Моментот ,,erga omnes" вметнат во наводното решение за името најмногу ќе се почувствува во вакви моменти, кога ќе треба да се слават празници како Илинден, 11 Октомври...
Оти секое споменување на придавката ,,Северна'' во контекст на овие празници по дифолт значи дека сте контрадикторни наспрема сопственото постоење. Во крушевскиот манифест изрично е нагласена борбата за автономна и слободна Македонија. Преку договорот и со Грција а посебно оној со Бугарија се губи поентата на било какво чествување организирано од државниот апарат. Ваквите празници за било кој сегашен и иден политичар на раководна функција ќе бидат пукање во колено. Ај остајте го Муртинецот и онаа чудна креатура Пендаровски, таму ќе бидат присутни претставници на наводната интелектуала, академици и што ти јас знам. Како тие ќе го оправдаат своето присуство таму, и што уствари оваа продадена корумирана бирократија ќе слави на 2ри Август и во чие име ќе го прави тоа?
Од симбол на гордост, националните празници кај нас се претворија во симбол на срам и понижување.
Јас не знам што е капитулација ако не е ова. Самите да си забраните да го користите името на земјата за кое што биле свесни генерации наназад.