- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.591
Кога ќе ми излезе некој со оправдување на рамнодушноста на народов за процесиве што изминативе неколку години ни се случуваат, вклучително и најпоследнава, промена на името и законот за јазици и ќе ми рече дека на народов му било преку глава од се, немал повеќе воља да се буни затоа била оваа апатија...
Добро бе, кога оваа мизерија од народ за овие три децении самостојност се побунил за нешто? Најголеми собири ни се митинзите на политичките партии, а протести од заеднички интерес без партиски предзнак кога се организирале? Кога овој народ спонтано излегол на протест за да го канализира својот револт и незадоволство кон политиките на некоја актуелна власт?
Причини еден куп а изговори за седење дома на топло уште повеќе.
За некој да рече дека му е преку глава од се, истиот тој треба до тогаш да ги имал искористено сите механизми на отпор и протест, и тоа без успех. Нас ни се случи криминална приватизација. Освен некои спорадични протести тој грабеж помина мирно. Војна во 2001 година, редефинирање на државата...ништо! Територијална прераспределба на општините, сем протестот во Струга остатокот од државата не мрдна со прст. Го приватизираа ЕСМ, ја лапнавме бонбоната на Шекеринска во форма на повисоки сметки за струја. И тогаш имаше одредени апели за протест, ретко кој се одѕва, и тие што излегоа беа гледани со потсмев од остатокот на државата...
Да бидеме реални, ние не сме државотворен народ. Лесно е да ја продадеш куќата на дедо ти и татко ти ако си ја наследил без пот. Затоа се однесуваме толку ноншалантно кон актулените процеси, немаме почит кон самите себе како прво, кон нашите претци и нивниот помен, па тогаш како очекуваме светот да има почит за нас. Самите си ја сечеме гранката врз која што стоиме.
Блазеси му на швабите со вакви амеби, безкичмењаци, безгласни букви...ние сме родени измеќари, тоа ни е во генот.