@Bodhidharma , не читаш сине - џабе везеш по форумов...
Да се надоврзам на @Ipsissimus
На еден друг форум сум расправал за вакви „прашања“ 
„И за Еонот претходно и денес:
Црните никогаш нема да сакаат промена! Тие секогаш ќе зборуваат како симболот Марија е совршенство за Жена! А тоа знаеме дека не е вистина! Жената не може да биде зад мажот, да нема пристап до Светилиштето! Секогаш ќе зборуваат како на Човекот му треба Спасител, од надвор (со мали „езотериски“ досетки како тој спасител е во секој, ама не баш така)! Тоа мора да се промени и се менува! Жената зад мажот? НЕ! Жената да не биде свештеничка? НЕ! Жената да не биде своја? НЕ! И илјада и една забрана за жената мора да се промени и се променуваат! Светот полека но сигурно се менува!
Не се создава СЕ ново. Тоа е глупо! Да имаш свет и да го уништуваш за да започнуваш се ново е дело на старо-еонскиот концепт на умирачките богови! Но денес (и претходно многу иницијанти) знаеме дека Сонцето не умира. Сенката на оваа проста планета и неспособноста на луѓето да го сфатат поголемиот план на нивното битисување било причина (и цел на Еонот) да се создаде мит кон воскреснувањето како „втор живот“ после смртта. Денес е сосема друг концептот.“
Исто така, постои есеј чиј оригинален наслов е "Stepping Out of the Old Aeon and Into the New" од fra. Achad но ние го имаме како превод на О.Т.О. страницата само како Нов Еон. Прочитајте го.
Исто на подфорумот „Законот на Телема“ сум запишал неодамна:
„Кроули и Роуз стапуваат во брак 1903-та, на 12ти август, 8 месеци пред Каирското дело (примањето на „Книгата на Законот“ и објавувањето на Новиот Еон).
Во „Еквинокс на Боговите“ (како дел од Магика, Книга 4), како и во „Исповедите“ на Кроули - можете да најдете многу за Јасновитката која ќе го советува Кроули да ги прекрши сите правила и закони, бидејќи - „Тие го чекаат“! “
- Прослава за Првата ноќ на Пророкот и неговата Невеста
И на многу други места на мојот блог како и на форумов е пишувано за менувањето на еоните и учењата во однос НА ЧОВЕШТВОТО, само вие сте научени се да ви е подредено како листа, инаку заборавате или не наоѓате практична примена за работите.
Ние може да релативизираме околу датумот и самата идеја за тоа како жената требало да биде рамноправна со мажот, пример Исус во апокрифните евангелија не ја става под мажот ХИЕРАРХИСКИ жената.
114. Симон Петар им рече : "Марија нека си оди од нас, зошто жените не заслужуваат да живеат".
Исус: "Јас ќе ја оспособам и направам како маж, така таа ќе стане жив дух кој ќе наликува на вас мажите. Затоа што секоја жена која ќе биде како маж, ќе влезе во Домот Небески".
Тоа што христијанството не ги земало во предвид овие учења не значи дека немало такви идеи во тоа време.
Ова што денеска се случува е нормален цивилизациски тек, а ние знаеме и по самата дефиниција на тоа што е цивилиација дека е цикличен процес. И на ова ќе му дојде крајот, уствари јас би се кладел дека на елитите кои владеат со светов највеќе им одговара исламот и кај и да е ќе се имплементира на што поголема површина. Оди барај сонца таму во твојот нов еон.
Околу реинкарнацијата и воскреснувањето и сл. верувања.......кои се доказите кои ќе ги презентираш, што би покажале дека тоа што Кроули го исканализирал е точно?
Зошто на пример едни слични материјали како
The Law of One
не би биле поверодостојни, кога веќе за исти принцип на добивање на информациите станува збор.