bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.322
- Поени од реакции
- 7.781
Абе последните години и отселувањето станува помодарство. Имате ликови кои тука имаа работа нишај врата-земај плата и отидоа надвор, таквите ќе пиштат и ќе се пишманат дури се живи (во поголемиот дел од државните институции администрацијата нема некои wow примања и затоа има и од нив што сакаат да заминат, арно ама лоша навика е мрзата и после е работава држ ме мајко се покакав).
Скапо е секаде ако немате кров над глава, киријата секаде ви јаде >половина плата особено ако сте фамилијарен и факт е дека скоро никаде нема да станете милионери со чесна работа, целта е да живеете во колку толку посредено општество каде функционираат институциите и да не дишите чад како тука.
Не можи да најдат место за прифатлива кирија а пак не да купат таму сега ако се одселуваат. Типов има канал кој што се бави со анализа за купување продавање и издавање куќи, и во сите земји со англиско говорно подрачје секаде обичниот човек не можи да живее во големите градови. Вика најнеисплатливи се Торонто, Ванкувер, Сиетл и Сиднеј.