Јас само велам дека е глупо да се потпаѓа под нечии махинации. Пред да се гласа не треба да се заборави ни вмро, што се правеше единаесет години, а уште понаивно е да се тргне со став дека ова вмро сега е некаква си реформирана партија, исчистена од грујовите рецидиви.
И да дојдат на власт ништо нема да сменат. Името ќе си остане исто, нема да ревидираат ниту една штетна одлука на есдеес, туку ќе продолжат од таму каде што тие ќе застанат. И албанец претседател, по мене е само прашање на време. Ако не сега, тогаш на некои наредни избори некој и тоа ќе му го даде. Се што до сега албанскиот политички блок стави на маса како барање, се помина.
Гласајќи за било која партија на избори, независно дали е вмро или сдс, ние истовремено нашиот глас го даваме и на дуи, по што тие се во секоја власт.
Она што на оваа држава и треба е промена во избирачкиот систем, а во ваква една констелација тоа тешко дека некогаш ќе се случи.