Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Од денес, Solutions Architect стои до моето име [emoji4] ќе идам да си го ставам на фб и инста како оние со мр др :pos:
10 години неспиење, нервози, тахикардии, одрекување од нешта, стресови за да се стигне до овој ден денешен...
 
Си поминав од редот за новогодишно лицемерие со колегите. Со луѓето што работевме и дел уште што работиме заедно постновогодишно ќе се собираме, мило ми е што имавме јак тим, штета што пола луѓе што вредеа си заминаа, а останативе уште си го бараме чарето на друго место.
Успат, да ве потсетам, време е за новогодишен рингтон на телефонот.
и
идеме јако!
 
Многу чуден ден имав денес каде што од една страна решив(ваљда) проблем што ми стоеше ко кнедла у грло веќе неколку месеци а од друга страна еве веќе цел ден се осеќам премизерно.

Не знам може и не требаше да идам на работа пошо и онака каснев едно добри 3 саати а на пат до таму, негде после касарна Илинден доека мисирев у такси и ја оправав државата со таксистот посведочив на една мизерна ситуација, каде амбулантна кола од Штип никако не може да се пробие до гужвата и некако да го најде патот до Систина.
Она шо најверојатно малце повеќе ме потресе и ме натера да размислувам за некои подлабоки теми во животот беше што додека си зјапав наоколу и амбулантнава кола стоеше пред нас, приметив дека една докторка или не знам шо беше пробува да го реанимира пациентот додека сите наоколу си стојат и не се мрдаат да напраат место за истиве да можат да поминат.

Ете од прееска се прашувам дали тој човек, заглавен у гужва на 500 метри од болница некако успеа да се спаси или...

Не знам како би си ја оценил годинава, ми се случија доста убави работи ама сето тоа како некако да избледе и изгуби смисла како наближуваше крајот на истата.
Прекинав да разговарам со луѓе толку често, не знам ни дали имам два-тројца со кој праам асален и посериозен муабет во последно време, мош е и нешто до мене.

Еве веќе 20 минути како го пишувам ова и шифтам низ 50 табови шо ги иам отворено на оваа мртва Опера додека од време на време од јутуб ми се отвараат оние мртви реклами дека има новогодишни попусти у Нептун, низ мисли ми се вртка една дискусија и прашањето "дали си среќен?".

Делумно да, целосно не.

Супер одговор.

Да беше ситуацијава пред една година или пар месеци сигурно ќе бев далеку порамнодушен, ќе издував троа поеќе, ќе чекав 15 минути да поминам ебена прометна улица пошо ќе ми беше несигурно со која брзина се движат возилата и ќе глеав мега глуп филм на Нетфликс ама денес не ми се праи нишо од тоа, мош и ме мрзи.

Ахам, ок.

Ќе шернев и песна ама чим Биги не ми менува расположение на подобро, мош и не сум добар.

zz
 
Мизеријата е составен дел од мојот живот.Со години пробував да ја отргнам од мене,сето тоа страдање кое тежеше врз мојте плешки кога бев помлад многу бев напизден што тонам во мизерија на прагот од 2020 мизеријата е таа без која неможам,стана составен дел од мене,нешто како кислород,нешто без кое не се може,ако ја немаше ќе ја барав,оној кој навистина не почуствувал не ја знае убавината на болката се раѓа како и сите нас,прави да се чуствуваме лошо,се жалиме за нејзе,пробуваме да ја искорениме,се додека еден ден не сфатиме дека всушост ние сме мизеријата.Сега сме тимски играчи,заедно работиме,заедно готвиме,заедно возиме,заедно пешачиме,и заедно страдаме.Во доцните ноќни часови знае да ми шепне Те сакам,се разбира дека ќе добие повратен одговор и јас тебе,навистина сум среќен што ја имам како мој животен сопатник.
 
Една Хрватица тука се разведува со мажот и' и наводно мине низ пекол. Жената штотуку ја запознав, ама кога ја видов во маркет и низ солзи ми кажа за проблемот што го има, кажав да ме бара кога сака, кога и да и' е тешко и и треба муабет или било што. На ова ми врати со прашањето "што си во хороскоп", да знаела дали сме компатибилни за дружба и муабет. Шта речи...
 
Кајги,
Никогаш не ни помислив дека тоа што отсекогаш го сакав ќе ми створи нервози, и ќе направи да почнам од почеток. Никогаш не е касно да се почне нешто ново ако се има желба за истото,и секако многу трпение и напор за да успееш на крај. Трет пат почнувам со истото но сега ќе одам до крај, учам, вежбам и не е лошо како што мислев, баш е интересно ова програмирањево, како само од една точка што си ја заборавила може се да ти закочи,па потоа да се понервираш и кога ќе најдеш и ќе го решиш проблемот си среќна:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom