Огласи за вработување кои го заслужуваат вашето внимание

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Штама на Енфилд :D
Моментално во Северна нема огласи за работа кои го заслужуваат нашето внимание.
 
Дечки, како можам да се информирам за пракси што се нудат во Битола од областа на економија?
 
Што се подразбира под заслужување внимание? Плата над 30к ? :brlav:
 
Што се подразбира под заслужување внимание? Плата над 30к ? :brlav:

ОГЛАСИ ЗА РАБОТА од било кое поле. Знаеш зошто се отепани и необразовани во нашава земја и секогаш ќе бидат радничка класа? Оти главна инспирација е баш тоа што го пипа "плата над 30.000". Значи дај што да е само нека има пари од чистење гомна до android developer, маркетинг, шофер, лаборант...
Повеќето бараат добра плата а не добра работа. Затоа најчесто завршуваат на странскиот пазар со метла во раце или со кецела на миење садови.
Ретки се таквите овде кои имаат воопшто поим за кариера и одбрале некое поле на кое ќе се надоградуваат, за во иднина да се компетентни во одредена струка. Буквално ваквиот начин на размислување кога се прашува колку е плата а не каква работа, ги замени арабаџиските магариња до луѓе.
 
Да не сака некој од вас да работи како монтер во фирма за мебел? Платата е и повеќе од солидна, нето 300 евра со бонуси и стига до 600 евра, нормално кој сака да му стигне платата толку :) пријавен и осигуран се тоа, сигурно јас нема да нудам овде шпараџиски работни места кога и сама ги хејтам.

Ако има некој заинтересиран пишете ми ПП :)
 
Со туристичкивe агенции некој да има искуство ? :?:
Изгледа како што почнува сезона им гори под нозе, пошто нормално не им текнало на време дека ќе им требаат екстра вработени за овој период, па огласнициве саде побарувачка за туристички работници.
Кажете ми општо услови како се кој знае ( плата, работно време, дополнителен приход, тешко-лесно, мора ли со факултет туризам да си, да имаш лиценци за водич-пратител, два-три јазика да знаеш, итн.... ) ,
А и конкретно ме интересира за овие две агенции :

1. АГЕНТУР
V9kiRvOMA0yl1v3He4bgVw-large.jpg



2. МтТравел
mt-travel-logo.png



Секое споделено искуство е добредојдено, и високо ценето .

Фалааа :hug:
 
Дечки, барам некоја хонорарна работа. Дипломиран новинар сум со четиригодишно искуство. Освен што пишувам, добро раководам и со фотоапарат. Сум работел во повеќе медиумски куќи. Поздрав
 
Сакам да прашам за Бианко(издаваат хотелски соби) - Ања на кеј
- ист сопственик бил.
Знае ли некој што луѓе работат таму и што луѓе се газдите? Гледам некои огласи за работа се вртат, па не знам какви се луѓето.

Според моево претходно а и сегашно работно искуство (лошо) на светов се и сешто има, тешки будали, па се плашам пак да не нагазам на некоја уште полоша работна средина, па да си имам работа со секакви луѓе.

Преку глава ми е со будали и неписмени луѓе да се расправам, сакам нормална работна средина.

Па за тоа ме интересираше некој да не знае некое корисно инфо за таму.

Секое инфо е добродојдено.
 
Што подразбира работно место истражувач на пазарот?

Го работел ли некој ова некаде во некоја фирма? Ако има некој да сподели искуства.
Што е тоа што е во доменот на тоа работно место. Кои задачи се извршуваат?
 
Здраво
Дали некој знае нешто повеќе за Wabtec MZT да сподели информации или ако знае некој што работи таму?
 
Здраво
Дали некој знае нешто повеќе за Wabtec MZT да сподели информации или ако знае некој што работи таму?
Јас имав другар што работеше таму се додека не најде подобра работа. Зависи што ќе работиш но коректно плаќаат и почитуваат закони.
 
Некој да сподели информации за Delco конкретно за администратор лесна ли е работата одговара ли за женско работно време плата?
Благодарам
 
Некој искуства во Зонел? Планирам да аплицирам, ама никаде не можам да најдам работни искуства.
 
Некој да сподели информации за Delco конкретно за администратор лесна ли е работата одговара ли за женско работно време плата?
Благодарам
Хахаха, ако имаш живци ко коњ одговара :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom