Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Го изгледа некој Ефектот на среќа, да пиши некој збор?
 
Од кој филм е вториот инсерт што го ставила Сара на јутјуб?
Оној кај што е и Игор Ангеловски и зборуваат дали жена смее да скока по крстот или не?

Мислам дека во Петрунија главниот лик го глуми друга девојка а не Сара.
 
Со крстот дефинитивно е Петрунија.
 
Го гледаше у Малта?

Да.
Добар филм (6.5/10)
Необичен малку за македонската кинематографија и посебно ми се свиѓа што скоро цел филм се зборува на штипски дијалект. Некако му дава шмек на целиот филм а и причата. Кастингот кај одредени улоги е промашен (Лабина Митевска и уште неколку споредни улоги)
Идејата за филмов ми се чини доаѓа од онаа година кога имаше многу глупости кога се фрлаа по крстот, па некако преку женски карактер, режисерот се обидува да го долови македонскиот заостанат менталитет, на моменти низ комични ситуации.
Ја доловува и сликата за тоа како живеат младите во Македонија кои не успеваат да најдат работа со завршен факултет и бесцелно лутаат во погрешна насока. Акцент се дава и на буцкастите девојки кои живеат со своите родители и имаат проблем во остварување на врска.

Сепак, за првпат ја гледам главната актерка (Зорица Нушева) и можам да кажам само пофални зборови.
Чиста десетка за тоа како ја одигра Петрунија.
Честитки и за школскиот мој Стефан Вујисиќ кој супер го одглуми џандарот Дарко.
 
Се заебав што не го гледав во Мај кога играше у Македонија сега ќе го гледам кој знае кога :(
 
Од кој филм е вториот инсерт што го ставила Сара на јутјуб?
Оној кај што е и Игор Ангеловски и зборуваат дали жена смее да скока по крстот или не?

Мислам дека во Петрунија главниот лик го глуми друга девојка а не Сара.
Види ја ти неа. Краткометражен филм на истата тема, што излезе една година пред Петрунија. Освои награда за краткометражен на Санденс.
 
ПУБЛИКАТА Е ЗЕЛНА МИСЛАМ ЗА ФИЛМОВИТЕ САМОУНИСТУВАНЈЕ И БАЛКАН КАН ИНАКУ МАЛКУ СЕ СНИМЕНИ АМА ПАК ЗАТОА СИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ ДАВААТ РЕДОВНО МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПРИКАЗНИ ФАЛАТ ЕУРЕКА И ТВРДОКОРНИ ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВАТ
 
Првата објавена рецензија за Ефектот среќа. Најактивните критичари Игор Анѓелков, Костова и Уневска сеуште ги нема.
 
Ги гледав Медена Земја и Врба оваа седмица.

Медена Земја беше феноменален, Врба се на се има квалитет, добра глума итн ама класичен македонски/Манчевски филм - максимална депресија.
 
Врба да беше американска продукција си онакви кадри и тематика ќе беше кандидат за оскар.

Оној погоре па, голотија и цицки имало. Колку години имате бе, тлинаесет? Филм е ова, не е турска серија, јас мислам да фатат и алкохолот да го замаглуваат.

Едит: Во Господ постои, нејзиното име е Петрунија главна улога е Зорица Нушева. Гледајте ја во Театар Комедија со неа "Нема да платам", ќе погинете од смеење.
 
Со оглед на тоа какви се кршови прават Америве последниве 5-6 години, можда, али реално не е уау филмот.

За мене глупа ствар е што првиот дел го претставуваат ко Средновековие, а пред само 100 години, луѓето на село исто живееле, се пораѓале по ниви, верувале во бабини деветини и слично.
 
Не е уау пошо е наш :)

Тоа е наш проблем што од средновековие до после втора светска не сме мрднале никаде, реално, исто ќе се фатело како и да го прикажат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom