ќе пишам уште ова во врска со несреќава и толку од мене,,од 2009 до 2015 год додека студирав на медицина секој ден патував те-ск со автобус,,првите 2 год до 2011 год автобусите беа катастрофа,,имаше еден автобус од ЖАС-БУС гостивар (сегашен Еуротурист) беше како хорор филм, искривен на една страна и нз како го пуштаја на технички,,после 2012 год почнаја со поригорозни контроли и инспекции и скоро сите компании набавија нови автобуси (не нови од салон туку половни од германија,ама солидни). Проблемот е што тие автобуси од 2012 до 2019 се истите и ден денес,(со оглед на тоа што знаеме колку се сервисираат редовно кај нас и како се поминува технички преглед) и делумно се изамортизирани, Друга работа е тоа што автопатот СК -Те е во катастрофална состојба,,и има некој места каде што се спаја надвожњак со автопатот преку метални шини и има премногу зјај меѓу нив и лесно може да дојде до пукање гума ( ова ми го кажа шофер на автобус зашто секогаш возеше по лентата за допирање кога ќе дојдеше до овие места) Друго,,од скопска патарина до групчин има локални продавачи кои си прават менза на патот и ѓубрето ( дрвени гајби , скршени шишиња) ветер го разнесува по автопат. Трето ,,имам возено повеќе пати те -ск и обратно по автопат со точак , и кога се возиш со кола не ти изгледа толку страшно ,ама кога си од близу јасно се гледа дека има дупки и по 20 цм длабоки полни со секакво ситно и остро ѓубре,, а има и многу стакло расеано по помшната лента. Четврто ,од Ск према Те точно пред удолницата за тетовска путарина има потпрено пукната камионска или автобуска гума, која седи на истото место од минатово лето. Нз како до сеа никој од македонија пат не ја тргнал (не дај боже некако да се дотркала на среде пат) Петто мрежата кај карпалак е скапана и цело време има одрон на камења, ден пред несреќава со бусов, комбист ми кажа пред негови очи моментално одрон на камења ,налетување кола на камен 4-5 пати вртење среќа што не прешла лента и застанала до банкина. Шесто ,,ова вчера не е трагедија, тоа е македонска реалност,трагедија е што ова е 4 ти инцидент со автобус последниве година дена ( еден се запали, друг се преврти, трет исто му пукна гума во движење среќа немаше никој жртви) на автопатот Те -Ск , и ништо не се презеде да се подобри безбедноста , Седмо, за месец дена рачунајте вие што сте по партии ќе ве возат со истиве автобуси ,па дури и полоши по митинзи,таке да пред да влезете проверите си колку шара имаат гумите и среќно