Од вчера читам и не можам да поверувам до кој степен некои ги зафати еуфорија. Гледам некои се членови уште од 2005 на форумов ( а и kajgana.com гледам ги следи насоките секоја вест која излегува од.. започнува со владата на репубљика Северџистан, владата на ..) значи следат политички збиднувања и театар, па ме зачудува како тоа не ги гледат очевидните работи...
Прво оваа што го правеле педро и екипата е стандардна процедура како работат медиумите во демокрастки амбиент, за да се креира мислење во врска со некоја политика-интерес се врши репрограмирање на биороботите и тие по некое време по завршениот процес почнуваат да се однесуваат... односно влегуваат во автосинхронизација.
Овде се сака да се покаже дека вршеле примитивни облици на криминал што не е за чудење ако се има во обзир екипата и нивниот капацитет (екипата создадена од разни профили и секој во својот домен ги користи ресурсите па така вршат молзење на инаку многу чесни и големи бизнисмени и конзуљи), во светот оди поинаку медиумите креираат јавно мислење (програмираат) и потоа се изведува операцијата. За вакви услуги се наплатува и тоа прилично, така некако се изврши и операцијата Северџистан.
Вакви ситни криминалци со ограничен интелект се потрошна стока, мене ме интересира...
Што се случувало колку од Зорани, Геровци, Димитрови и кремот имаат наплатено од оние пари кои Грција и Сорос ги пуштија во Македонија а за да одработат за Северџистан. Не мислам дека Грција јавно ќе објави на кого и колку пари му се исплатени ама се надевам дека оној дебелиот министер ќе бега па ако избега овде да ни каже кого и колку го плаќал.. Е таквата вест ќе биде музика за моите уши!
Пред некое време Павле Кокаиновски беше главна звезда денес никој не го спомнува, се работи за наркоман кој гласаше да се смени името и никој мува не го лази...
Потоа се јавија многу други од квислиншката вљаст како крадат народни пари
“““жена на Горан Михајловски, снаа на Цветанка Ласкова, и брат на Сашо Орданоски - заедно лапнаа 770.000 евра за иновации. Седумстотини и седумдесет илјади евра, е па сега скенирајте фискални“““ па повторно затишје
Па ги гледавме актерските способности на Црпе како со руски мајстори се бламира себе и цела Македонија...
За да заборавиме на Црпе и неговите бисери сега ни се дава нова серија “Кате и Педро“... (да нема недоразбирање овие треба да завршат во затвор ама треба да одговараат и за велепредватство и злосторства против Македонскиот народ е дури тогаш ќе можам да спијам мирно)
Уште што ќе направат само за да не збориме за геноцидот кој го направија над Македонците!
Аман бе човек, како верувате на вакви теории не можам да ви се изначудам. Абе ова е на ниво на мубет во селска продавница седнати на гајба пиво со мортадела и вегета. Не знам што понатаму би разговарале кога веруваш во ова, на ниво на рамна земја, кемтраилс, вонземјани, лек за рак и сида итн...
не знам како да ти нацртам а да ме разбереш.
Ти одговорив на сите поставени прашања сега гледам не ти се допаѓа одговорот, добро речи каков одговор сакаш таков ќе напишам.
За да нема недоразбирање ете уште еднаш: ОТАН го “напика“ Северџистан во своето јато затоа што се слободарска организација и сојуз кој оди по светот ги ослободува државите и народите, нас не ослободи од името кое ни правеше многу проблеми за да живееме подобро, како што тргнало ќе ја ослободи и територијата од Македонци за да нема несакани појави како оние терористите од 27 април 2017г.
Проблемот кој ти не сакаш и не можеш да го видиш е што тие не ја примат Македонија туку Северџистан, затоа немој мене да ме обвинуваш, не сум јас виновен затоа што ти не можеш да видиш очевидни работи. За твоите мисли дека сето тоа е заради затварње на јужното крило на НАТО пишував пред ти да почнеш да ... ама таа е е комплексна и многу тешка тема не е за секој и мора да се гледа големата слика а не само еден сегмент па врз основа на него да се носат заклучоци.