Еве:
Што бара СДССС во собрание? - Народни избрани пратеници, од политичката партија која е на власт е нормално да си бидат во собрание и да носат закони. Не е нормално партија која вели дека Претседателот на собранието е нелегално избран да седи во тоа собрание и да постапува по налогот на истиот тој нелегален Претседател.
Зошто ја уништува Македонија? - Мислиш зошто ги носи одлуките што ги носи? Затоа што е на власт, и затоа што никој не им се спротивставува. Ако имаше опозиција или народ да се спротистави, немаше да се донесат овие одлуки.
твојата позиција, дека прашањето не поттикнато заради и во интерес на Македонија и државните-националните интереси, туку за власт, пари и многу пари - Да, јас добивам огромни суми за овие постови. Како ме откри?
Вакви рабоќе (сдссс биле народни пратеници а дпссне пратеници чии се --- ниту едните ниту другите се народни пратеници, не спинувај, биди ...) мислам дека немаше ни Зокито да тресе, потсреди се малку.
Бидејќо одговорот ќе биде прилично... се надевам дека не си од оние што сметат дека читањето го слаби видот.
Како прво Македонија никој не ја праша дали да ја стави на линија на огнот, таму се најде без своја желба но заради неспособни и пред се квислиншки елити кои се одгледувани со децении. Оваа треба го покажува надворешниот фактор кој за цело време ја менаџира кризата во Македонија а со единствена цел да не “забега“ и уште поважно да не се прелее наоколу.
Стратешките партнери и пријателите кон кои Северџистан граби со големи чекори се силите кои имаат интерес да не постои Македонска држава ма како и да се вика таа. Самото постоење на македонска држава ги загрозува нивните интереси кои се веќе имплементирани преку творбите во нашето опкружување. За таа цел се одгледаа две групации кои требаше да одработат и да завршат работа. Во персоналниот избор и нивното програмирање се користат софистицирани техники, некои се тестираат, и така на крај добивме две групации едната предводена од Зокито а другата од Мицкота.
И двете групи имаа точно одредена задача која треба да ја завршат, едните требаше да бидат предавници а другите требаше да извршат амортизација и пасивизација кај Македонците, до сега и двете групировки одлично си ја извршуваат задачата затоа и ги држи газдата. (како аргумент би го навел интервјуто на Мицкота кај Васкота уште пред да биде претседател на ДПССНЕ, каде чове кој многу јасно рече што ќе работи кога ќе биде....)
И за крај еве одговор на прашањето што мајка бара ДПССНЕ во парламентот:
ДПССНЕ (раководните структури во таа....) има за задача да спречи секаков обид за отпор или создавање на сили кои би можеле да го проблематизираат растурањето на Македонија, а кое се изведува во неколку етапи и во процеси кои се протегаат со децении. Затоа и како што сите гледаме не може да дојде до појава на патриотски сили, туку уште на самиот старт се етикетираат се конструираат разноразни приказни кои треба тоа да го оневозможат. Да се разбереме оваа не го прави само ДПСССНЕ туку и СДССС кога првите не можат успешно да одиграат другите “праваат кворум“, Па така Бачев, Солза, Палевски и низа други станаа најоцрнуваните ликови во повеќе случаи смислено со валкана цел. Драстичен пример за колаборација меѓу овие и оние се ПИ каде за да не пропадне проектот Северџистан се вложија сите напори и ресурси се даде цензус на велепредавството...
Растурањето е започнато многу порано, уште пред атентатот на Кирчо, па продолжи со 2001, па со територијална организација, сега се продолжи со јазична федерација па потоа ќе се оди на политичка федерација или кантонизација и на крај ќе гледаме финале! Ваквите процеси се проектираат за подолги временски периоди за да има генерациски смени и да се одработа без големи турбуленции.
За сега се оди по планот. Туку, зар тебе како “високо позициониран службеник“ не ти рекоа овие работи?