Очигледно е дека Бугариве тука, си ги читаат нивните книги по историја од основно и средно училиште, и си ги редат мислите како што сакаат.
А ние, Македонците се трудиме да ги побиеме мислите и глупостите во учебниците на Бугариве.
Сепак на крај, ни ние ќе ги побиеме мислите, ни Бугарите ќе не убедат дека мозоците ни се исперени од Србите.
Ајт са да погледнеме малце објективно на животот на нашиов јунак, кој Македонија си го слави.
Роден во Кукуш, Не е Грк. Учел основно образование во Училиште на Егзархијата. Гимназија во училиште на Егзархијата. Во Солун, учел во Егзархиската Машка Гимназија. Завршил таму, не знам каков успех (а не е и важно). Во Солун има пристап до голема библиотека, потоа меѓународно пристаниште, доаѓа до допир со западните култури, доира до чувството на припадност. Почнува да чита литература, (забранета секако). Потоа оди во Софија, (да, пак во бугарско училиште) и учи за БУГАРСКИ офицер. Го избркуваат, бидејќи се заканувал на бугарскиот министер за одбрана. (Имало информации дека, сите македонски бугари нема да бидат произведени во офицери поради лична наредба од тогашниот бугарски премиер Стамболов, кој бил "скинат" во 1896 од едни палави и луди Македонци. (истите тие сакале да се ослободат и од Фердинанд).
Доаѓа во Македонија, станува учител, на Бугарската егзархија. Се зачленува во ТМРО, Тморо, ВМРО, Вморо, не е важна кратенката, и работи исклучиво во организирање на ВОЕНИОТ сектор. На крај краеви, тоа и му била специјалноста. Интересно е тоа, што иако бил школуван во овие бугарски училишта, некако не се вклопувал во системот. (Ова бугариве се трудат да го скирјат по секоја цена) Факт е дека е бил пролематичен човек, како за Турците, така и за нашиве браќа Бугари. Не знам до колкав степен му било развиено националното чувство, (дека е Македонец), но сум 100% сигурен дека не сакал да живее во една држава со Бугарите. (Тоа се потврдува со фактот дека Бугарите го нарекуваат сепаратист и анархист).
Интересен е и Податокот дека во официјалната книга на посети на Бугарскиот цар, никаде го нема името на Гоце Делчев. (Ги има иминњата на сите останати членови на ЦК на ТМРО/ВМРО)
Не знам каде, (ќе побарам ако треба) близок човек на Гоце изјавил " На еден или друг начин, кој преку прозорец, кој преку баџа, сите завршувавме во палатата на кралот, освен еден човек кој никогаш не ја наведна главата пред таа сила. Тој човек беше Гоце Делчев."
Како и да е, колку и да пишувам тука, не можам да ги доловам мислите, делата, идеите на овој човек. Факт е дека оставил трага зад себе. Дали добра или лоша, не сум јас кој треба да суди. Треба да кажат сите тие, поради кои Гоце, и сите останати ги положиле своите животи.:star: