Пеп со онаа одбрана полна дудуци, да видам не верувам дека ќе освои ЛШ. Еден куп пари фрли за просеци у одбраната, едино Лапорт е екстра играч според мене али нон стоп е повреден.
Вчера пак сакаше да измислува топла вода со составот, исто како лани на гости со Тотенхем.
Класика Пеп, мора да комплицира баш кога најмногу треба, среќа што тепаше Сити вчера.
Инаку Де Брујне , убедливо најдобар играч моментално после Меси.
Во смисол, добро е што тепаа инаку ќе го распнеа Пеп. И Де Брујне имаше изјава дека бил изненаден од составот и тактиката за овој натпревар.
Инаку заслужено си тепаше Сити според мене, поквалитетен тим се од Реал.
Зошто греота? Лигајчари како Нејмар што не му се тренира и што си го ладат со милионите од арапите се греота да испаднат, а децата од Дортмунд кои летаат по теренот не се греота ако испаднат баш од таквите лигајчари?
Па се смеам на процентите кои претходно беа пишувани тука, а засега освен Баерн ниту еден не помина лесно од тие 100 посто " сигурни " шо беа. Барса и Јуве беа сметани за сигурни патници, за кои рака на срце и јас мислев дека ќе одат понатаму, на Атлетико тука ни 5 проценти не им даваа за пролаз,со исклучок на некои членови.
Зошто греота, нека испаднат да не ги гледаме лигајчари како Нејмар и компанија, најодвратен тим.
Дортмунд имаат квалитет да ги усрамат сред Париз.
Плус Псж ќе бидат без Верати и Муние а можно е и без Тиаго Силва.

Автоматски споено мислење:
Зошто греота, нека испаднат да не ги гледаме лигајчари како Нејмар и компанија, најодвратен тим.
Дортмунд имаат квалитет да ги усрамат сред Париз.
Плус Псж ќе бидат без Верати и Муние а можно е и без Тиаго Силва.
Ваљда за првиот мисли.
Никаков збор за фаул во напад, Рамос прерано рипна и го изгуби дуелот со Габриел Жезус.
Не ми се верува дека напаѓач од типот на Жезус успеа да го надитри Рамос.
Не го надитри Жезсс, колку што Рамос лошо се постави. Откако виде дека е предалеку од Жесус и топката ке го одмине, се обиде да компензира со скок наназад, ама веќе беше доцна.
Непријателот на мојот непријател е мој пријател
Сити после дуелот со Реал биле угостени на Ванда Метрополитано да тренираат, сигурно со црвен тепих ги пречекаа и конфети им фрлаа кога влегуваа на стадион
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.