Фан клуб - РК Вардар

Како прво Бидасоа имаат некој стил на игра кај шо ретко и добиваат утакмици со голема разлика затоа шо фокус им е одбраната нешо како Метлург шо играше порано а и не сјаеа оваа сезона покрај тоа ги гледав двете со Барса добро се држеа во првенството,тоа дека прошетале во група не би рекол а се виде кога се сопнаа во плејофот со Плоцк значи силата им е таа среден клуб на ниво на Целје,Загреб,Плоцк,Алборг,Мешков, Мотор итн. Е сеа идеме до она Еурофарм зашо ги тепал прво скоро па небитна утакмица за нив и скоро цел месец имаа на 3-4 дена утакмица екипа со таков ростер ке пукне скоро па сигурно а тоа шо Еурофарм така заврши во ЛШ не е затоа шо беше слаб туку тоа шо токму овој сегашен тренер на Вардар ја усра работата и со секој друг посаглам тренер ке имаа многу поголем успех поради тоа мислам дека Вардар ке се заебе гадно ако го остават него за главен тренер.
Како и да е низ таа лига има многу добри играчи овие шо ги спомнавме погоре Салинас,Симоне се едни од најценетите во тоа првенство Вардар мора фокус да стави на тој пазар ако сака квалитетно да се засили за мали пари во моментов и далеку подобро би било вакви да донесат отколку овие наши таленти шо немаат појма и на 26 се таленти и чекаме да созреат
 
На Devisión de Plata најверојатно мислиш?!

Секако дека на Асобал мислам.

Освен Бидасоа, Адемар и Ла Риоха другото е на ниво на Тинекс Пролет и Радовиш.

Не значи тоа дека не може да се ископа некој играч од тамо, ама квалитетот на лигата е ужасен во споредба со Бундес, Лига1 па и скандинавските се можда во целост поквалитетни...
 
и далеку подобро би било вакви да донесат отколку овие наши таленти шо немаат појма и на 26 се таленти и чекаме да созреат
златни зборови пријателе,златни.
Секако дека на Асобал мислам.

Освен Бидасоа, Адемар и Ла Риоха другото е на ниво на Тинекс Пролет и Радовиш
Ок,не ја следам АСОБАЛ од блиску,неможам да спорам за нешто во кое не сум уверен. Но сепак.
Многу ми е нелогично. Ги имаат најдобрите тренери,и најдобрата репрезентација.Како?
 
Буџетите на најскапанине во Германија и Франција е ист со оној на Адемар,Бидсоа и Ла Риоха од финансиска гледна точка тоа се играчи кои Вардар со оној скратен буџет полесно би ги привлекол а би добил некој квалитет.
На пример овој Пелко лани го доведоа од втора лига Австрија а таму првана е очобол а не вторана којзнајт каква е али ликов за то од кај дојде се покажа солиден играч,нормално Балканци се добар избор стално поради то шо полесно ке се уклопат поради истиот начин на живот.Битно е тимов да го градат врз некаков концепт а не само да пополнуваат
 
Во ракометот нема скаутинг како во фудбалот,ни приближно до тоа.
Главно трансферите се вршат преку некој играч,поголемиот дел од играчите воопшто немаат менаџери.
Во голем дел од "послабите" лиги има одлични играчи само нема кој да ги открие или поголемите клубови несакаат да ризикуваат и да носат недокажани играчи.
Чист пример е Милосављев пред да дојде во Вардар имаше брането само во Србска лига,ни репрезентација ни ништо,дури и на младиски првенства беше втор голман позади Цупара,дојде во Вардар по препорака на Периќ и сите знаеме како бранеше.
Да не беше Периќ којзнае каде ќе беше сега Милосављев,можеби најголем успех ќе му беше играње во домашно првенство.

Треба да се следат доста послабите лиги и да се носат играчи од таму,ако добро се одберат сигурен сум дека можеме да останеме на високо ниво и во иднина.
 
Грешиш. Конкретно за Милосављев не е точно дека никој не знаел за него и дека Перич го донесол во Вардар (можеби дал само мислење). За Милосављев се знаеше уште некаде 2016 година додека беше во Југович Кач, околу него се вртеа неколку менаџери, откако замина во Партизан имаше менаџер (повеќе не е со ист али небитно).

А за АСОБАЛ дека е на ниво со Македонска Суперлига, можам да кажам само дека да дојди екипа како Пуерто Сагунто, Кањас, Синфин.... ќе ги млати по 10 разлика сите во регуларен дел, па видете колку е исто ниво :)
 
„Кокшаров нема да биде спортски директор на Вардар. Засега не размислувам за неговата замена, најважно е да ги решиме проблематичните позиции и секако да ги завршам преговорите со дел од спонзорите. Но, она што е сигурно дека на местото на спортски директор ќе застане личност која е долго време во овој спорт, има многу придонесено и која има одлични организаториски способности“, ни изјави Михајловски.
 
Но, вистината е следна, Пабло Симоне, влегува во групата на ракометари кои биле понудени, не побарани од страна на Вардар. И покрај спектакуларните најави аргентинскиот ас нема да го видиме во Скопје.
„Овие денови на големо се пишуваше за овој ракометар. Симоне не е во плановите на Вардар, неговиот менаџер го нудеше, одлуката ја донесе Алушовски“, изјави за СПОРТМЕДИА, Михаjловски.
Тој не крие дека веќе имале средба со Гоце Георгивски, кој е на листата на желби и на Металург.
„Точно е, имавме средба со Георгиевски, но немаме уште одговор, је чекаме неговата одлука“.
 
Но, вистината е следна, Пабло Симоне, влегува во групата на ракометари кои биле понудени, не побарани од страна на Вардар. И покрај спектакуларните најави аргентинскиот ас нема да го видиме во Скопје.

Тој не крие дека веќе имале средба со Гоце Георгивски, кој е на листата на желби и на Металург.
Е не ми се верува!
Автоматски споено мислење:

„Кокшаров нема да биде спортски директор на Вардар. Засега не размислувам за неговата замена, најважно е да ги решиме проблематичните позиции и секако да ги завршам преговорите со дел од спонзорите. Но, она што е сигурно дека на местото на спортски директор ќе застане личност која е долго време во овој спорт, има многу придонесено и која има одлични организаториски способности“, ни изјави Михајловски.
Многу јасно.Ќе беше чудо да останеше.
 
Јавно ги повлекувам зборовите дека на Аљуш треба да му се даде поддршка.
И им се извинувам на членовите кој тврдеа дека Вујо би бил подобро решение од Аљуш!
 
Сега уште среден и десен бек.
 
Attachments

  • CD2AAE98-A03D-4634-8F79-57544B113872.png
    CD2AAE98-A03D-4634-8F79-57544B113872.png
    1,2 MB · Прегледи: 49

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom