гледам европјаниве и американците почнуваат со работењето од дома.
се креираат ВПН тунели заМенаџментот и административните работници.
Унифицирано изолацијата според некој протокол е до 3ти Април така да до 3ти Април би требало да имаме повеќе сознанија за целовкупната ситуација.
Ова од шо читам меилови од Клиентите дојдов до овој заклучок.
Највероватно ќе проба светот со 2-3 недели изолација да го запре ширењето.
Да, јас работам во таква меѓународна групација. Меѓутоа тешко оди во сегментот што има директна врска со клиентите. Веќе добивме распореди од средната недела и капацитетите се намалени на 20-30%. Не е темава за економија, ама ќе го јадеме стапот ако потрае ова малку подолго.
Меѓу другото, пошо работам во деловна зграда, во која има и други странски претставништва, не можам да не забележам уште колку се иде на онаа срдечност, изразени ракувања....кој К им е на луѓево? Не зборам за пазар, маркет, продавниче, туку за деловна зграда у која работи малку пошколован народ.
Со големо задоволство ќе поддржам тотален прекин на се'. Дури и полициски час. Очигледна е разликата меѓу кинеската и италијанската метода. Денеска меѓу другото Италија ја надмина цифрата на Кина, а не е ни место на првична појава. Јасно е дека се работи за лош менаџмент или уште полошо - непочитување на населнието на препораките.
У држава у која секој ебен ши птар проаѓа на црвено на раскрсница, 98% од народ нема елементарно чувство за хигиена, 99% од администрација што треба да спроведува кризен план се партиски, несовесни и необразувани пацови и 100% од народ си ја мрзи државата, стварно не знам како ќе се постигнат ефекти.