Следната сезона факт е дека ќе биде ужас и треба да се радуваме ако стигнеме до 8мина финале. На долгорочен план имаме 2 опции.
1. Следната сезона клубот финансиски ќе се стабилизира и конечно ќе имаме достојни имиња, а не Талески и Жути. Па за 2 години ќе се вратиме во ритам.
2. Следната сезона ќе биде соочување со реалноста дека нема веќе силен Вардар и ќе не напуштат и Дибиров, Чупиќ, Калараш, Диско. Со тоа ќе се вратиме на она што се навикнавме до 2013 година да го гледаме.
Победи против Магдебург и Динамо ќе ни бидат премија.
А, ми изгледа некако дека сценариото под број 2 е пореално. Се надевам дека грешам...