Луѓе, молба за инфо/совет.
Минатата година со посредникот поднесовме документи во МП и интервју имам закажано наскоро. Проблемот е што стариот документ на кој се повикувам за потекло не е меѓу поднесената документација зашто посредникот сметаше дека нема потреба да се вклучи во истата и тоа нема да биде проблем. Читајќи од искуствата на други членови од темата документот секако сакам да го доставам да не завршам на дополнителна и сл. и така додатно да губам време. Бидејќи веројатно на самото интервју нема да прифатат документот директно да го додадат во предметот ќе треба да се оди по пат на молба.
Наназад низ темата најдов образец за молба но не ми е јасно следното: во молбата (така како што е тука поставена) стои дека треба да се наведе број на молба и број на преписка. Јас број на молба имам но број на преписка немам. Како да постапам во овој случај, да го напишам само бројот на молбата а бројот на преписката да го изоставам или треба да чекам да добијам и број на преписка?
Уште едно прашање, претпоставувам дека доставувањето се врши на истите шалтери но дали треба и претходно закажување?
Однапред благодарам.