Ок... воопшто не пишев во групава, но ве пратам барем 2-3 пати неделно во последната година, па заслужувате инфо...
За жал, моето прво-второ пишување е за ди ви соопштам дека добив „Отказ на Вицепрезидента на Република Б'лгарија № 04-12-110/10/ от 31.07.2019 г.“
- Отказот е објавен денес, или евентуално од викендот, но гледам дека е од 31.07.
- Број на преписка 86ХХ/2016. На интервју бев во Софија на 11.09.2017 год.
- На положително сум одприлика од Август 2018 год. Што значи 1 година чекав за потпис од Вице.
- Аплицирав со документи од Вујко, без дополнителни потврди.
- На интервју поминав одлично, без треми, паники или несакани одговори.
- Од останативе работи кои можат да Ви користат... нема ништо посебно... процедурата си течеше без никакви барања за дополнувања... презимињата по дукомунтацијава си беа ОК... немам некакви прекршоци, кривични дејствија... џаст а регулар гај ... генерално се изненадив од отказот, но сепак не ми беше за работа во странство... него бекап... можеби ќе аплицирам повторно, дека не е скапа инвестиција во однос на тоа што добиваш...
То е то..
Со среќа момци и девојки...