Пиво

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 255 39,2%
  • Златен даб

    Гласови: 182 28,0%
  • Amstel

    Гласови: 63 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 73 11,2%
  • Tuborg

    Гласови: 52 8,0%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,6%
  • Други

    Гласови: 117 18,0%

  • Вкупно гласачи
    651

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.050
Поени од реакции
29.412
Кул, мене само ме интересираше да не има научна позадина наводната поврзаност (CO2 од пиво, со главоболка). Пребарав онака површно, и не најдов ништо.

Инаку имам и јас совет за надминување на проблемот со пиење пиво: Да не се пие премногу, и по можност да се одберат поквалитетни пива.... А ако кога евентуално ќе се испие премногу, следното утро што побрзо да се доручкува обилен доручек со многу маснотии. И течности, што повеќе течности. :)
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665

Дали под многу течности е океј да се конзумира многу квалитетно пиво?
За другар прашувам :)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.050
Поени од реакции
29.412
Ја знаеш поговорката за клинот како се избива? Само не заборавај и на дупката после. ;)
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
20200606_222451.jpg

Пиво сорта "Spezial" (нешто меѓу сорта Export и Märzen) од пиварата Симон од франконското место Лауф. Доста популарно и типично франконско пиво, како што и пишува на етикетот. 5,6% алкохол, што е типично за Шпецијал/Експорт/Мерцен пива.

Во чашата дава солидна и долготраена пења. Бојата на пивото е накај темно бакарна до костен и на прв поглед имаш големи очекувања во пивото. Филтрирано е и средно газирано. Има убав мирис свеж и на карамел.

Од почеток до крај доминираат карамелниот вкус и вкусот на слад. Првата голтка е доста свежа, мека вода, идеално газирано се сеќава но не е претерано, до некаде и малце се сеќава и алкохолот ама не делува ич негативно. Интензивен вкус, хмељот едино на средина малце доаѓа до израз иначе го нема како вкус. Во средината има доминантни вкусови на леб и жито и печени ароми, му дава тежина. Вкусот долго време се држи во уста. Покрај тежината што ја има пивото би очекувал тешко да тече но напротив: апсолутно никаков отпор не дава и си тече голтка по голтка без проблем уште не отворено веќе го снема. Плаче за следно.

Одлично пиво со силен карактер и одма препознатливо. Класично фанконско пиво. Верувам дека овакво свежо точено во камена кригла покрај свинска скара може да доведе до перфектна симбиоза.

Франконска пивара но пивото е доста популарно во пиварски кругови па во добро сортирани маркети може да се најде низ цела јужна Германија.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Добро си е Лашко темно :D сега не е гинис стаут ама што знам, мене ми прави мерак, често си го полнам фрижидерот тука.

Исто во последно време од темни навлечена сум на OHara's и Fullers Black Cab & Cream stout, ги пробав во Порта во Скопје, ги има таму, за други места во Скопје не знам.

Од светлите мислам дека пола производство на Paulaner го испив месецов, Munchner Gold поготово. Ајде да си бегам од темава, апстинирам зошто имам за учење и мислам дека нема да издржам хахахахаа
Лашко веќе некое време не прави темно, вероватно пиете останоци :)

Моментално ништо од лагериве не пијам, доста добри има Бевог тие што се Сло/Аустрија може да ги пробаат :)

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.570
Вечерва го пробав убедливо најгрдото пиво досега, не знам дали се има погодено оваа лименка, али афтертејстот му беше како на прегорена гума, го зедов од Стокомак.
n.1 beer.jpg
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Не сакам да хејтам, Хајнекен е ок пиво онака во секоје време можеш да го пиеш ама е добар пример како маркетингот може да му направи таков имиџ што можат да го продадат со највисока цена која не е оправдана.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Не сакам да хејтам, Хајнекен е ок пиво онака во секоје време можеш да го пиеш ама е добар пример како маркетингот може да му направи таков имиџ што можат да го продадат со највисока цена која не е оправдана.
Е јбг, сексот и маркетингот продаваат тоа е капитализацијата. Иако ОК пиво малце да се поднапиеш глава кине другиот ден и скоро скроз го имам скокнато како опција.
Во паб порта видов O'Hara пивата многу луда цена им држат, за наш стандард не ќе да е нешто згодно, посебно што барем 80% кај нас се научени на лагер или пилснер.

Некој ги има пробано? Оправдана им е цената или?
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.944
Поени од реакции
5.140
Некој има го има пробано Modelo Beer дали е добро,сакам да го пробам но неможам да го најдам,дали го има негде кај нас?
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
Е јбг, сексот и маркетингот продаваат тоа е капитализацијата. Иако ОК пиво малце да се поднапиеш глава кине другиот ден и скоро скроз го имам скокнато како опција.
Во паб порта видов O'Hara пивата многу луда цена им држат, за наш стандард не ќе да е нешто згодно, посебно што барем 80% кај нас се научени на лагер или пилснер.

Некој ги има пробано? Оправдана им е цената или?
Да, вредат и многу се трошат. А и не се така скапи како во други локали во Скопје. Се сеќавам пред 2 години во Мр. Џек платив 410 денари за O'Haras 51. Во порта мислам дека е 200 денари флаширано, 150 денари точено. Инаку кој нема пробано, му го препоачувам O'Haras Double Hop.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Е јбг, сексот и маркетингот продаваат тоа е капитализацијата. Иако ОК пиво малце да се поднапиеш глава кине другиот ден и скоро скроз го имам скокнато како опција.
Во паб порта видов O'Hara пивата многу луда цена им држат, за наш стандард не ќе да е нешто згодно, посебно што барем 80% кај нас се научени на лагер или пилснер.

Некој ги има пробано? Оправдана им е цената или?
И газдата не ги зема баш евтино, ниска маржа има.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom