Коронавирус (COVID-19)

Член од
5 март 2018
Мислења
16.746
Поени од реакции
19.050
Шо ентузијазам кај кафанџииве. Првиве месец дена дур не исчистат тоа шо им го лазеа бубашваби 2 месеци и дур не распродадат тоа стари залихи ич не им влегуем.
Не знам за другите ама одредени локали во Битола цело време ги одржуваа објектите, чистеа вработените цело време.
Сега поминав од Епинал внатре со машини чистеа,дезинфицираа Бог знае шо правеа. :)
Рано е премногу за да отворат сега рестораните и кафулињата, прво треба да се направат тие масовни скрининзи па потоа да се размислува за отворање.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.747
Поени од реакции
9.505
Бројот на заразени не се намали кај нас туку бројот на тестови ја даде таа лажна слика.
Направија повеќе тестови и одма скокна бројката.
Во секоја нормална држава кога ќе почнат со намалување на мерките ги зголемуваат тестирањата и врз база на тоа носат нови мерки,кај нас обратно, намалија со тестови и ги олабавија мерките.
Па уште кафаните да ги отвореле другата недела :popce:
Целосно го делам мислењето.

Потребата од брзи избори кај актуелната власт направи обид за да се фингира со бројот на заразени (преку намален број на тестови) и да се нашминка “добрата“ состојба со цел да се забрза враќањето во нормала, иако реалноста вика дека баш овој период треба да се биде многу повеќе претпазлив од постоење на скриени кластери пред се од асимптоматски носители...Издржавме вака 2 месеци, мислам дека уште максимум 1 месец со зголемена претпазливост нема да му штети на никого. Знам дека преку глава им дојде на сите, ама подобро целосно да сме сигурни дека сме победиле со пандемијава отколку да ризикуваме нејзино брзо враќање со можеби поинаков епилог. И за економијата ќе биде подобро да има 6 чисти месеци за работа во наредниот период, отколку брзање сега 1 месец (или некоја недела порано) со ризик за добар дел од наредните 6 месеци да ги снајде истото што беше претходниот период.
Капак на тоа и ако се случат избори во Јуни/Јули...

Се надевам дека ќе надвладее разумот кај политичкава елита кај нас од желбата за брзи избори (иако таа желба пак ќе кажам ја гледам само кај актуелната власт) и нема да го следат примерот од соседна Србија каде што исто и на Вучиќ му се брза со избори па пушти угостителски објекти, теретани и тн. да работаат како ништо да не било до вчера, а до пред некој ден имаа високо ограничување за движење.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.613
Поени од реакции
7.743
1588861936591.png

Толку беше со падот на кривата...

10% од испитаните се позитивни, ваков процент не сме имале 3 недели.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.291
Поени од реакции
15.438
и дур не распродадат тоа стари залихи ич не им влегуем.
Starite zalihi nema da se frlaat...tie se nameneti na prvite ,,šitkači na moda,, koi na FB i Instagram ke se falat kako prvi bile po restorani i kafići

Tie ke gi jadat bubašvabite i polurasipanoto meso, i plus za toa ke platat i ke se falat po interneti
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.135
Поени од реакции
34.644
Не е вирусот посмртоносен од обичниот грип поради тоа што голем дел од заразените немаат никакви симптоми, а го пренесуваат, туку поради начинот на кој делува.
Смртноста процентуално нема да му се покачи ако се прекинат мерките за изолација и се заразат повеќе луѓе. Пак ќе гинат 4-5%. Само ќе гинат повеќе (освен ако не се надмине болничкиот капацитет и/или не влијаат други фактори поврзани со начинот на кој луѓе се справуваат со вирусот, па тогаш рипне смртноста повеќе од х10).
Ако имаш 1000 заразени, ќе умрат 50.
Ако имаш 10000 заразени, ќе умрат 500.
OK, не кажа нешто многу различно од тоа што го кажав јас - само имаш пар моменти кои ти се спорни и те носат до различен заклучок: „Смртноста процентуално нема да му се покачи ако се прекинат мерките за изолација и се заразат повеќе луѓе“... Тоа не е точно затоа што повеќе од веројатно ќе се исполни тоа што самиот го кажуваш: „освен ако не се надмине болничкиот капацитет и/или не влијаат други фактори поврзани со начинот на кој луѓе се справуваат со вирусот, па тогаш рипне смртноста повеќе од х10“.

Прекинување на мерките за изолација значи зголемен број на заразени. Зголемен број на заразени секако ќе значи и зголемен број на болни со потреба од медицински третман, многу од нив со потреба од интензивна нега. Во такво сценарио болничките капацитети секако ќе се пополнат и нема да има место за сите пациенти. Како што сам кажуваш, смртноста ќе се покачи неколкукратно... Ова не е сценарио кое сакаме да го видиме, но како што се развиваат работите веројатно ни претстои во релативно блиска иднина.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Да. Генерално, смртноста е апроксимативно меѓу 3-5%. Со тоа ги зимаат и тие што се асимптоматични, ризични категории што имаат голема смртност и сите други. Ако почне да се дели листата на различни категории, се менува процентот. Млади здрави луѓе имаат многу мал процент, стари луѓе голем процент итн. Сепак, точно е и тоа дека многу асимптоматични случаи не се регистрирани и смртноста е можеби помала. Сликите подолу се некои понови статистики што ги најдов.

Впрочем, според некои претпоставки, смртноста од COVID-19 е поголема од таа на сезонскиот грип поради тоа што е нов и човечкиот организам не е опремен, а ниту здравството. Кога ќе се подобрат методите за третирање, луѓето ќе станат имуни на една или повеќе сезонски варијации и др., смртноста ќе опадне после година-две (или колку и време да е потребно) и можно е да стане апроксимативно слична со таа од сезонскиот грип (имаат доволно сличен патофизиолошки и механистички модел). Сѐ уште нема доволно информации како и да е, али според тоа што го знам од медицината, очекувам трендот на смртни случаи да опадне за една-две години, иако можеби грешам.
Можеби смртноста ќе излези на крај 0.25% како што вели @Human, ама реално таа ќе зависи од регион до регион, од држава до држава, некаде ќе биди 0.05% некаде 0.7%.

Но, тоа што го пишував претходно, корона има скриена статистика.

постар, маж, срце, дијабет, притисок, дебел, крвна група а негатив

Така да ова ќе ти дојди како спортска да уплаќаш, коефициентот нагло расти, и колку повеќе имаш од овие категорииве, смртноста може да дојде 10%, 20%, па дури и 30% за одредени луѓе.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Британија фрли 400.000 заштитни хируршки облеки од Труција. Сите до еден биле неупотребливи.

Ко набије тај добије, е во моментов. Тони и тони неисправна здравствена опрема од тестови, заштитна опрема, до респиратори.

Јебига, битно Британија има појако вооружување од Германија.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
На МТВ пуштале инструкции како да се фрла бидермаер во време на корона :D :D Мада со оглед на тоа што се прашуваше дали може да се реновира...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Абе види, пола од луѓето шо ги знам прават трипл-дабл на скалава. :cautious:
Возраста има најголема улога, после е полот затоа што 70% од умрените се мажи, другите категории натаму намалува коефициентот, крвната група А негатив има најмала улога.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Возраста има најголема улога, после е полот затоа што 70% од умрените се мажи, другите категории натаму намалува коефициентот, крвната група А негатив има најмала улога.
старци, само болеста ги сака. И со грипот исти или скоро исти групи се проблематични.
Автоматски споено мислење:

Инаку пошто немам друга работа додека сум затворен, ми излезе ваков графикон. Трендот на нови случаи отприлика се поклопува со бројот на тестови.

Trend_Virus.jpg

Кога ќе снема тестови, ќе нема ни случаи.
 
Последно уредено:
M

Macedon1um

Гостин
На МТВ пуштале инструкции како да се фрла бидермаер во време на корона :D :D Мада со оглед на тоа што се прашуваше дали може да се реновира...
Не сум сигурен на која ТВ беше ама доле идеше натпис: угостителите со предлог, на свадба бидермаерот наместо да се фрла - да се избира на лотарија :lolzz:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom