Коронавирус (COVID-19)

Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
По цена да бидам досаден, пак да прашам, дали имаме случај на пациент/ка оболени од вирусов при шетња на улица или во природа, па чак и во бус или такси? Ако бројката е нула, а полицискиот час пуштен скоро на најјако, нешто не е во ред.
Па како инаку се заразуваат луѓе, ако не при шетња, во маркет или пак при фаќање на пример ограда, каде што некој искашлал или се свртел зборувајќи? Сигурно не се заразуваат затворени дома пред ТВ.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.511
Поени од реакции
27.327
Го споредуваш воено-конфликтниот Афганистан со денешна РСМ? Каква споредба, па тоа треба да се прочита за да се поверува, нема да ми веруваат луѓе :)
Да, во Афган цивилниот живот се одвива како така, луѓе одат по кафеа, чајџилници, кладилници, јавни настани, свадби и остали срања, имам роџак кој беше наемник во еден од најголемите градови, Кандахар. Едно е да си тамошен, друго е да си дел од окупациските сили, се разликуваат бајаги по изглед :)
Така да, кога ти би бил Паштун, би можел слободно да шеташ низ Афган, па и да се забављаш со дечки наоколу...

Од таа претпазливост онаму каде што нема опасност се испуштија векторите од раце онаму каде требало да се има претпазливост а тоа е све што доаѓа од Италија, од народ до роба, веројатно сите заразени се некако поврзани со Италија, сега имаш случаи низ торбешки села каде имаат дијспора по Италија во секоја куќа.
абе чоек јас те знам тебе за разумен, иако не ни се исти ставовите...ама многу некако неразумно ја буткаш тука работава...

Да беше твојата Југославија, за овој став, не само сега ќе те затвореа, туку и на секоја посета на Тито ќе лежеше со ваков став.... Првентивните мерки се превземаат секогаш кога се соочуваме со непозната закана... Не треба да се докаже нештото па за да се носат мерки...
 
Член од
20 септември 2017
Мислења
920
Поени од реакции
1.347
Пошто ако држи прес на секои 15 минути така ќе се спречи ширењето на вирусот? Кога има важни информации се споделуваат, која е потребата од пресконференции три пати дневно?
Па на почетокот кога беа мали бројките излагаше почесто и цела влада држеа пресови секој ден, сега почнаа по 50+ случаи дневно и преку ФБ се огласуваат, еве не знам.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
 
M

Macedon1um

Гостин
Морам да умрам за да ме тестираат... :yid:
Само прашање на време е кога ќе почнат со пиштоли да одат на лекар да бараат прием
Овој од Велес плукал крв и не го примиле туку му дале терапија и дома :facepalm:

Kocani ke bide kako Kumanovo. Frizer zabolen od virusot shishal nad 200 luge poslednite denovi.
Добро имаат ли грам луѓево, бербер/фризер во ситуацијава да работи е надвор од секоја логика. Јас 2 пати веќе самиот се шишав откако почна ситуацијава
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
758
Само прашање на време е кога ќе почнат со пиштоли да одат на лекар да бараат прием
Овој од Велес плукал крв и не го примиле туку му дале терапија и дома :facepalm:
Можда кога ќе им дадат заштитна опрема на лекарите.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Министеров како што гледам ќе почне да држи прес на два дена, па на пет и потоа ќе исчезне тотално. На фб нека си објавува статуси.
Не ми се верува дека го бранам Филипче како министер ама дај олабајте го човекот, месец дена слободен ден нема земено. А не дека и денес е слободен, само нема потреба секој ден да се губат по саат, саат и пол ако нема ништо ново.
 
M

Macedon1um

Гостин
Можда кога ќе им дадат заштитна опрема на лекарите.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
Ако немаат соодветна опрема нека го кренат гласот, нека викнат телевизија да го кажат тоа јавно или едноставно нека одбијат да работат за да ја префрлат топката во дворот на министерот и владата. А не да заебаваат пациенти што цел живот делеле од плата за тоа здравствено
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.265
Поени од реакции
18.226
Па како инаку се заразуваат луѓе, ако не при шетња, во маркет или пак при фаќање на пример ограда, каде што некој искашлал или се свртел зборувајќи? Сигурно не се заразуваат затворени дома пред ТВ.
Дур се пратеа индивидуалните случаи сите беа поврантници од странство, нивниот потесен круг (фамилија, комшии) и колеги. Сеа глеаме дека најчесто заразените се во болници и во рамките на самата фирма, ретко да има случај да не се знае од кај го фатил.

Да не биде дека терам инает, сигурно дека можеш и надвор да фатиш. Меѓутоа надвор коа сме многу ретко пипкаме ствари како ограда и со нечисти раце да јадеш после. На работа од друга страна колку и да пазиш ќе го допреш бирото или некоја таква глупост. Друг аспект е и затворена просторија, не за џабе викаат да се проветрува. Маркет и големи гужви е сосема друг муабет, меѓутоа дека со прошетка ќе се заразиш е нонсенс за мене.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
Една кратка рекапитулација до денеска.

483 Заболени
17 Починати

3,5% смртност

Македонија има направено 4,506 тестови до вчера или 2,169 тестови на милион жители. Тоа е повеќе од сите балкански држави, освен Словенија. Така да нашава статистика е прилично реална.

Еве како стојме во некој поширок регион, со тестови на милион жители:

Словенија 12,946
Македонија 2,169
Хрватска 2,049
Унгарија 1,988
Полска 1,899
Романија 1,860
Турција 1,704
Црна Гора 1,632
Грција 1,482
Босна 1,407
Косово 958
Албанија 785
Србија 719
Бугарија нема податоци

 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Само прашање на време е кога ќе почнат со пиштоли да одат на лекар да бараат прием
Овој од Велес плукал крв и не го примиле туку му дале терапија и дома :facepalm:



Добро имаат ли грам луѓево, бербер/фризер во ситуацијава да работи е надвор од секоја логика. Јас 2 пати веќе самиот се шишав откако почна ситуацијава
Kruzat muabeti deka naplakal 20 evra na stranci/luge so rabotat po stranstvo. Vo cetvrtoko go otkrija nego, prv slucaj vo Kocani. Denes veke 6 novi, vkupno 7 so nego.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.511
Поени од реакции
27.327
Дур се пратеа индивидуалните случаи сите беа поврантници од странство, нивниот потесен круг (фамилија, комшии) и колеги. Сеа глеаме дека најчесто заразените се во болници и во рамките на самата фирма, ретко да има случај да не се знае од кај го фатил.

Да не биде дека терам инает, сигурно дека можеш и надвор да фатиш. Меѓутоа надвор коа сме многу ретко пипкаме ствари како ограда и со нечисти раце да јадеш после. На работа од друга страна колку и да пазиш ќе го допреш бирото или некоја таква глупост. Друг аспект е и затворена просторија, не за џабе викаат да се проветрува. Маркет и големи гужви е сосема друг муабет, меѓутоа дека со прошетка ќе се заразиш е нонсенс за мене.
Па генерално препораката е да не се групираат луѓе, а не да не се шетаат. Претпоставувам дека навечер прво забранија од причина што младиве не ебаваа препораки и правеа забави и сл.

Е сега Куманово целосно што го затворија, можеби е грешка, но можеби општиот впечаток што го добиле од терен надлежните кажал дека Кумановци мува не ги лази за препораките па решиле да го затворат скрос градот....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom