- Член од
- 1 јули 2012
- Мислења
- 2.433
- Поени од реакции
- 7.145
А што праиме со бројката од 0 (со букви НУЛА) луѓе што протестираат за загадувањето, сите криминални тендери, нерешени убиства, крадења на народот, работнички права, поскапувања и ред други работи (не зборам само за сегашната власт). Дали тоа значи дека цел народ се сложува/л со се тоа вклучително и ти. Не ми ги спомнувај само шарените и оние за заедничка зошто тоа не беа народни протести.А шо правиме со онаа бројка од 100 луѓе шо протестира за името? Само 100/150 луѓе името не го даваат? остатокот?
Реалноста е дека македонскиот народ се уште не е дојден до ниво да размислува со своја глава, уште чекаме некој друг да ни ја заврши нашата работа. Да не ја спомнувам младината за која срамота е да искочи да протестира. Ако протестираш те гледаат од кафичине испоседнати како да си некој шутрак кој нема живот, задоволни од 15000 плата и понижувања на работа или од 200 денари што ќе им ги дадат родителите за тоа кафе. Битно имаат по 10 сторија и слики од кафето на инстаграм.