Коронавирус (COVID-19)

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
993
Поени од реакции
1.671
Ти кажав пример другар мој дека од 4 направени PCR теста - 2 се позитивни, 2 негативни, наизменично. Додека дочека 2 негативни, ќе поминат 2 месеци.
Какви симптоми имаше другарот освен отежнато дишење и темп? У која смисла отежнато дишење - кашлање буфтање или недостаток на воздух?

Кај мене 2јца другари имаа болки во гради и грб, и сува кашлица, проследени со менување на состојбата дневно до 10 ина пати. У смисла сабајле си океј после наеднаш те кутка се осеќаш ко гомно, па пак си колку - толку океј, па кашлаш умираш и така 10тина дена.

Исто така последниов што се излезе заразен пред 5-6 дена рече дека вчера му било најлошото односно спомна дека ако продолжело срцето да му работи така како што му работело наведениот период дека најверојатно ќе скинел. Да не се чудите дека луѓево што умираат од срце дека не е предизвикано од корона. Телото само си знае како работи на испод 88 сатурација.

Еден од познаниците почина вчера на 58 год.

Автоматски споено мислење:

Инаку за враќање на стариот живот , кафиња кафани ресторани може да сонувате, нели ако не сакате да сте во на Вело статистиката. Секој ќе мора да се пази и да биде сам на себе одговорен. Така да маски се a must се до пронаоѓање на вакцината.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.382
Поени од реакции
18.525
Ја би додал и еден друг аспект на кој ми текнува читајќи го ова. Еве да речеме дека вирусот и не е толку опасен за поголем дел од населението, но факт е дека е лесно пренослив и фатален за специфична категорија на население. Но оптоварувањето и ангажирањето на целиот здравствен апарат- лекари, сестри, опрема, клиники, возила и финансии го доведува во прашање третирањето на сите останати здравествени проблеми, се одлагаат прегледи, операции, самото одење во болница станува ризик.

А од друга страна, овие мерки што се на сила сега, ако потраат, макар и до мај, ќе нанесат такви социо-економски штети чии последици со години ќе ги осеќаме, меѓу два огна сме, не е возможно да се каже дека има само една правилна стратегија или вистинско решение.
Останатите здравствени проблеми веќе се доведени до прашање, ете имаше на темава луѓе што им одлагаат прегледи што ги чекале по неколку месеци.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Какви симптоми имаше другарот освен отежнато дишење и темп? У која смисла отежнато дишење - кашлање буфтање или недостаток на воздух?

Кај мене 2јца другари имаа болки во гради и грб, и сува кашлица, проследени со менување на состојбата дневно до 10 ина пати. У смисла сабајле си океј после наеднаш те кутка се осеќаш ко гомно, па пак си колку - толку океј, па кашлаш умираш и така 10тина дена.

Еден од познаниците почина вчера на 58 год.
Автоматски споено мислење:

Инаку за враќање на стариот живот , кафиња кафани ресторани може да сонувате, нели ако не сакате да сте во на Вело статистиката. Секој ќе мора да се пази и да биде сам на себе одговорен. Така да маски се a must се до пронаоѓање на вакцината.
Пишав погоре, температура до 38 и отежнато дишење (ептен отежнато), од 10-11 март до крај на март негде.
Крајот на март го тестираа, негативен, прва недела од април го тестираат, позитивен (април веќе никакви симптоми нема), втора недела на април пак негативен, сеа чека петти тест резултати.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Епа сеа ако треска глупости Марковски и ја трескам. Он кажува дека после позитивен PCR, после со серолошки требало да ги следат, ако на серолошки си развил антитела - а во меѓувреме ти се изгубиле сите симптоми веќе недела дена, толку е.
Ти кажав пример другар мој дека од 4 направени PCR теста - 2 се позитивни, 2 негативни, наизменично. Додека дочека 2 негативни, ќе поминат 2 месеци.
Предолги се овие процедури со ПЦР, а ќе те даваат "лажно" позитивен предолг период - зашо фаќале некои минијатурни секвенци.
Абе види, никој во свет не го користи пристапот на Марковски. Или е он најпаметен или знаат нешто друго епидемиолозите.

PCR тестовите не се со 100% точност, башка што се јавуваат човечки грешки при земање брис,ракување и складирање со материјалите. Во секој случај поверодостојни се од серолошки тестови. Ќе си поседи другар ти дома дур да заврши протоколот.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.382
Поени од реакции
18.525
Е сега за респираторите исто така кажа еден интересен податок, дека пациентите ставени на респиратор од 23 само 4 преживуваат, додека оние студии каде што пациентите биле оставени организмот сам да ги се избори смртноста е многу помала, па врз основа на тоа кажа дека респираторите за него не се секогаш решение, да само за најкритичните случаи, додека за ставот на Шведска дека над 80 години нема да се приклучуваат на респиратори истакна дека е исправен и така треба секаде да е, бидејќи ретко кој пациент постар од 80 години може да го преживее респираторот, однос рефлексивно да се врати на природно дишење.
Мислам дека лишо го имате сватено респираторите. Ко што видов на клиповите на нив се ставени луѓе што ако ги исклучиш ќе умрат веднаш, нема тука простор за никакво борење. Така да аргументот на Вело некако не држи вода.
Инаку бројката на умрени на респиратор што ја кажа филипче, 97 посто некако ја праи небитна целата фама окулу нив.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.594
Поени од реакции
22.323
Германиja има капацитети да тестира многу. Буквално секи со температура или проблеми со грло се тестира. Така да - многу откриени со леки симптоми покачува броjките на заразените и како процент намалува броjката на умрелите. Германиja има и како цело наjмногу интензивни кревети на глава на жител во Европа. Само за пример на 100К население во Италиja имаш 318 итни кревета, во Германиja имаш 800 кревета. Во таа состоjба веке са почти дуплирани, дуплирана е апаратурата и привлечен уште кадар. Како цело немскиот здравен систем е генерално добар и има големи капацитети и на медикаменти и на вентилатори и струка, институти и на се.
Германците са дисциплинирана нациja, кметовите не канат на по чаша црвено вино, кога владата вели дека ке има карантин (пример Италиja).
Не баш. Тестираат и тука само ако си со симптоми или ако имаше контакт со некој со вирусот или ако си дојден од ризична земја иако тие намалуваат. Тестираат многу ама далеку од сите како што чув и од луѓе што ги знам што имаат пример блага температура ама не биле на тестирање.
Автоматски споено мислење:

Шведска одбива да тестира очигледно заболени па и луѓе кои умираат. Тотално нереални бројки од таму. Си тестираат како што им пасува во стратегијата.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.382
Поени од реакции
18.525
Инаку за враќање на стариот живот , кафиња кафани ресторани може да сонувате, нели ако не сакате да сте во на Вело статистиката. Секој ќе мора да се пази и да биде сам на себе одговорен. Така да маски се a must се до пронаоѓање на вакцината.
А кон што мислиш дека ќе бидат насочени тргањата на рестрикциите? Настани со голем број луѓе веројатно нема да има подолг период, меѓутоа рестораните и кафичите би требало да ги отворат преку летото. Кога се мисли на отварањето на економијата не се мисли на некоја фабрика само, потребно е луѓето да излезат и да трошат пари.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.594
Поени од реакции
22.323
Уште тест не е најден ко што треба, не лек ќе најделе.
Другар на 13.03 март беше позитивен, на 03.04 после 20 дена изолација му дадоа резултати од вториот тест негативен. Нормално за да те пуштат од изолација треба два негативни да имаш, на 06.04 пак му даваат резултати - трет тест позитивен, на 13.04 добива резултати од четвртиот тест - негативен.
Денес (14.04) пак по петти пат го тестираа, со надеж дека конечно ќе сврзе два негативни и да го пуштат.
Симптоми веќе 15-16 дена нема буквално никакви, до крајот на март имаше до 38 температура со отежнато дишење, од април наваму ништо апсолутно.
Убаво им кажа Вело Марковски, pcr - тестовиве што ги спроведува министерствово може да фаќаат определена секвенца и да покажува позитивен тестот до 6,7 недели - а ти фактички имаш антитела си се изборил со вирусот и не го пренесуваш. Ради тоа рапид тестовиве ко у Систина мора да се комбинираат со пцр, ако чекаш на тестови од министерство месец и пол ќе те затворат дома додека добиеш два негативни (а пола од времето си здрав).
Тестот покажува само поголема количина вирус ако имаш. Ако си при крај и бројот се намалува може негативно да покаже а го имаш уште. Ваљда не можеш да го пренесеш поќе ама не си чист. Затоа потоа може пак позитивно да покаже. Тоа е случај кај Кореанците за кои викаат дека се вторпат заболени а тие всушност уште го носеле вирусот но во многу мали количини.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Абе види, никој во свет не го користи пристапот на Марковски. Или е он најпаметен или знаат нешто друго епидемиолозите.

PCR тестовите не се со 100% точност, башка што се јавуваат човечки грешки при земање брис,ракување и складирање со материјалите. Во секој случај поверодостојни се од серолошки тестови. Ќе си поседи другар ти дома дур да заврши протоколот.
Ако мислиш за пристапот само за тестовите, у мн земји се комбинираат едните со другите.
Ако мислиш за пристапот воопшто.. Ако никој не го користи на Марковски пристапот, на Венко и Вучич ли го користат? Со 52718 дневни карантини. Наброј ми 5 нормални европски држави што имаат вакви мерки. Преригорозно е а резултатот е речиси никаков, ќе кркаме последици и од корона, и психички и економски.
Да не развлекуваме, крај ќе нема.
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
993
Поени од реакции
1.671
Да не развлекуваме, крај ќе нема.
Тогаш ја губи смислата моменталниот карантин. Веќе е направена штетата на економски план. Подобро е да се доигра орото отколку сега да ги прекинеме мерките па ем економски последици ем илјадници мртви.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Тестот покажува само поголема количина вирус ако имаш. Ако си при крај и бројот се намалува може негативно да покаже а го имаш уште. Ваљда не можеш да го пренесеш поќе ама не си чист. Затоа потоа може пак позитивно да покаже. Тоа е случај кај Кореанците за кои викаат дека се вторпат заболени а тие всушност уште го носеле вирусот но во многу мали количини.
Тоа го збореше Вело. Дека pcr може пак да те покаже позитивен дека го имаш у мали количини, а си го одлежал, ни го пренесуваш ни симптоми имаш.
Затоа он вика со серолошки ќе се увиди дека се развиени антитела, ќе те остаат уште недела дена да немаш никаков симптом и немаш гајле, ни кон себе ни кон околината.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Ако мислиш за пристапот само за тестовите, у мн земји се комбинираат едните со другите.
Ако мислиш за пристапот воопшто.. Ако никој не го користи на Марковски пристапот, на Венко и Вучич ли го користат? Со 52718 дневни карантини. Наброј ми 5 нормални европски држави што имаат вакви мерки. Преригорозно е а резултатот е речиси никаков, ќе кркаме последици и од корона, и психички и економски.
Да не развлекуваме, крај ќе нема.
Ги користат молекуларните тестови за да видат дали можеш да го шириш вирусот и серолошки да видат дали си стекнал имунитет.
Не знам кои се за тебе нормални европски земји, ама Франција, Италија и Шпанија имат слични мерки. Секој според проценката на ризик.

Да беше резултатот никаков, вирусот ќе беше ја зафатил државичкава за некои сси 3 недели. Немаше да има 1000 случаи, милион и пол ќе беа.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Не знам кои се за тебе нормални европски земји, ама Франција, Италија и Шпанија имат слични мерки. Секој според проценката на ризик.

Да беше резултатот никаков, вирусот ќе беше ја зафатил државичкава за некои сси 3 недели. Немаше да има 1000 случаи, милион и пол ќе беа.
Ако стварно мислиш дека се 1000 случаи на ниво на држава нз шо да ти кажам.
Никој не вика да нема мерки ко затварање на школи, ресторани, хотели итн. Да нема повеќедневно целосно затварање по дома.
Инаку добри држави зема за пример, само шо бројкиве викаат дека не им дале резултат и баш тие се најпогодени од цела Европа.
Ќе те прашам од 4 мај, кога ќе укинеме и полициски час и карантин (со 2000 активни случаи), а истите ги воведовме (на 300 случаи) .
Тогаш ќе сфатиш колку бесмислено изгледале мерките.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Останатите здравствени проблеми веќе се доведени до прашање, ете имаше на темава луѓе што им одлагаат прегледи што ги чекале по неколку месеци.
Па кога ќе ми текне дека во нормални околности за едно снимање глава се чекаше со месеци, а тие месеци може да се клучни, можам да замислам како е сега
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
993
Поени од реакции
1.671



Да ве ебе Вело.


ПС:

Ете зошто имало слики од Кина со пациенти свртени на стомак. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom