По редослед, не чинит Бранко, не чинит Љупчо, не чинит Бучко, не чинит Грујо, не чинит Заев... и? Шо да прајме сеа? Кој апаш да го гласаме следно? То е суштината на политичкава турлитава во Македонија, да не речам Северна.
Сите знаеме што се случува, ама пусто НЕ ПОСТОИ таа е*ана 3та опција. Ја НЕМА! Имаше неколку обиди ама џабе е све кога на избори никој не може да победи без поддршка од ВМРО или СДСМ.. (за македонскиов блок зборвам)
И до кога вака? 30 години не мојме да излезиме од транзиција, 30 години само криминалци гласаме за предводници на орото... и?
Кој бенифитира? Ние обичните мрсулковци? Не бе луѓе... Не најдоа овци, и само не стрижат до бескрај.
Не НАТО, не ЕУ... абе Америка да не прогласит за нивна сојузна држава, ЏАААБЕЕЕЕ. Народов овде е искомплексиран до даске... менталитетов ни е многу назад од аспект на 21век. Секој мислит дека е во право, секој е попаметен од соговорникот, сите учат за да бидат директори еден ден, сите лепат плакати и ваѓет членски книшки пошо нели... без тоа, шансите за работа или кариера се сведвет на нула.
Па веќе крај нема ова.. Кого стави го на власт, све од лошо - полошо. Не знам, стварно не знам кај ни е крајот ама со ова темпо, со овие наши политчари - апаши... ние сме осудени на пропаст.
И не знам што е толку тешко да се свати ова.. Едноставно (Северна) Македонија е држава во која останаа напатените, искомплексираните и шо ти знам јас таму какви синдроми постојат.. ама едно сум сигурен - Све шо беше саглам едуцирано, секој интелектуалец и реален човек ја напушти земјава. Секое дете, било тинејџер или апсолвент на факултет, летна, избега што подалеку од оваа бедотија.
Македонија е земја што остана без саглам човечка "инфраструктура" за да се има барем надеж дека може да дојдат подобри години. Жалосно... катастрофа
