Незапослени магистранти

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Очекував кај и да е да се освестиш со историјата. :D
Јас навреме се освестив, па наместо на ПМФ на Хемија или Фармација се запишав на Информатика.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Еден познаник прво заврши Правен, па помина магистерски на правен и стигна до правосуден, му се виде дека во ова општество ако немаш апла јаки врски со тој факултет ќе му работиш на некој за 10к и се откажа од полагање на правосуден демек разочаран тотално од изборот.

Како решение на претходниот проблем демек да ја оправи работата запиша Историја :tapp: Еве го сега нема искуство ни за келнер кога оди на интервјуа, а има 2 факултети и магистратура и 30 години напукани во гз, па сега гледам чека пасош за да си оди од мкд и здравје дури и да замине голема е веројатноста дури ни таму да не работи по било кој од тие два факултети.
Е за вакви работи не е кабает само државата, туку 99% самиот тој, ако веќе правиш преквалификација се одбира област за која си 99% сигурен дека ќе ти донесе подобри можности од тоа што го имаш во моментот, а не бетер од претходното, не може да се однесуваш како паднат од Марс во општеството и да очекуваш дека тоа ќе ти врати со подобра мера.

Не дека со технички науки не е исти курац работата во нашава вукојебина, има еден куп инженери од Машински, Градежен, Архитектура, Технолошки, Електро што работат за 250-300 евра плата и си го пцујат животот, али олеснителното кај овие е што ако стегнат заби и издржат некоја година тука за да пополнат во CV има далеку подобри опции надвор.

Кога купувате бела техника за дома треба да направите добра анализа што ќе одберете, затоа што треба да ве служи следни 10 години, а не пак животен избор како факултет со кој треба да живеете и да гледате семејство цел живот.
 
Член од
17 декември 2018
Мислења
20
Поени од реакции
21
Немојте да ги напаѓате луѓето кои учеле она што сакале. Мојот круг на пријатели и роднини ми нуди избор за работа на она што не сакам. И не знам да го работам. Трул е системот со толку работноспособни млади БЕЗ ИЗБОР или по принцип кој како ќе се снајде се образуваш за едно работиш друго. Тоа ми беше целата поента. Отидете во некоја институција и посматрајте ги ДЕЛ од луѓето што работат и ќе ви биде јасно зошто седите дома. Со тек на време ако не се претопите во толпата ке ви стане фрустрирачки
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205

Далеку од тоа дека некој ги напаѓа!
И јас сум поборник на тоа да се учи тоа што се сака. Е сега ако нема работа за тоа, барем ти се исполнил ќејфот, си се специјализирал во омилената струка.
И немојте да ја напаѓате државата(системот) и судбината зошто немате работа! Немате потпишано договор со неа дека е обврзана да ве запосли после завршувањето на школувањето!
Точно, системот е трул, ама не само во доменот на јавната администрација и останатите јавни служби, ами и во доменот на школството! Затоа и се појавуваат вакви дубиози.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
@RickyLFC9 , се сеќавам со каква страст и љубов зборуваше за историјата, штета што така испаднало.

Неблагодарна професија е, посебно на овие простори, ако си имал шанса/или имаш уште шанса да работиш во струката, ќе бидеш или професионален, објективен и разумен историчар и за два дена локалните квази кооперациски историчари, фејсбук и форумски авторитети ќе те прогласат за предавник или странски платеник, или ќе отидеш во другата крајност и ќе станиш од оние лудаците-историчари што тврдат дека Македонците се темел на белата раса или дека србите се вистинските ариевци.

Не дека не требаат и општествен науки, но како што пресмета @Кеплер , треба драстично да се ограничи бројот на студенти онаму каде што има хиперпродукција, да се направи проекција на евентуални слободни работни места и тоа да им се соопштува на идните студенти уште пред да се запишат.

Ама тоа се наши илузии, во оваа пропадната квази-територија, квази-протекторат такви операции се научна фантастика
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Немојте да ги напаѓате луѓето кои учеле она што сакале. Мојот круг на пријатели и роднини ми нуди избор за работа на она што не сакам. И не знам да го работам. Трул е системот со толку работноспособни млади БЕЗ ИЗБОР или по принцип кој како ќе се снајде се образуваш за едно работиш друго. Тоа ми беше целата поента. Отидете во некоја институција и посматрајте ги ДЕЛ од луѓето што работат и ќе ви биде јасно зошто седите дома. Со тек на време ако не се претопите во толпата ке ви стане фрустрирачки
Cute мисла е ако ова го каже некое дете до кај 15 години, за возрасна особа која живеела во севердонија е веќе проблем за живеење вон реалноста.

Изборот во животот ни е диктиран најчесто од околината, медиумите, семејството, ти си барем експерт за психологија и треба да го разбираш ова.
Немој да мислиш дека ти со самото раѓање беше предодредена дека треба да станеш психолог, или некој друг сфати дека сака да биде програмер. Да се родевте во друга ера ќе ве интересираше сосема друга работа, ќе сакавте можеби да бидете писар, еким, кујунџија, дограмаџија и тн. Арно ама во оваа ера само од медиумите имаш еден тон серии за твојата професија, каде што психолозите важат за личности кои котираат добро во општеството и имаат кул работа (Niles and Frasier Crane vo Frasier, Jennifer Melfi i Dr Elliot Kupferberg vo Sopranos...).

Во Биологија ако ти текнува имаше една мисла „Во природата победува посилниот“, тоа важи и во нашето цивилизирано општество само што е пермутирано на различен начин. Пример во твојот случај ти можеби си „book smart" и си експерт теоретски за твојата област, ама останатите се и "street smart" (иако не верувам во вакви типови на интелигенција, пробувам да ти ја доловам суштината) и решиле преку партија, врски, корупција да си ја обезбедат позицијата во општеството, па фатиле работа во државна администрација.
Е сега ако си навистина добар треба да се запрашаш дали сакаш да работиш во државна администрација, јас не би ја работел никогаш затоа што е огромна лимитацијата за напредок (во приватен сектор ако се трудиш или со свој бизнис може да постигнеш далеку повеќе и кариерно и финансиски отколку во државна администрација), плус мразам политика и оговарање.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Да, знам. Имам читано и учено мн повеќе затоа и така ми ги пишувале 10те. Не сум замарала никој, не судите без врска. Сум правела квалитетни презентации, семинарски за кои сум се потрудила повеќе додека децата ми спиеле. А знам и вредам многу повеќе од многу што добиле место полесно. За асистент ме симнаа место подолу за пола поен зашто уште претходно се знаеше кој ќе биде примен. Кога јас излегов спремна а другиот кандидат се смешкаше и губеше у поим ......испадна срамно номи го зема местото за пола поен
Абе ок, не знаеме како се пишат 10ки, па и на магистерски на општествени науки. :D
Ете дур си преведувала гугл ти за семинарски навечер и си се тепала за 10ка, некој укапирал дека појака работа е да си фати врски. Ете, тој имал посилна врска со реалноста и како стојат работите од тебе. Фрустрирачки, за жал, али тоа е.
Јас никогаш не би вработила особа со 10 просек. Освен гениј, а кај мене на факултет истите беа далеку од генијалци, освен што се молеа за оценки и одеа на сите консултации и доживуваа еуфорија кога ќе добијат 10ка, а се помалце беше блага депресија. Имаш деца што едвај завршиле факултет, па ќе ја сработат работата пет пати побрзо од некој со фин просек, кој истото ќе го оди пешки пошто не знае да се приспособи и не е флексибилен. Бубалче, без некоја логичка способност во пракса.

Штом не можеш да најдеш работа за твојата струка, а си ептен паметна ко што тврдиш, тогаш можеш да се прешалташ во друга струка. Битно е да ти фаќа кликерот и да сакаш да научиш. Само не изигравај жртва, сите сме биле во слична ситуација некогаш, ни јас не го учев на факс она што го работам, светлосни години е различно, па ете, не ми е уште падната круната од глава.
 
Член од
17 декември 2018
Мислења
20
Поени од реакции
21
Каква жртва бе, си правиме муабет. Моите 10 се мои , не ти ги објаснувам. Ја сум ексцентрици се правам најдобро ( и не е некоја добра страна). Јас не сум без работа скроз. Ангажирана сум преку агенција и правам семејни разговори со семејство кое има изгубено дете. Ме плаќаат за тоа. Од еднаш неделносе проширивме на 3 пати. Дека не сум добра , можеби?! Јас ви се заблагодарувам на сите за искреноста и многу ми е убаво да Ве читам .....
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Cute мисла е ако ова го каже некое дете до кај 15 години, за возрасна особа која живеела во севердонија е веќе проблем за живеење вон реалноста.

Е сега ако си навистина добар треба да се запрашаш дали сакаш да работиш во државна администрација, јас не би ја работел никогаш затоа што е огромна лимитацијата за напредок (во приватен сектор ако се трудиш или со свој бизнис може да постигнеш далеку повеќе и кариерно и финансиски отколку во државна администрација), плус мразам политика и оговарање.
Како само успевате да склопите толкави контрадикторности во еден пост, жити образовањето.
Напротив ти си оној кој живее во сништа на 15 годишник дека ќе успее во реален сектор како поштењак и мрази политика и не сака администрација :)
Не знам на која планета си, но во малиот и забатален дел на оваа наречен Сев. Македонија, во ова општество најмногу пари со најмалку напор, највисока кариера можеш да постигнеш најлесно преку партија. Бујрум во СДСМ, ДПМНЕ или шо знам, ДУИ.
Автоматски споено мислење:

Абе ок, не знаеме како се пишат 10ки, па и на магистерски на општествени науки. :D
Ете дур си преведувала гугл ти за семинарски навечер и си се тепала за 10ка, некој укапирал дека појака работа е да си фати врски. Ете, тој имал посилна врска со реалноста и како стојат работите од тебе. Фрустрирачки, за жал, али тоа е.
Јас никогаш не би вработила особа со 10 просек. Освен гениј, а кај мене на факултет истите беа далеку од генијалци, освен што се молеа за оценки и одеа на сите консултации и доживуваа еуфорија кога ќе добијат 10ка, а се помалце беше блага депресија. Имаш деца што едвај завршиле факултет, па ќе ја сработат работата пет пати побрзо од некој со фин просек, кој истото ќе го оди пешки пошто не знае да се приспособи и не е флексибилен. Бубалче, без некоја логичка способност во пракса.

Штом не можеш да најдеш работа за твојата струка, а си ептен паметна ко што тврдиш, тогаш можеш да се прешалташ во друга струка. Битно е да ти фаќа кликерот и да сакаш да научиш. Само не изигравај жртва, сите сме биле во слична ситуација некогаш, ни јас не го учев на факс она што го работам, светлосни години е различно, па ете, не ми е уште падната круната од глава.
Значи ти онака, без трептај ока си прифати дека си потрошила 5-7 години од животецот и барем 10-15К еура на ветар и магла и си се прешалта да работиш вон струка без мува да те полази. Да не си боксерка нешо, ова она? :)
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Како само успевате да склопите толкави контрадикторности во еден пост, жити образовањето.
Напротив ти си оној кој живее во сништа на 15 годишник дека ќе успее во реален сектор како поштењак и мрази политика и не сака администрација :)
Не знам на која планета си, но во малиот и забатален дел на оваа наречен Сев. Македонија, во ова општество најмногу пари со најмалку напор, највисока кариера можеш да постигнеш најлесно преку партија. Бујрум во СДСМ, ДПМНЕ или шо знам, ДУИ.
Еве во моите соништа јас работам 6 години во приватен сектор, заработувам доволно за нормален живот и повеќе од поголем дел во мојата област што работат во државен сектор, а ниту ме интересира партија ниту пак сум имал врски за било што во живот и не должам на никого ништо.
Во државен сектор парите се прават со местење тендери и бркање на приватни бизниси за време на работно време, не се појавуваат на работа и земаат плата, али тоа е веќе друга приказна и се решава со поставување на камери и картици, ревизии на секој сумлив тендер. Е сеа таму им е топ се додека не дојдат избори, после избори ако се смени партијата што ги вработила иди „држ ме мајко се покакав“, оти ако ги избркаат од таму се дудуци и не ги бива за ништо.
Академски граѓанин што сонува да работи во канцерогената администрација во нашава земја треба да се срами од самиот себе, ебати академикот ако живееш за да се пикнеш во државно со уште 5 мина на исто биро со тебе и да правиш пола ден муабет што ќе јадеш и уште пола ден за спортска и политика.
 
Знам како е и што е, точно како што пишуваш сега, но погоре викаш треба да се прилагоди човек, силните, општеството ова она, да не се занесуваат луѓе, тоа значи дека треба да ги советуваш луѓето да се зачленуваат во партии а не да им продаваш сништа за приватен сектор, контрадикторно е :)
Најголемите богаташи во приватен сектор во земјава се као црева испреплетени со политика и државни пари :) пак доаѓаме на истото, значи на 17 години дечко или девојка треба родителите да ги седнат и да им кажат вака и вака, влегувајте во партија :) Realnos.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Значи ти онака, без трептај ока си прифати дека си потрошила 5-7 години од животецот и барем 10-15К еура на ветар и магла и си се прешалта да работиш вон струка без мува да те полази. Да не си боксерка нешо, ова она? :)
Кој студира седум години, а не е медицина. :D
Да, се прешалтав зашто не се живее од ветар и магла и од фантазии дека ќе се вработиш некогаш и некаде по струка. Препорачувам сите да го направат тоа, а не да чекаат пари од дома. Фино е да си флексибилен во денешниов свет.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Знам како е и што е, точно како што пишуваш сега, но погоре викаш треба да се прилагоди човек, силните, општеството ова она, да не се занесуваат луѓе, тоа значи дека треба да ги советуваш луѓето да се зачленуваат во партии а не да им продаваш сништа за приватен сектор, контрадикторно е :)
Најголемите богаташи во приватен сектор во земјава се као црева испреплетени со политика и државни пари :) пак доаѓаме на истото, значи на 17 години дечко или девојка треба родителите да ги седнат и да им кажат вака и вака, влегувајте во партија :) Realnos.
За нормален живот не ти треба партија, за големи пари МОРАШ да си ги извалкаш рацете со матни бизниси каде сакаш биди.
На 17 години треба да ги советуваат да си заминат од државата, а во поглед на факултет да завршат нешто што е универзално во цел свет.
 
Член од
17 декември 2018
Мислења
20
Поени од реакции
21
Имам понуда за Германија за почетна понуда со b1гермнски за 5000€. Ја сакам МАКЕДОНИЈА тука пораснав ,имам пријателки и родители кои ги сакам најмногу на свет. ( и брз кои не можам). Не го сакам системот кај нас- ѓубрето , викањето непрофисеоналностса , законот.....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom