Чудни македонски зборови

  • Креатор на темата Креатор на темата anaveno
  • Време на започнување Време на започнување
Авлија е веројатно произлезено од AULA.
Па на гугл има различни толкувања...изворно т.е. најточно ( а зависи и во кој дел од мк се користи овој збор) е она што го пишав....авлија и ден денес имаат луѓето кои живееат на село....и тоа е ливада....сум бил, сум видел.. ..и ова го зборам од искуство...
....значи со "двор" - везе нема....
 
Па на гугл има различни толкувања...изворно т.е. најточно ( а зависи и во кој дел од мк се користи овој збор) е она што го пишав....авлија и ден денес имаат луѓето кои живееат на село....и тоа е ливада....сум бил, сум видел.. ..и ова го зборам од искуство...
....значи со "двор" - везе нема....

avlija

авлија

Можда и има некоја дистинкција.
 
Чаир, ливада или полјана од турскиот "çayır".

'Рвеник за бунар во Преспа.

Ајван, глупак кај нас, од турскиот збор "hayvan", кој означува животно.

Токмак, исто турски збор, изворно за чекан, кај нас со значење "глупак".

Сач = вршник. Сач е инаку и коса/влакно на турски.

Џумбус - од турскиот "cumbuş", кој означува неред/метеж.

Ѓурултија, од турскиот gürültü, кој има значење "врева" кај нас.

Во принцип повеќето зборови кои кај нас содржат џ/ч/ш се изведени/присвоени од турскиот јазик.
 
Долап - (исто и денес има во селските куќи и се користи тој збор) уште кога се гради куќата во зидовите се прават нешто како внатрешни складишни простори (или денес - височи :D ) во нив т.е. во еден долап се ставаат ситници неопходни за секојдневието...во друг, пример - овошје...итн..итн.

Дрмон - округлен предмет со поголеми дупки (сличен на решето) со помош на кој се врши раздвојување на житни производи од непотребни нешта.( исто и денес се користи)

Стоџер - дрвен столб на центарот на местото каде се врши раздвојување на житните култури.( исто и денес се користи)

С'клет - претерана непријатност.
( исто и денес се користи а и имаше одл. муз. група од Струга т.е ептен, мн.добри -Македонија)
 
Aula е исто двор, предворје.
Авлија е исто.
Турците превзеле многу македонски и латински зборови. Впрочем, тие како номадски народ со шатори, немале ниту куќи, ниту дворови, ниту предворја.Тој збор е во врска со влез (авлијез - влез) и со српското улаз (аулаз)
 
Aula е исто двор, предворје.
Авлија е исто.
Турците превзеле многу македонски и латински зборови. Впрочем, тие како номадски народ со шатори, немале ниту куќи, ниту дворови, ниту предворја.Тој збор е во врска со влез (авлијез - влез) и со српското улаз (аулаз)

"Аула" е попрецизно предворје, како што и ти пиша, нешто ко вестибил.

aula

аула

Мене ми е еден од најверодостојните извори, барем кај нас, дигиталниот речник на македонскиот јазик по однос на ваквите нешта.
 
Последно уредено:
Зборови својствени за Преспа:

Паланѕа - вага, од италијанскиот "bilancia".

Паврика - фабрика, од италијанскиот "fabbrica".

Поушаг - полжав.

Винџау - филџан, од турскиот "fincan".

Шемше - чадор, од турскиот "şemsiye".

Чадор - шатор, изворно на турски "çadır".
 
Последно уредено:
племња - плевна
крал - багрем
'встегарка - нешто како стап, само потенко.
боб - грав
дрнч - јадење( мешавина од се')
 
Коч или брав - овен (koç)

Безбели - секако (besbelli)

Ама - но, сепак, и покрај тоа (ama)

Чунки - бидејќи (çünkü)

Сетики - веројатно, секако

Ниет - намера, накана (niyet)

Гајрет - труд, мака (gayret)

Аманет - завет, ветување (emanet)

Јантар - килибар

Mониста - (стаклено, декоративно) зрно за накит

Џам - стакло (cam)

Пенџере - прозорец (pencere)

Перде - завеса (perde)

Килим - килим (kilim)

Долап - орман, шкаф (dolap)

Бардак - стомна, сад за течност (bardak)

Бајрак - знаме (bayrak)

Сетне - после, потоа.
 
Роспија - жена со лесен морал, блудница (öröspü)

Чурук - расипано (çürük)

Ѓезве - од "cezve"

Тепсија - од "tepsi"

Ѓомлезе - вид храна, специјалитет (gözleme)

Сарма - специјалитет, од инфинитивната форма на турскиот збор "sarmak", со значење витка во нешто

Пита - од "pita"

Џуздан - паричник (cüzdan)

Ќатип - писар (kâtip)

Чобан - пастир, овчар (çoban)

Џуџе - од "cüce"
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom