Јас имам само една работа да кажам на оваа тема.
Ние сме сите со различна мешавина на хормони во нас, некој имаат повеќе од фармерите, некој повеќе од луѓето од исток кои први можеле да конзумираат млеко, некои од ловците/збирачите.
Така да не е секоја исхрана решение за секого, т.е. не е вегетаријанство/веганство здраво за секого.
Посебно е изразено на групиве на фејсбук каде пропагираат дека излечиле дијабет со тоа што станале вегани, или кацер или други тешки болести. Не велам дека нема таму добри совети, но тоа треба да се земи со резерва, затоа што тие групи врие од од луѓе кои немале никаква мерка во животот претходно и откако го запустиле својот организам, сега наеднаш заминале во друга крајност и веганството му е решение за се и се клистираат со кафе секој ден.
Јас од такви луѓе не земам совет. Едне пријател кој што беше веган 5-6 години, а претходно вегтаријанец уште толку сега доби дијабет со ниво на шеќер во крвта од 42, па заврши со инсулин, а има 40 години.
Така да ум во глава, умереност е клуч за се.
Само секс може да се конзумира без мерка
