Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Кога ќе ми излезе некој со оправдување на рамнодушноста на народов за процесиве што изминативе неколку години ни се случуваат, вклучително и најпоследнава, промена на името и законот за јазици и ќе ми рече дека на народов му било преку глава од се, немал повеќе воља да се буни затоа била оваа апатија...

Добро бе, кога оваа мизерија од народ за овие три децении самостојност се побунил за нешто? Најголеми собири ни се митинзите на политичките партии, а протести од заеднички интерес без партиски предзнак кога се организирале? Кога овој народ спонтано излегол на протест за да го канализира својот револт и незадоволство кон политиките на некоја актуелна власт?
Причини еден куп а изговори за седење дома на топло уште повеќе.

За некој да рече дека му е преку глава од се, истиот тој треба до тогаш да ги имал искористено сите механизми на отпор и протест, и тоа без успех. Нас ни се случи криминална приватизација. Освен некои спорадични протести тој грабеж помина мирно. Војна во 2001 година, редефинирање на државата...ништо! Територијална прераспределба на општините, сем протестот во Струга остатокот од државата не мрдна со прст. Го приватизираа ЕСМ, ја лапнавме бонбоната на Шекеринска во форма на повисоки сметки за струја. И тогаш имаше одредени апели за протест, ретко кој се одѕва, и тие што излегоа беа гледани со потсмев од остатокот на државата...

Да бидеме реални, ние не сме државотворен народ. Лесно е да ја продадеш куќата на дедо ти и татко ти ако си ја наследил без пот. Затоа се однесуваме толку ноншалантно кон актулените процеси, немаме почит кон самите себе како прво, кон нашите претци и нивниот помен, па тогаш како очекуваме светот да има почит за нас. Самите си ја сечеме гранката врз која што стоиме.
Блазеси му на швабите со вакви амеби, безкичмењаци, безгласни букви...ние сме родени измеќари, тоа ни е во генот.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426

Си слушнал некогаш за социјален инжинеринг.... апатијата што ја шириш со постов е резултат на тој процес ....

генетиката нема врска со state of mind...
 
TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.291
Си слушнал некогаш за социјален инжинеринг.... апатијата што ја шириш со постов е резултат на тој процес ....

генетиката нема врска со state of mind...
Затоа треба овие новинари наши, стари и нови да се казнат како најголеми злосторници. Тука парата има највеќе избушено, и по нешто на митинзи и протести.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Излишни се сите зборови...

Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Си слушнал некогаш за социјален инжинеринг.... апатијата што ја шириш со постов е резултат на тој процес ....

генетиката нема врска со state of mind...
Не ширам ништо намерно и не сум напишал ништо што не е напишано мал милион пати на темава.

Значи социо-инженерингот е одговорен за апатијата кај народот?

Напишав долг пост и го избришав, не ми е јасно на што алудираш, веројатно знаеш нешто што не знам.
Беше иницијатор на протест против актуелните состојби во државава и ме интересира до каков заклучок дојде, зошто овој народ не протестира?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
абе слушам ќе сме постанувале држава. има ли нешто во тоа или празни муабети се
Мислам дека ич не треба да се сомневаш, нобеловецов најавува опинци ...

https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/zaev-zhelezni-opinci-kje-oblecham-prosechna-plata-od-500-evra-vo-makedonija-kje
Заев: Железни опинци ќе облечам, просечна плата од 500 евра во Македонија ќе има
Со разрешени бариери, проблеми и пречки, без ниту едно отворено билатерално прашање, Македонија конечно може да прави крупни чекори напред за развој на економијата. Сега мора да работиме. Сите. И Владата, и Парламентот, и граѓаните и бизнимените. Прогресот ќе зависи само од нас. Железни опинци ќе облечам, просечна плата од 500 евра во Македонија ќе има, порача премиерот Зоран Заев од денешната трибина во Велес.

Доста е политика и политиканство, потенцира Заев. Мора да ги засукаме ракавите. Државата ќе ја биде, само ако народот има пари, а во таа насока се фокусирани и владините политики.

Според него, Македонија има капацитет и тоа мора да го искористи, да овозможи луѓето достоинствено да заработуваат и да живеат, младите да не си одат.

„Ветувам и храброст и одважност. Ќе правиме економија за достоинствен живот на граѓаните. Мора да имаме економски задоволни граѓани. Со сите политики, со стабилизирани финансиски аспекти, со пријатели по целиот свет, со фондови од ЕУ, и тоа како ќе го подигнеме стандардот. Најавувам храбри одлуки. Ве повикувам да ме следите. Да работиме сите, министри, администрација, општини. Ова наше парче земја да го направиме достоинствено место за живеење“, истакна Заев на трибината „Силна економија, шанса за сите“.

Економската перспектива тој ја гледа и преку зголемување на потрошувачката и куповната моќ што, пак, оцени, зависи од инвестициите во државата.

„Со безбедност и стабилност, со членство на земјава во ЕУ и НАТО, и тоа како очекуваме и домашни и странски инвестиции“, подвлече Заев.

Премиерот потсети на спроведените мерки досега, на зголемувањето на просечниот личен доход, на даноците, на намалувањето на наследените долгови,… Напомена и дека буџетот е ревидиран.

Можноста за развој на економијата, предочи, најмногу се отвори со решавањето на прашањето со Грција.

„Заради огромната желба да донесеме благосотојба, се зафативме со решавање на големите прашања. Тешки биле, болни, со многу пречки. Но, моравме да ги решиме, да го надминеме понижувачкиот однос. Не викаа ФИРОМ, не ни беше дозволено да зборуваме на нашиот јазик додека светот одеше напред во сите области. За да го решиме проблемот со Грција, моравме претходно да го решиме проблемот со Бугарија. Од незвоможното направивме возможно. Покажавме дека со европски манири и овде на Балканот негуваме европски вредности“, нагласи Заев, укажувајќи дека земјава досега 27 години одеше назад.

Премиерот уште еднаш потенцира дека Договорот со Грција е модел на градење пријателство кој го почитува минатото и гледа во иднината.
 
Последно уредено:
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Мислам дека ич нетреба да се сомневаш, нобеловецов најавува опинци ...

многу е ова, и од заев да е многу е. неверојатно е колку глупости и лаги може да каже овој човек
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
многу е ова, и од заев да е многу е. неверојатно е колку глупости и лаги може да каже овој човек
Добро ај ако не му веруваш нему (иако не знам зошто не би :D ), тогаш другиов е за верување ...

https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/angjushev-chetiri-kompanii-odluchija-da-investiraat-vo-makedonija-platite-kje
Анѓушев: Четири компании одлучија да инвестираат во Македонија, платите ќе растат како резултат на инвестициите
Откако стигна веста за ратификација на Договотот од Преспа во грчкиот парламент добив информација од четири компании дека одлучиле да инвестираат во Македонија, истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на трибината „Силна економија – шанса за сите" што се одржува во Велес.

Тој во одговор на прашање од стопанственик рече дека во моментов се разговара со стотина компании за инвестирање во земјава и посочи дека сите чекале да се реши проблемот со Грција, за да се одлучат дали да инвестираат.

„Сите беа ставени и чекаа на стенд бај и вчера со инфорамцијата дека помина гласањето во грчкиот Парламент добив четри потврди за инвестиции. Немојте да очекувате дека како претходно државата ќе ги насочува странските инвестции каде да инвестираат и да им вели во оваа општина ќе отвориме ТИРЗ, а ваму ќе ги помагаме доколку инвестираат. Тие ќе одат таму каде што имаат интерес и има неопходна работна сила“, им порача Анѓушев настопанствениците присутни на трибината.

Порача дека платите во Република Македонија ќе растат како резултат на инвестициите што ќе дојдат, а за да ги привлечеме, додаде, неопходно е да има соодветно обучен кадар.

„Образованието ќе биде клучен проблем на македонската економија во следните неколку години, нема да се ниту субвенциите, пристапот до фондовите, урбанизмот, градежните дозволи. Со закон можете да создатете услови, но луѓе не можете да создадете. Кадар се креира низ образовниот процес, а ние го рунираве и напрвавиме за потсмев изминатите 15 години, рече Анѓушев“, додавајќи дека е неопходно да се врати средното стручно образование.
 
I

INFECTED

Гостин

Заев: Железни опинци ќе облечам, просечна плата од 500 евра во Македонија ќе има“

Да се гониш у пизду материн лажго! Бетер од грујо си!
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Не ширам ништо намерно и не сум напишал ништо што не е напишано мал милион пати на темава.

Значи социо-инженерингот е одговорен за апатијата кај народот?

Напишав долг пост и го избришав, не ми е јасно на што алудираш, веројатно знаеш нешто што не знам.
Беше иницијатор на протест против актуелните состојби во државава и ме интересира до каков заклучок дојде, зошто овој народ не протестира?
Мојот пост е констатација... Апатијата кај народот не се роди од вчера, туку се гради долго време. А за тоа дали овој народ протестира, сведочат протестите и контра-протестите во 2015-2016.... Проблемот е некаде на друго место.... ако размислиш малце со своја глава и без предрасуди ќе дојдеш и сам до заклучокот зошто овој народ не протестира сега, кога има потреба....

Иначе јас сум бил иницијатор на протест, меѓутоа тоа не значи дека сум бил оптимист дека ќе успеам во тоа. за да успеам, ми требаат средства. Животот ме научил дека во современиот свет ниеден протест, никаде во светот, не се случува спонтано од народот. Секој протест е оркестриран од некој центар на моќ ....

Ние живееме во заблуда дека обичниот човек е моќен нешто да смени... Кога ни се чини дека е така, тогаш треба да знаеме дека некој во позадина си ја турка скриено својата агенда... Ако не ти беа доволни последниве 4 години во Македонија да го научиш тоа, тогаш ќе си живееш во заблуда до крајот на животот.
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Добро ај ако не му веруваш нему (иако не знам зошто не би :D ), тогаш другиов е за верување ...

https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/angjushev-chetiri-kompanii-odluchija-da-investiraat-vo-makedonija-platite-kje
Анѓушев: Четири компании одлучија да инвестираат во Македонија, платите ќе растат како резултат на инвестициите
Откако стигна веста за ратификација на Договотот од Преспа во грчкиот парламент добив информација од четири компании дека одлучиле да инвестираат во Македонија, истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на трибината „Силна економија – шанса за сите" што се одржува во Велес.

Тој во одговор на прашање од стопанственик рече дека во моментов се разговара со стотина компании за инвестирање во земјава и посочи дека сите чекале да се реши проблемот со Грција, за да се одлучат дали да инвестираат.

„Сите беа ставени и чекаа на стенд бај и вчера со инфорамцијата дека помина гласањето во грчкиот Парламент добив четри потврди за инвестиции. Немојте да очекувате дека како претходно државата ќе ги насочува странските инвестции каде да инвестираат и да им вели во оваа општина ќе отвориме ТИРЗ, а ваму ќе ги помагаме доколку инвестираат. Тие ќе одат таму каде што имаат интерес и има неопходна работна сила“, им порача Анѓушев настопанствениците присутни на трибината.

Порача дека платите во Република Македонија ќе растат како резултат на инвестициите што ќе дојдат, а за да ги привлечеме, додаде, неопходно е да има соодветно обучен кадар.

„Образованието ќе биде клучен проблем на македонската економија во следните неколку години, нема да се ниту субвенциите, пристапот до фондовите, урбанизмот, градежните дозволи. Со закон можете да создатете услови, но луѓе не можете да создадете. Кадар се креира низ образовниот процес, а ние го рунираве и напрвавиме за потсмев изминатите 15 години, рече Анѓушев“, додавајќи дека е неопходно да се врати средното стручно образование.
Стварно си тенеќе
 
Ф

Флеш

Гостин
Сите беа ставени и чекаа на стенд бај и вчера со инфорамцијата дека помина гласањето во грчкиот Парламент добив четри потврди за инвестиции. Немојте да очекувате дека како претходно државата ќе ги насочува странските инвестции каде да инвестираат и да им вели во оваа општина ќе отвориме ТИРЗ, а ваму ќе ги помагаме доколку инвестираат
Тука се пробива Кочо дека суши,дека лаже.Лажгооо. Грујо како жити се донесе инвестиции и покрај Диво Насеље,и покрај блокада на Косово и покрај сеуште проблеми со Грција.Чекај,нема да им кажувал каде на кое место да одат.Грујо праел така.Море циган,Грујо ги шеташе низ Македонија и вршеше презентација каде им одговара за отворање .Секоја општина мораше да биде спремна со презентација и локација.На некои компании подобро им е близина на Јадранско,бираме Кичево,на некои Егеј,бираме Струмица,на некои Црно море,бираме Штип ....Абе како циго лажеш Рамче ....
 
Член од
23 декември 2010
Мислења
578
Поени од реакции
365
Овие западњациве што сакаат да не напикаат во НАТО и ЕУ мислат дека ние сме ко Романија,Хрватска...па ќе зимаат ресурси ова она,не се свесни дека нас ќе треба да не хранат,нема што да земат од оваа вукојебина и клет народ.:D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom