
- 22 април 2014
- Мислења
- 4.170
- Поени од реакции
- 3.413
Го забораваме фактот дека БЕСА има 4 пратеници од тие 46 пратеници, БЕСА не ги сака ДУИ и дури јавно кажаа дека ако влезат сите албански ќе одат во опозиција, комбинација со сите албански е Зибери да е премиер, оти од АА кажаа дека ја дават подршката на таква влада, Тачи моментално мора да го пуши на Зајко оти знаеме дека има пресуда против него за изборни нерегуларности, па гледа да не го затворат додека власта уште е кај Зајко, кој и да направи влада тој ќе ја подржува владата.Абе многу комбинаторики.
Ама на крај СДСМ + ДУИ + ДПА = 62 пратеници, оние 11 од Алијанса и Алтернатива ќе бидат фиктивно во опозиција, ама повремено во собрание ќе гласаат за некои закони на власта, посебно кога ќе бидат некои работи од нивен интерс на Албанците.
За возврат АА ќе добиваат некоја коска во вид на тендери за нивни приватни фирми да лапаат буџетски пари.
Оставете тоа дека дел од Албанските партии не се сакаат.
Нема да останат рамнодушни на телефонските повици од амбасадите.
Сте напишале и погоре, во скоро сите комбинации за можна влада од СДССМ Зајко не се појавува како премиер, освен ако не купи пратеници од ВМРО, па да оди со АА и да има 61, ама потоа ќе има ептен голем проблем што тоа мнозинство нема да може да расте многу, оти ако не се лажам само 4 пратеници од тие 44 на ВМРО не се нивни, а кај СДССМ има 11 (незнам дали тие 4 од БЕСА се во тие 11),
Ако ВМРО го собере тие од БЕСА со АА +1 има доволно за 61, а потоа без проблем ќе собере добар дел од тие 11+Тачи, па ќе има можеби и 70.
Опцијата ВМРО+ДУИ+Левица ми е скоро невозможна, попрво ќе купат други 2 пратеници одколу овие од Левица.
Се зборува дека и ДУИ ќе го поделиле, ама мислам дека си знаат дека кога ќе го направат тоа ќе ги дигнат во воздух со комплет фамилија.
Значи да сумираме се ќе зависи како ќе се постават тие од БЕСА, а СДССМ ако сака да опстане мора да даде премиер, од ВМРО имаат добра шанса и од другата страна, т.е. со непријателите на ДУИ.