Мене ова ми личи на некоја second-tier алтернатива на интеграција во ЕУ, која Германија ја дизајнирала однапред како резервна опција, знаејќи дека Франција ќе ја блокира првата опција, а која САД ја спонзорира за да го задржи блокот во својата геополитичка сфера. Практично фрлаат трошки, што ќе сакаат да ги продадат како некаква припрема за идна интеграција во ЕУ, која најверојатно никогаш нема да се реализира. Претпоставувам дека шкртите Германци ја преферираат оваа идеја и ја туркаат активно, бидејќи ја преферираат во однос на оние чаршиски реформи, кои ги најави Макрон, со кои предлагаше да им се отворат фондовите на кандидатите во пристапните преговори, во зависност од “успехот“ во реформите. Ова е многу поефтина варијанта за ЕУ, односно за Германија која го носи најголемиот товар за буџетот на ЕУ. Само што ова не им дава никаква подобра позиција во однос на земјите од Западен Балкан. Претпоставува дека некој уште ќе им обрнува внимание на нивните моркови и стапови. Тоа значи дека лекцијата со Турција сите ја преспале, што докажува дека Европјаните уште живеат во некој друг век.
Ироничното е што, по мое мислење, на долг рок најефикасно, уствари најефтино за ЕУ (најмногу мислам на Западна Европа со ова) ќе беше да отпочнат преговори за членство со сите држави на ЗБ и да ги заглават во нив сите држави од овој регион со децении, што мислам дека беше првичната идеја на Германија и германскиот блок. Мислам дека тоа и стоеше позади притисокот од Германија за да се даде датум за Македонија и Албанија. Така ќе имаа некаква политичка контрола на регионот, а ќе немаше потреба да фрлаат пари на него, односно статус кво доволно за некаква стабилност која ја бараат од овој регион.
Ама ЕУ инсистира да биде Светото римско царство на 21-от век и тоа што е најдобро за Унијата пак заглави во внатрешните национални игри и интриги помеѓу членките. Заглави помеѓу некаква нео-колонијална мисија која Франција очигледно ја има по излегувањето на В.Британија и броењето на секој цент од страна на Германците, како некој стар банкар.
Вака влегуваат во еден маѓепсан круг со други геополитички конкуренти, каде money talks, а не моркови и стапови. Имаше луѓе на Запад што се смееа на описот на ветото како геополитичка катастрофа за ЕУ, и иако катастрофа е преголем збор, овој регион дефинитивно ќе остане геополитички проблем за ЕУ. Западен Балкан не ни голем, ни богат, ни развиен, ни географски и политички особено важен, ама е soft underbelly на ЕУ. Локациски релативно лесен влез на европскиот пазар за кинескиот извоз и потенцијална безбедносна карта за подкусурување на Русија и САД со Западна Европа.
Сега, откако им кажаа на сите земји, фини сте ама сакам да останеме само пријатели, ќе треба да ги извадат парите и да мафтаат со нив пред кое и да е гомно, што политичките системи од овој регион ќе ги вадат на позиција на моќ. Да имаше некој Тито сега, одма ќе знаеше што да прави понатаму

.
Мене ми се чини дека ова е во некоја насока на нова ЕУ со повеќе брзини.
ЕУ со повеќе брзини на крај неизбежно ќе резултира со повеќе Европи. Макрон е очигледно многу добар во бладање геополитички пророштва во светски магазини, ама во реалноста геополитичкиот њух му е изгледа добар, колку на пензионер во жена-парк.
Политичар избран од 30 милиони народ во една држава членка, да биде политички лидер на 500 милиони народ и политички да контролира уште неколку десетици милиони плус. Кој би одбил таков дил. How convenient, сигурно дека никој во Источна Европа, Јужна Европа или во Германија не би имал нешто против таква работа.