Де Лихт е моментално најисфорсиран фудбалер.
Ок, млад е, градба страшна, го има лидерското во него, огромен потенцијал. Но дечкото какви киксови правеше, Фил Џонс може да му позавиди. Кога ќе ми текне и Џонс беше со слични предиспозиции, новиот Данкан Едвардс.
Паметен потег што оди во Јуве, ќе има од кого да учи а и Сериа А не е толку медиумски експонирана по секој кикс да го растргнуват. Огромен потенцијал но моментално не е толку добар колку што го прават. Де Јонг ми е бр. 1 од оваа генерација на Ајакс и очекувам да изгази следна сезона.