Клучно Прашање
Има една претпоставка/муабет која оди вака, Газменд Бериша, бившиот началник на НТШ при СВР Скопје, и од скоро главен началник на единица за борба против дрога при секотор за организиран криминал за цела територија на Македонија, како што пишува во текстот на Вечер соработувал со двата клана, и Арачиново и оние од Грчец и Чаир, односно со сите, а тоа било потврдено со прислушкувни разговори, првиот негов работен ден на новата функција ги побарал матријалите од случаевите во кои и тој е под сомнение и е снимен додека е на состанок со нив во Чаир. Поради паѓање на дилери во акции во период септември-ноември некој организирал во обид, тепање на Газменд и некој друг инспектор од НТШ, а сите знаеме како течеа настаните: во септември голема акција во Сарај, Грчец и Студеничани, потоа тепање на Фантом во Три Киченс, па во октомври рација во Интермецо (територија на Шеваљ и Оки), па крај на ноември пукање во Палас, па веднаш после пукањето на почеток на декември најголемата акција, апсење на сите, Оки, Камер, Јетон Жила, Шенки и дилерите кои работат за нив. Па кога се намири ситуацијата следеше пукањето по Фантом.
Шпекулациите дека Шеваљ и Оки се скарани со некои структури во МВР испадна дека се вистина. "Тепањето" на Газменд 99% било измислица на Оки, а овој му вратил со "убиство" во Палас, тука се нашол корисен Тоте па на тацна му го дале Оки да го исчисти, и пред народ да се знае дека е само за осветата, а Алфите кои биле претходно најверојатно биле за да испитаат терен и потврдат дали е погодно за пукање и дали е Оки тука.
Клучното прашање е како знаел Шеваљ некаде уште на почеток на ноември да ја дувне во странство, значи уште пред да почнат сите посериозни работи, и зошто се уште не планирал да се враќа во скоро време назад во МК...