PayPal (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Oblivion
  • Време на започнување Време на започнување
Слушнав некои гласини дека наскоро ќе може на македонски PayPal да се примаат пари а не само да се плаќа со него. Има некоја вистина во ова?
 
Слушнав некои гласини дека наскоро ќе може на македонски PayPal да се примаат пари а не само да се плаќа со него. Има некоја вистина во ова?
Ништо немаат кажано за примање пари, само пуштаат лажна водичка.
 
пробав денес да префрлам пари на картица и ми бара банка да поврзам, досега имаше опција и на картица да префрлам, сега ја нема, дали е ова некој апдејт или дека сум близу до границата за withdraw
 
Ве молам дали некој може со точност да ми потврди дали со македонски Paypal може да се примаат пари или неминовна е Payoneer картчка? Бидејќки сум апсолутен почетник во тематикава, молам во најкратки црти доколку има време да ми го објасни процесот на отворање Payoneer, трошоците, врзувањето на Payoneer картичката (сметката) со наша банка и која земја да ја изберам за отворање на сметка за Payoneer (која вие најчесто ја бирате).
ОГРОМНО БЛАГОДАРАМ!
 
Здраво, може претходоно има некој пишувано но има многу страни темава, ме интересира дали се плака членарина за Paypal акаунт. Нешто во вид на месечна или годишна членарина? Фала :)
 
Здраво, може претходоно има некој пишувано но има многу страни темава, ме интересира дали се плака членарина за Paypal акаунт. Нешто во вид на месечна или годишна членарина? Фала :)
Не
 
Здраво на сите

Како и многу на форумов имам пејпал со избрана држава Словенија поврзан преку НЛБ банка. Успевам да префрлам пари на картичката од НЛБ, изгледа сеуште го немам поминато лимитот од 2500 евра годишно.
Прашањето ми е дали можат да не оданочат за средствата што ги префрлуваме, не планирам да плаќам данок иначе...
Еден пријател ми даде совет да отворам сметка во Албанија или Бугарија (иначе имам и БГ државјанство), да го префрлам таму пејпалот, да најдам некоја банка што ја има во двете држави, па да си иставам пари на банкомат во МК. Така би можел да ја избегнам опасноста со оданочувањето.
И дали ќе можам преку БГ пејпал да си го кренам лимитот од 2500 евра.

Фала однапред
 
...

И дали ќе можам преку БГ пејпал да си го кренам лимитот од 2500 евра.

Фала однапред

Апсолутно, и токму ова ти е најдоброто можно решение.

Ако не грешам, Централна Кооперативна Банка е татарска банка присутна и во Македонија.

http://www.ccbank.mk/
 
Епа вака. И јас да си го поставам моето вечно прашање што ме измачува веќе година дена. Доколку има некој поискусен го замолувам да ме информира тука или преку ПП. Бидејќи јас го надминав мојот годишен лимит од 2.500€ преку финтата со Акаунт од Словенија и поврзување на Visa, и не се ресетира годишно пак-бидејќи бараат документи итн. (Фактички тој акаунт е аут и нема никогаш повеќе да се користи). И сега прашањето е дали може да се поврзе картичка (и каква) од друга македонска банка (и која) и исто така преку која држава да се отвори нов PayPal Акаунт. (Друга Алтернативна финта за префрлање и вадење средства на картица). Прашувам бидејќи Амин е за PayPal да пуштат на вадење пари кај нас. За жал. Поздрав и однапред фала на помошта.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Апсолутно, и токму ова ти е најдоброто можно решение.

Ако не грешам, Централна Кооперативна Банка е татарска банка присутна и во Македонија.

http://www.ccbank.mk/
Dexter прво ти благодарам, секогаш си тука за совет на форумов.
Да прашам дали би имал проблем со префрлувањето на истиот акаунт од словенски на бугарски, треба ли да пишам меил на пејпал за префрлувањето? И дали лимитот од 2500 евра ќе си се обновува годишно...? И што мислиш во врска со оданочувањето оваа година, може ли проблеми да настанат?
Фала уште еднаш
 
Навистина не знам за оданочувањето, бидејќи никогаш не сум примал пари преку PayPal.

Едно време го користев словенечкиот PayPal, но само за купување, односно за праќање на пари, а никогаш немав потреба од продавање, односно од примање на пари. Сега го користам македонскиот PayPal бидејќи и онака ми треба само за купување, односно за праќање на пари.

А кога сме кај префрлување на корисничката сметка од словенечкиот PayPal на татарскиот PayPal, не знам колку е тоа изводливо, мислам дека и онака поисплатливо ќе ти биде да отвориш трансакциска сметка во Централна Кооперативна Банка и од таа банка да извадиш Visa или MasterCard дебитна картичка и со таа картичка да регистрираш корисничка сметка на татарскиот PayPal.
 
Значи скроз нова пејпал сметка. Сепак треба да одам до Бугарија, таму да отворам, за податоците да ми се таму регистрирани, евентуално оданочување да избегнам
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom