Денес е 14 Септември, последен ден на СЈО како самостојна институција. Кога ќе се направи една рекапитулација од 2015 па се до денес, постоењето на ова обвинителство е уште една тажна приказна од осамостојувањето на Македонија.
Толку многу "потенцијал", со голем процент на поддршка од населението во земјава, башка со дебел грб од амбасадите кои му даваа несебична поддршка во секој момент, и на крај се заврши бедно.
Ќе биде запишано дека СЈО како институција, работеше за партиски интереси, и беше главна алатка за уценување пратеници со цел промена на името, а со тие материјали што ги поседуваше рекетираше и други луѓе да работат во корист на луѓе блиски до власта. Ако нешто не штима во државава, нели покрај здраството, тоа беше судството, а СЈО како институција која требаше да ја врати надежда во правосудскиот систем, тотално ја доисра работата.
Од сите големци што ќе си лежеа од време на режимот (2006-2017), на крај го јадеа само Чавков, и Миле кој моментално додека го пишувам овој текст е на слобода. Грујо избега, другите предмети се заташкаа и никако да почнат, а за комрадите што беа во режимот, ДУИ да не почнувам да зборам. За најболниот дел од граѓаните во државава, случајот Монструм потенцијалните убијци ги пуштија на слобода и еве веќе 3-4 година како тој случај е во Статус Кво. Ова личи како класично пазарење на власта со ДУИ со СЈО како посредник
Од 2015 до денес потрошени се горе-доле 16 милиони евра народни пари во оваа институција, последниве 6 месеци потрошија над 100.000 евра, за што, како, оти никој не знае.... а народот пак е ебан на крај. Благодарение на Ла Верита, откивме еден мал дел од тоа како функционирало ова обвинителство, која им била целта, и како се пазареле со правдата во земјава во замена за милиончиња.
СЈО на крај ќе го ставиме рамо до рамо со Шарената Револуција, дрогираните лица која и нанесоа штета на државата, и се упикаа во владата... само што СЈО трошеше и пари од народот.
Да Бог да сите да завршат кај Боки и Кичеец...