Можеш, со статистички метод на ко-фактори, со што се зимаат во предвид додатни ризик фактори кои имаат потценцијално влијание на крајниот исход, тоа одамна се прави и е дел од самата наука. Иначе веќе има таква студија, 4 групи беа, иста вера, иста животни навики, одличен BMI, сите физички активни, без хронични болести, без алкохол, без цигари, слична возраст, ист град/област, ист стил на живот, веганите тепаа на скоро сите категории, и тоа воопшто не е чудно, затоа што на скоро сите студии се доаѓа до истиот заклучок = диета богата со овошје и зеленчук е далеку поздрава од диета со значајна количина на продукти од животни.
Теоријата со пестициди не ти држи заради тоа што
една Америка која има далеку полош зеленчук од нас, кога ќе ставиш луѓе да јадат таква храна, се лечат или стопираат прогрес на доста болести меѓу кои и број еден убиецот - срцева болест, (реверзабилност) како и дијабет, додека таква друга студија со омнивор, палео - или кето диета не постои, значи ако зеленчукот е проблем нема да дојде до реверзабилност, него ќе се влоши состојбата.
Ова за канцерот исто така не е точно, не само што не е точно, него процесираното месото е класа 1 карциноген,
додека пилешкото и свинското е веројатен канцероген, така да не знам од каде ти доаѓаат овие идеи, ваљда сакаш да се тешиш
Друго, помогни ми да сфатам, како праиш рестарт, кога храната од растително потекло е повеќе опасна од онаа од животинското?
Кога сме кај фастинг, се си е супер, тука немам замерка.
За крај, нема потреба од H2H ако мислиш дека е комплицирано, пробај 1 месец full on plant based, па врати се на животински продукти, па пак plant based, па пак на животни и ќе осетиш сам.