Честитки!!!
На страната каде што пишува дека е одобрено државјанството,има едно сиво поле Записване,и таму има термини да закажеш,да прикачиш фотографија од пасош не поголема од 2 МБ и да внесеш мејл,па ќе добиеш повратен одговор на мејл.Потоа мејлот го принташ и со тоа ливче одиш во правосудие да си го подигнеш указот.
Од веб страната од МП запишија ж-сметката и цел на дознака вносна бележка за внесена државна такса за получаване на удостоверение т.е. заподигање на Указ. Земи и две слики пасошки формат.
жиро с-ка БНБ ЦУ, BIC: BNBG BGSD, IBAN: BG09 BNBG 9661 3000 1737 01
Во Софија одиш во банка да платиш за Указ, 50 лева + 10 лева манипулативни трошоци, попатно направи копија од пасошот заедно со влез за секој случај. Во Министерството за Правосудие ќе влезеш дај им ја уплатницата, двете слики од кои едната потпишана со цело име и презиме и пополни едно ливче за адреса - Столична обштина, ул. Леге бр. 6. Ќе те внесе во систем госпоѓата и ќе ти го испринта Указот.
Извод нов ,преведен и легализиран-ако го преведуваш во МК тогаш ќе треба во амбасада да го легализираш.А ако го преведуваш во Софија ,агенциите за превод го носат на нотар за заверка.Ќе си побараш на интернет некои агенции за превод и ќе им го испратиш изводот по скен ,за да биде спремен кога ќе одиш таму само оригиналот ќе им го покажеш.За во МВР оригинал,за во општина копија.
Направи копии од Указот и оди во општина, тука е во близина на МП. Се качуваш на прв спрат, десно има неколку шалтери, на истиот спрат се плаќа. Земи 3 формулари, Адресна карта за настојашт адрес, Зајавление за постојанен адрес и еден Картон исто така за пополнување. Настојашт адрес пополнав Р. Македонија и име презиме нешто, Постојанен е за адресата во Бугарија т.е. Столична Обштина, ул. Леге бр. 6 итн. податоци за себе и на картонот пополни податоци што треба. На каса плати 30 лева и оди да направиш копии од формуларите.По редовна постапка ЕГН ќе ти излезе за 5 до 7 работни дена.Има некои средуваат за во еден ден но тоа се плаќа,можеш да пробаш ти да замолиш и да им платиш.....
Иначе за во полиција ќе ти треба писмото од општина со ЕГН (удостоверение за постојанен адрес), копија од пасош, извод од матична книга на родени - преведен и заверен на нотар (ова можеш да го направиш во меѓувреме), зајавление кое ќе ти го дадат таму и ќе го пополниш на лице место и плаќање на каса во полиција, зависи по која постапка ќе одиш,толку и ќе платиш.Може и со картица само треба да е на твое име.
Ова се трошоците -
Ова се трошоците за подигнување на указ и адреса -
-50 лева -За подигнување на указ
-30 лева-За адреса и ЕГН во општина
-30 лева -За превод и заверка на извод кој што ќе ти треба за во МВР за сликање
Вкупно 110 лева
Ова се трошоците за пасош и лична карта
-36 лева -Лична карта за 3 дена(за 30 дена е 18 лева а за 8 часа 90лева)
-80 лева -Пасош за 3 дена(за 30дена е 40 лева,а за 8 часа е 200лева)
Вкупно 116 лева за 3 дена ако го земеш пасошот(за 30 дена е 58 лева,а за 8 саати 290 лева)
Значи се комплет ако сакаш за 3 дена да ги земеш ќе платиш 226 лева -односно 113 евра.
Плус тука ти се и трошоците за пат.