- Октомври 2013, закажување термин во ДАБЧ тогаш се чекаше 10-11 месеца термин само за да предадеш документи за произход (ова со потеклото беше тогаш новина, претходно и само со изјава/декларација се даваше произход).
- Септември 2014, однесени документи во ДАБЧ, процедурата заглави не издаваа произходи со месец, до летото сигурно.
- Јули 2015, повторно предадени документи во ДАБЧ, тогаш се одглави работата и немаше закажуваше термин туку одиш лично и чекаш на ред неколку саата за да те примат и ги предадеш документи.
- Септември почеток 2015, испадна произходот.
- Септември крај 2015, подадени документи во правда.
- Февруари крај 2016, интервју.
- Јануари крај 2017, однесени дополнителни документи.
- Декември почеток 2018, положително.
- Денес потпишан указ, 156 број.
Инаку првично бев со документите од прв братучед така добив произход, а дополнителните се со потврда од клубот во Струмица.
Мислам дека ги фатив сите можни застои од 2013 па наваму, вклучувајќи го и овој последниот.