Бреј какви мувли се овие од битола, значи не сите, туку овие што драмат за тоа што луѓево им ги трпаат у контролиран карантин у центар на град, каде најлесно ќе може полицијата да ги контролира и притоа целосно да ги изолира од останатите. Каде е тука проблемот кога тие нема да имаат никаков контакт со остатокот од светот ?
Го разбирам стравот кој владее, не и овој лов на вештерки и малоумно понашање што го пропагираат неколку нискоинтелигентни фаци од битола а на кои паѓаат доста други луѓе неспособни сами да размислуваат. Многу е подборо да се ставени на место кое е лесно за контрола, отколку некаде у пм па да е полесно да се избега. Ја не верувам дека некој од овие ќе го прави ова у сам центар на град, каде сигурно ќе врие од обезбедување а казните се огромни за наш стандард, по 2к евра ако добро разбрав, а можно е и затвор. Треба да се луди да бегаат во ваква ситуација, ставени се во хотел каде условите се добри за да се издржи 2 недели или колку и да е потребно, не на нивни трошок, ќе имаат и храна, и добри хигиенски услови и за спиење и за одење во вц, ај у касарна да ги вметнат со стаорци и пајаци е друго, ама вака кој кур, стварно не гледам проблем за да се крева толкава паника и да се прави од ова било каков проблем, напротив. Во вакав ситуација невозможно е да го шират вирусот, ако воопшто и има некој заразен од нив.
Ова е истата група на нискоинтелигентни луѓе кои веруваат у штетноста на 5г и дека истово има врска со ова што сега се дешава во светов, што веруваат у харп, земјата е рамна, што ставаа ЦЕНА и Амин у коментари на фејсбук и слично, срам ме јаде додека ги читам али и загрижува фактот што нивниот број е прилично голем. И оние од дпмне бе толку ли се глупи да го пуштат претседателот на умс за Битола јавно да го критикува ова и да крева паники, бем му тоа ретардата патетична, ја за ова сместа би го тргнал од таа функција колку и да е небитна, чисто да покажам дека не сум на иста бранова должина со глупаков.
Ова од старт требаше вака да се прави, и за Скопје и за сите останати градови, да се најде хотел кој ќе ги прима тие што доаѓаат од страна без разлика каде е истиот лоциран, све на државен трошок, многу помалце вака ќе потрошеше државата отколку сега кога се јавија повеќе жаришта и не се знае кој јаде а кој пие.