Некој да сподели ако има добиено пакет од iHerb после 17 Август и да каже дали можеби декларацијата со производите коишто ги содржи не му била залепена на кутијата(што беше пример во сите претходни нарачки од моја страна) а истата прикачена од страната на пакетот(како на сликата) или можеби ставена внатре во самата кутија,а на кутијата залепена само лепенка со адреса и име на примачот.
Моја претпоставка е дека декларацијата била прикачена на овој начин но кога пристигнал пакетот во Македонија истата е извадена и пошто и самата кутија е отворена,после проверката е ставена внатре во кутијата со производите бидејќи јас таму ја најдов а на самиот пакет имаше залепено само налепница со мои податоци.
Ова е декларацијата којашто се состои од две страни.На првата страна ја пише целата сума од производите и поштарината а на втората само цената на производите.Кога ги отвориле документите на царина,нормално во обзир ја земале вкупната сума и на таа сума пресметале давачки.
Сега ме интересира дали има некаква промена кај iHerb во однос на тоа како ги испраќаат пакетите затоа што јас за прв пат се среќавам со ваков случај кадешто наоѓам ваква декларација во самиот пакет.Обично на самиот пакет ја има залепено 2та страна од декларацијата на сликата(само цената на производите) и секогаш внатре во пакетот се наоѓаат само производите и ништо друго.
Дали има промени кај iHerb или мојот случај е изолиран?