Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Мислиш дека ќе треба да им испратиме помош во генерали?
Има еден што говори дека бил таму и работел за ... па може брзо да се вклопи.

Ова е интересно: Kako javlja Reuters, dvije rakete Katyusha pogodile su i zračnu bazu Balad u kojoj su američki vojnici. Ta je baza udaljena oko 80 kilometara od Bagdada. -ако е вистина се разбира.
Автоматски споено мислење:

Не мора такво прашање да поставуваш, па уште и милони долари делиш како да се твои (шега).
Се гледа од авион дека мирно ќе го препуштат тронот и ќе се борат за праведен и мултиполарен свет, особено Трамп и неговата луда политика.

едно мало дополнување:
По 31 џануари откако УК ќе ја напушти ЕУропска ќе бидат уште помирољубиви и ќе делат и садат цвеќе каде ќе стигнат!
Ke sadeja i vo Sirija arno ama ne im izlegoja matematikite. Ke sadeja i vo Ukraina, aj sto ne im uspea planot i Krim Rusite si go vratija. Za Kina vekje da ne ni pravime muabet.
 
Изгледа и последен ќе им биде.
Автоматски споено мислење:

Трамп го донесоа Израелците на власт... зошто не би им угодил....

Но пак мислам, тешко дека ќе има нешто. Акциите на САД се повеќе одмазнички отколку провокација... зависи од одговорот на Иран...

А и Иран им треба на САД... КСА е најголем купувач на оружје од САД... побарувачката би се намалила ако го снема Иран..
Можеби е така, ама не сум сигурен. Трамп е крајно непредвидлив и сосема можно е да им откаже контрауслуга на еврејското лоби, дури чинам и имаше една таква изјава.
 
Последно уредено:
За Иран после овие низа на удари постојат само 2 опции.
Опција 1 - Да продолжат да си молчат како и до сега за се и само да си лаат - како ќе им направат ова-она на Американците.
Опција 2 - Доколку сакаат да останат број 1 во исламскиот свет (на кој му е преку глава од разузданата игра на Американците) мора да ги обединат најпрво сите шиитски фракции како една и секако сите американски инсталации од Блискиот Исток да бидат нападнати. Само така ќе докажат пред светот дека ќе бидат доследни на она што го говореа дека ќе го уништат Тел Авив или Вашингтон.
Според мене сакале или не, сметам дека онаа Американско-Израелска алијанска е помоќна и доколку Техеран се одважи со многу посилно оружје да нападне на израелско-американски цели уште пред тоа да го стори жестоко ќе биде нападнат најпрво од Израел. Не знам колку помните дека Израел има рекетирано нуклеарни цели во Ирак за кои тогаш се мислело дека Садам спрема нуклеарно оружје кое ќе го употреби против Израел.
Самата Американска Влада е диктирана од Светските Ционистички движења, а знаеме дека најголем противник на ционизмот се токму шиитите на чело со Иран и според мене нема да се чека премногу долку да созрее Иран туку уште 1-2 потега и ќе биде тотално нападнат, со Америве во тој поглед нема шала. Знаеме како помина СР Југославија во 1998/99 година кога им се спротивстави, едноставно тоа што е против нивните убедувања овака или онака ќе го поразат :)
Ќе биде интересно но светот сепак тоне во пред-светска војна која овој пат за терен ќе го има Блискиот Исток.
 
Иран и Шиитите сами по себе не се антиционисти... Еве види дека во 5те арапско-израелски војни Иран секогаш бил на страната на Израел (единствена муслиманска држава), вклучително и за 6-дневната и Јом Кипурската војна... Моментално е само таков ставот, немој да се изненадиш ако во блиска иднина се смени тоа ...
 
. Не знам колку помните дека Израел има рекетирано нуклеарни цели во Ирак за кои тогаш се мислело дека Садам спрема нуклеарно оружје кое ќе го употреби против Израел.
Тоа беше во Јули 1981, година!
Не беше сеуште ништо, далеку пак од нуклеарна постројка, плус сеуште беше во фаза на изградба!
Јас отидов таму после месец и пол од тоа бомбардирање :facepalm:
 
Продолжува пресметката многу поинтензивно одколку што си мислев.

Претходниот напад на САД беше демантиран..
 
Иран и Шиитите сами по себе не се антиционисти... Еве види дека во 5те арапско-израелски војни Иран секогаш бил на страната на Израел (единствена муслиманска држава), вклучително и за 6-дневната и Јом Кипурската војна... Моментално е само таков ставот, немој да се изненадиш ако во блиска иднина се смени тоа ...
Искрен да бидам околу 5 пати морав твојов пост да го препрочитам и секако помеѓу читањето да се измијам очи дали е ова вистина. Па знаеш ли што пиша ти ? Иран заедно со неговите сестрински шиитски организации не можат да го замислат постоењето на Израел и го сметаат за вештачка Ционистичка творевина. Гледај ги нивните митинзи организирани од Ајатолахот ќе видиш само ,,смрт за Америка,, и ,,смрт за Израел,,
Во Техеран неколку пати имаат доаѓано ортодоксни Рабини кои иако се Евреи сметаат дека повторното формирање на државата Израел во 1948 година не е дело на Бог туку на човек и при тоа имаат верување дека тоа ќе биде признато само доколку ,,Месијата,, го направи тоа. Самите тие ортодоксни Евреи во неколку пати го палат Давидовото знаме, а високо го развејуваат палестинското.
Знаеш ли ти дека за време на Јом Кипур-ската војна 1973 година на чело на Иран беше Шах Пахлави кој имал добри релации со САД, а иранската револуција предводена од Ајатолахот Хамнеи е веќе во 1978-1979 година по што започнува ерата на Исламската Република Иран, a Шахот е симнат од власт.
Подобри ја својата хронологија за да ги поврзеш нештата.
Автоматски споено мислење:

Тоа беше во Јули 1981, година!
Не беше сеуште ништо, далеку пак од нуклеарна постројка, плус сеуште беше во фаза на изградба!
Јас отидов таму после месец и пол од тоа бомбардирање :facepalm:
Да, во далечната 1981 година се извела операцијата ,,Операција Бабилон,,
 
Последно уредено:
Искрен да бидам околу 5 пати морав твојов пост да го препрочитам и секако помеѓу читањето да се измијам очи дали е ова вистина. Па знаеш ли што пиша ти ? Иран заедно со неговите сестрински шиитски организации не можат да го замислат постоењето на Израел и го сметаат за вештачка Ционистичка творевина. Гледај ги нивните митинзи организирани од Ајатолахот ќе видиш само ,,смрт за Америка,, и ,,смрт за Израел,,
Во Техеран неколку пати имаат доаѓано ортодоксни Рабини кои иако се Евреи сметаат дека повторното формирање на државата Израел во 1948 година не е дело на Бог туку на човек и при тоа имаат верување дека тоа ќе биде признато само доколку ,,Месијата,, го направи тоа. Самите тие ортодоксни Евреи во неколку пати го палат Давидовото знаме, а високо го развејуваат палестинското.
Знаеш ли ти дека за време на Јом Кипур-ската војна 1973 година на чело на Иран беше Шах Пахлави кој имал добри релации со САД, а иранската револуција предводена од Ајатолахот Хамнеи е веќе во 1978-1979 година по што започнува ерата на Исламската Република Иран, a Шахот е симнат од власт.
Подобри ја својата хронологија за да ги поврзеш нештата.
Автоматски споено мислење:

Да, во далечната 1981 година се извела операцијата ,,Операција Бабилон,,
Аха, Ајатолахот кој на направи револуцијата се викаше Хомеини, а не Хамнеи ... А иначе во Иранско-Ирачката војна (Која е после исламската револуција 80-88) главен снабдувач на оружје на Иран бил Израел... Дури и операцијата што ја викаш бабилон е бомбардирање на ирачкиот нуклеарниот реактор и се смета за директно мешање на Израел во војната на странта на Иран.... Понатаму и покрај меѓународното ембарго, претежно Иранската нафта во следните години завршува или во Израел или се продава на трети страни, со подсредство на Швајцарска фирма со израелска позадина.
 
Хамнеи дојде после Хомеини!
Инаку сеуште ме држи мислата дека Исламската револуција во Иран е масло на Америте и на Израел. Впрочем и како сите радикални исламски творевини.
 
Да извини Ајатолахот за време на револуцијата е Хомеини, а овој денеска што им се заканува на САД и Израел е Хамнеи.
Кога се завојувани две исламски држави конкретно Ирак и Иран нормално е Израел да вмеша прсти за тие помеѓу себе си вадат очи, а Израел да си го живее животот спокојно нели бидејќи очите не се фокусирани кон него. Тоа кој од кого купувал е ,,трговија,, и таму парата нема ниту вера ниту нација. Примерот со Билал Ердоган син на замислен нов Султан (Реџеп Таип) кој тргуваше со сириската нафта која претходно веќе ја имаше украдено ИСИС од сириските нафтени полиња. Тоа е само бизнис таму нема нација - вера.
Автоматски споено мислење:

Хамнеи дојде после Хомеини!
Инаку сеуште ме држи мислата дека Исламската револуција во Иран е масло на Америте и на Израел. Впрочем и како сите радикални исламски творевини.
За време на владеењето на Шахот Пахлави, Иран изгледал малтене како една западна држава каде жените можат во бикини да одат на плажа, пушат во машко присуство наргиле, бидат повеќе застапени во јавниот живот, е сето тоа некако се измени со револуцијата. Мада да бидеме искрени жената во ИРИ има многу повеќе права, колку само жени возат автобуси и многу многу повеќе се вклучени во опшеството за разлика од другите конзервативни арапско-муслимански држави на пример С.Арабија каде жените освен никаб и покорност кон мажот и друго да не знаат. Да револуцијата ИРИ ја направи повеќе религиозно-конзервативна но не може никако да се спореди со она што го правеше ИСИС во Ирак и Сирија.
 
Последно уредено:
Да извини Ајатолахот за време на револуцијата е Хомеини, а овој денеска што им се заканува на САД и Израел е Хамнеи.
Кога се завојувани две исламски држави конкретно Ирак и Иран нормално е Израел да вмеша прсти за тие помеѓу себе си вадат очи, а Израел да си го живее животот спокојно нели бидејќи очите не се фокусирани кон него. Тоа кој од кого купувал е ,,трговија,, и таму парата нема ниту вера ниту нација. Примерот со Билал Ердоган син на замислен нов Султан (Реџеп Таип) кој тргуваше со сириската нафта која претходно веќе ја имаше украдено ИСИС од сириските нафтени полиња. Тоа е само бизнис таму нема нација - вера.
Е сега идеш на теорија на заговор, бизнисот не познавал вера нација... еднотавно е, само треба да ги пратиш убаво настаните....

Ајде вака, не само што им помагале со оружје и што им помагале покрај ембаргото да извезуваат нафта, за време на војната во Иран има повеќе десетици евреи како воени советници, ај не Израел ама Евреите се клучниот фактор да Иран воопшто опстане како држава во таа војна... Едноставно врската меѓу Евреите и Персијците е доста цврста за да може едноставно тек така да се прекине...

За време Иранската исламска револуција, Израел веќе беше етеблиран како непријател на исламскиот свет, а исто така и непријател на комунизмот... Според мене реториката на Хоменини била во насока да новата власт добие подршка од исламскиот и комунистичкиот свет... Реално односите помеѓу двете држави ги расипува повеќе Хезболах во граѓанската војна во Либан, и после тоа за и околу палестинското прашање, подршката на Шеикот Ахмед Јасин и неговата група, подоцна позната како Хамас.

Но да те подсетам на најновите настани, во војната во Сирија, Хамас и доста од палестинските групи се бореа против Хезболах... од друга страна Израел наводно бомбардираше 10тици цели на Хезболах во Сирија за време на граѓанската војна... Иран никогаш не крена црвено знаме за Израел...

Но пак ќе кажам, со тој регион никогаш ништо не се знае... Ќе покаже све времето.
 
Трамп е само глуп како трупец, инаку ништо поразличен од претходните воени злостори како Буш и сличните, овој токмакот не може да се воздржи и заканите да ги обландира со дипломатски речник.

Претседател на најмоќната држава се заканува дека ќе уништува локации од високо културолошко значење за Иран.

Е ова е за импичмент, за судење пред меѓународен суд, а пред се за затворање во ментална институција.
 
Обама заборави да го спомнеш... или не заборави ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom