Дел од финалните информации кои ги добив за,
Криминалната шема на Албанците во Македонија се дека
Бекир Асани Беќо и
Екрем Дардишта се врвот на криминалот кај нив, што во принцип и не е ништо ново.
Бекир Асани е оној со случајот на полицајката и пајакот, а прв пат неговото име се рашири во јавноста по претепувањето на Тодор Петров и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу пред неколку години. И не се само тие туку и ред други насилства и престрелки. Официјално во јавноста е некоја шема на бизнисмен, а освен црните дела за ДУИ, партијата го штити до крај зошто Бекир крие многу тајни за нивната внатрешна структура. Една од работите која се знае е дека Шеваљ Муареми и Оки Б. се под него и на некој начин работат за него.
Прегледај го приврзокот 204431
Овде има најкомплетно објаснување за Бекир.
https://www.slobodenpecat.mk/analizi/koj-e-bekir-asani-chovekot-shto-zakon-ne-go-bie/
Екрем Дардишта е ликот кој е газда на ресторанот Шкупи пред кој се случи нападот на полицајката, Екрем е исто така голем лик во ДУИ, но помалку експониран. Се зборува дека е тотален психопат со две војни зад себе, и без разлика колку и луѓе да има околу себе и самиот пука во конфликт без проблем. Во случајот со полицајката и он бил во ресторанот и толпата од 40 полицајци ги растерал со пцовки и закана. Позната е и приказната дека директорот на ЕВН не земал плата неколку месеци поради тоа што во Шкупи влегла инспекција.
Прегледај го приврзокот 204432
Екрем е вториот од лево. Покрај другото фактор кој многу ги држел и двајцата е тоа дека освен што имаат испрано тешки милиони, што од легални што од крими бизниси, Бекири и Дардишта биле големи фамилии со по 100, 200 луѓе од иста крв.