Нека нека... Да, може така да се третира. Но, зградите се правени во друго време кога е предвидено да се греат на централното парно греење, а не да се исклучуваат.
Дали снабдувачот плаќа за земјата каде што поминуваат цевките, не знам. Лесно е да се бараат вакви рачки. Може и да се затворат фирмите кои работат со топлинска енергија, сите да се греат на струја, дрва, пелети... Ти што мислиш дека е покорисно за државата? Јас мислам дека парното е многу подобра варијанта, дури и со закон да се обврзани луѓето да го користат ако сакаат да имаат станови во тие згради, заради помало загадување. Замисли, во една зграда од 20-30 стана, половината од сопствениците да не живеат во нив, па останатите за да имаат парно греење да мора да плаќаат енормни цени. Во принцип, да, секој да плаќа што користи, ама ако е така, нека не се буни народот ако има загадување. Кога регистрираш кола, плаќаш и за одржување на патиштата. Што ако не ја возиш колата надвор од градот? Зошто се плаќа? Мислиш дека ќе може да функционира општеството ако за се' се водиме на тој начин? Уличното осветлување кој треба да го плаќа? Оние кои живеат во тие улици? Ами ако во една улица од 20 куќи, 15 не живеат тука, кој да го плаќа осветлувањето? Останатите 5? И само една светилка да им се пушти? Не, мора цела улица да е осветлена. Исто и за подигање на сметот. Камионот мора да помине без разлика дали живеат 5 или 20 семејства. Затоа, не е баш така едноставно. Тогаш да се остават луѓето сами да си ги менаџираат комуналните потреби, поединечно, па да видиме дали ќе може да се стави ред.
Слично и за јавниот радио и тв сервис. „Јас не гледам МТВ и не сакам да плаќам“. Па МРТ не е создадена на комерцијална основа, да плаќа само оној кој гледа, туку како национален сервис.
Во општеството треба да се има и одговорност, а не само права.