Не сум против членството во НАТО, ама за нас нема да има ни мали а не пак големи придобивки.
Како прво кој фактор сме ние во НАТО, што имаме ние за да се гордееме да бидеме членка на НАТО.
Спореди ги војските на сите НАТО членки и спореди ја нашата војска АРМ.
Во 21 век успех за нас е што сме доделиле униформи на 300 војници и старите гуми на камионите сме ги замениле со нови.



А за тоа дека нема делење, размисли уште еднаш бидејќи ние сме веќе поделени.
Пошто постот ти е за нато, почни со поделбите во АРМ.
Поделени сме на Македонци и Албанци од пред недела дена веќе и официјално со тоа што албанскиот јазик стана официјален во РМ.
Поделени сме по политички партии, богати и сиромашни итн....
Сонот за Голема Албанија не е пропаднат туку стана реалност.Прво независно Косово па сега тоа што се случува во Македонија и еве ти ја Голема Албанија ја има.
Незнам како ти го замислуваш проектот Голема Албанија, ама тој никако не е со спојување на територии и прогласување една држава, Албанија(ГОЛЕМА) како држава нема ресуср за да го издржи населението кое би се припоило и одговара да се на товар на другите држави.
Исто така убав ти е примерот со Каталонија па паралелно спореди со нашата ситуација како се крши волјата на народот искажана на РЕФЕРЕНДУМ како најдемократско тело, тоа е жртвата за членство на НАТО, а што е најжално ?
- Шпанец ќе ги брани интересите на НАТО и во исто време ќе мава пендраци по неговит сограѓанин Шпанец за некој трет да профитира, ама битно сме во НАТО!
Друже денеска си честитаат членство партиските војници модерно АДМИНИСТРАТИВЦИ со по 40к плата и уште еден куп бенефиции, додека другите граѓани незнаат како да сврзат крај со крај.