Како велешанецот кој пред 4 дена не беше примен на Инфективното оделение во велешката болница, бидејќи му кажале дека нема симптоми на корона вирусот, почина во својот дом, сепак резултатите биле позитивни на Коронавирусот.
Него претходно му бил земен брис за коронавирусот, поточно во вторникот, но во текот на денот неговото здравје нагло се влошило. Семејството со брза помош го однело на инфективното оделение во велешката болница. Медицинскиот персонал одлучил дека нема симптоми на корона вирус и не го примиле на понатамошно лекување во инфективното оделение. Тој во текот на истата вечер, починал во својот дом.
Од велешката болница до вчера не сакаа да дадат никаква изјава, но само кратко изјавија дека се следеле протоколите, и дека според епидемиолошката анкета било утврдено дека починатиот немал никаков контакт со заразено лице со Коронавирусот, и за тоа тие не го хоспитализирале.
Која е оваа логика да не примаш некого оти немал контакт со заразено лице, кога имаш сознанија за преносители кои немаат никакви симптоми ?