Гитара (почетник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
Eftini.....do kaj 1500-1600-700

Во АртистСистемс имаш голем избор друже, од 1400 денари па нагоре. Еве ѕирни ги линковиве :

http://artist.com.mk/mex/artikal.php?glavna_kat=19&kat=102&pod_kat=125&art=7194&imea=Kaces_KA-1

http://artist.com.mk/mex/artikal.php?glavna_kat=19&kat=102&pod_kat=125&art=9095&imea=Peavey_Deluxe_Acoustic_Guitar_Gig_Bag

Јас би ја избрал втората од 1700ден., сигурен сум дека е поквалитетна.

Поздрав :)
 
Предложете некое ефтино појачало за електрична гитара за домашна употреба.
 
Дечки планирам да тепам досада за време на коронава па се одлучив да се обидам да поднаучам да свирам гитара.

Гледав по продавнициве за инструменти што како има, ама како аматер џабе гледам, па да ве прашам вас поискусните за совет за избор на евтина гитара за почетник. Што би ми препорачале?

http://mimimuzika.com.mk/index.php/...itari/gewa-classical-guitars.html?layout=blog

Здраво на сите! Одлучив да си купам акустична гитара инаку почетник сум никој пат немам свирено, па му треба вашата помош при изборот. Што мислите за овие гитари?
 
Attachments

  • Screenshot_20200402-223304.jpg
    Screenshot_20200402-223304.jpg
    348,3 KB · Прегледи: 21
  • Screenshot_20200402-223424.jpg
    Screenshot_20200402-223424.jpg
    363,3 KB · Прегледи: 19
@RMCF_Vide @Anagals

Доколку воопшто немате досега фатено гитара во животот тогаш гледајте да си поминете поевтино. Не знаете колку ќе ве бива, колку ќе успеете да научите и колку воопшто ќе останете заинтересирани. Сигурно нема да настапувате пред публика со неа, така да не игра никаква улога квалитетот и карактеристиките на гитарата што ќе ја земете. Единствено, гледајте да не земете со пластични жици затоа што нема никаква логика да свирите со такви и ќе треба дополнително да давате 500-че за нови метални.
 
Бегајте од вакви "нови гитари" за ефтини пари, тежок чкарт кинески се, ни на кобилица ни на врат не се подесени, интонациски се неточни, не ни можат да се преорават, поарно за тие пари половна,.
 
@RMCF_Vide @Anagals

Доколку воопшто немате досега фатено гитара во животот тогаш гледајте да си поминете поевтино. Не знаете колку ќе ве бива, колку ќе успеете да научите и колку воопшто ќе останете заинтересирани. Сигурно нема да настапувате пред публика со неа, така да не игра никаква улога квалитетот и карактеристиките на гитарата што ќе ја земете. Единствено, гледајте да не земете со пластични жици затоа што нема никаква логика да свирите со такви и ќе треба дополнително да давате 500-че за нови метални.
Зашо да не зема со платични жици? Ја така учев кај професор што одев на часови, не гледам нешо што би бил проблем тука.

Инаку за тие што енос ке учат да свират би и препорачал од овие класичните как да ги кажам шо се со поширок врат, од кога ке совладиш на таква акордите, мноогу полесно е за понатаму. Инаку секоја гитара си има свој звук, нема веза дали е скапа или ефтина, може ефтина да биде а да се погоди со одлучен звук итн итн.

П.С.- Дефинитивно со металните жици ке имате повеќе проблеми или благи болки на прстите што ке се појават во текот на свирење.
 
А online курсеви да препорачате за луѓето што сакаат да почнат да свират гитара почнувајќи од нула? Не мора да бидат без пари.
 
Зашо да не зема со платични жици? Ја така учев кај професор што одев на часови, не гледам нешо што би бил проблем тука.

П.С.- Дефинитивно со металните жици ке имате повеќе проблеми или благи болки на прстите што ке се појават во текот на свирење.
Е баш заради твојот П.С. дел. Ако веќе се зафаќаш со нешто зафати се озбилно како што треба. Утре кога (ако) ќе преминат на нормална гитара ќе им биде многу потешко и ќе немаат доволно јака кожа на прстите. Сега да, нормално, не е тоа којзнае колкава штета, ама сепак :)
 
Како ви изгледа гитарава? Користена ама за почетник добро ќе дојде. Штимачкиве горе (на врвот) некако чуддно ми изгледаат или јас не се разбирам па затоа ми е чудно.
 
Attachments

  • IMG_20200403_193717.jpg
    IMG_20200403_193717.jpg
    252,7 KB · Прегледи: 24
  • IMG_20200403_193706.jpg
    IMG_20200403_193706.jpg
    312,3 KB · Прегледи: 25
  • IMG_20200403_193657.jpg
    IMG_20200403_193657.jpg
    215,7 KB · Прегледи: 22
Да препорачате некоја акустична гитара до 7/8000ден? Не сум почетник, но немам свирено 3 години, решив да се посветам повеќе...
Гледам некои модели како Fender, Squier, Tanglewood, Jay Turser, Peavey и Washburn која е малку поскапа.. Препораки за некои од овие модели што се посолидни за таа цена?
 
Па Squier ти е од Fender ....Земај ....
Автоматски споено мислење:

Да препорачате некоја акустична гитара до 7/8000ден? Не сум почетник, но немам свирено 3 години, решив да се посветам повеќе...
Гледам некои модели како Fender, Squier, Tanglewood, Jay Turser, Peavey и Washburn која е малку поскапа.. Препораки за некои од овие модели што се посолидни за таа цена?
Колку пари толку музика.. Не можиш да бараш некој wow квалитет за тие пари.. Моја препорака ти е Fender FA-125 ја има во мими музика.. ипак најубаво е да одиш и да си пробаш во продавница шо најубаво ти лежи во рака
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom