Криминалци и криминални групи во МК

Falanga.!!

puls.podzemlja
Член од
29 април 2014
Мислења
103
Поени од реакции
103
Знаете ли нешто повеќе за дечково?
Александар Драгович се викаше изгледа,демек припадник на вор в законе,руска мафија..

 
Член од
20 декември 2017
Мислења
376
Поени од реакции
202
Знаете ли нешто повеќе за дечково?
Александар Драгович се викаше изгледа,демек припадник на вор в законе,руска мафија..

Ми се чини уапсен у сити мол сеа брзо а муабети слушнав дека бил претставник во Руската мафија за балканот
 

Falanga.!!

puls.podzemlja
Член од
29 април 2014
Мислења
103
Поени од реакции
103
Заради тетоважата на раката мислат дека е дел од руската мафија.Можеби е,не викам дека не е но сепак да прашам што знаете за него.Иначе се гледа дека е заебан лик..
 
Член од
20 декември 2017
Мислења
376
Поени од реакции
202
A poise me interesira od kaj mu e luznata na liceto[DOUBLEPOST=1543856022][/DOUBLEPOST]
Заради тетоважата на раката мислат дека е дел од руската мафија.Можеби е,не викам дека не е но сепак да прашам што знаете за него.Иначе се гледа дека е заебан лик..
https://www.telegraf.rs/vesti/jugosfera/2916329-ruski-mafijas-uhapsen-u-skoplju-specijalci-upali-u-kafic-i-stavili-mu-lisice-
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.862
Обвинет за 27 април “пропеа”: УБК и Нинџа го организираа упадот во Собранието!
03/12/2018

https://fokus.mk/obvinet-za-27-april-propea-ubk-i-nindha-go-organiziraa-upadot-vo-sobranieto/

На денешното рочиште за случајот “27 април” се случи пресврт, бидејќи обвинетиот Стефан Младеновски го разоткри целосното сценарио за “Крвавиот четврток”.

Тој како организатори на упадот во Собранието ги посочи Александар Василевски Нинџа и Владимир Атанасов, тогашниот директор на УБК.


Тој потврди дека протестите имале логистичка поддршка од сите ограноци на ВМРО-ДПМНЕ, а дека возилото што ги предводело протестите било во сопственост на општинскиот комитет на партијата од Кисела Вода.

-Се знаеше уште во време на протестите дека ќе треба да се влезе во Собрание на денот кога СДСМ ќе прави Влада и ќе избира претседател на Собранието – рече тој.

Младеновски потоа раскажа дека во февруари биле викнати во „Аристократ“ каде Никола Бошковски им рекол дека државата мора да се одбрани и дека ја имаат поддршката од УБК, а дека сите насоки потоа ги добивале од Нинџа.

-Кољо му се јави на мојот брат на 27 април околу 13 часот и не викна да одиме во „Дион“. Таму Нинџа беше присутен заедно со неговата екипа и не извести дека денес е денот. Подоцна го слушав како му вели на Кољо дека треба да земат маски и му даде пари, по што се упативме до продавницата „Камуфлаж“ – рече тој.

Откако ги купиле маските се вратиле во „Дион“ каде слушнале како во Собранието се пее албанската химна, што предизвикало, како што рече, дополнително гнев, револт и негативна атмосфера.

-Сакавме да одиме на протес, но Нинџа ни рече дека е рано. Некаде околу 18 и 40 часот Кољо ни кажа дека Нинџа рекол да тргнеме кон Собранието и тргнавме со група од околу 50 луѓе. Некаде кај Жена парк, Кољо ни рече дека се влегува во Собрание и да ставиме маски, при што ставија само некои од нас. Кога ги видов пратениците од СДСМ во прес центарот ми беше јасно дека сме наместени. Се свртев и си заминав. Отидов кон холот. Дојде братот на Никола Митревски Кољо, кој ми ја побара маската, бидејќи јас сум имал капче. Тогаш се упатив кон Жена борец. Го сретнав Нинџа, а со него беше и Кољо. Скоро сите луѓе беа таму од кафулето Дион. Беше и Игор Југ кој се жалеше дека шок бомба му пукнала во рацете и го тепала полицијата, раскажуваше обвинетиот Младеновски.

Тој се потсети дека таму бил и Дејан Димковски Боксер, вработен во УБК.

-Боксер ни кажа да не се грижиме дека тој ги искршил камерите. Ни кажа и дека во 22 часот претседателот ќе прогласел воена состојба и дека веќе воена полиција била поставена на местото Групчин, кај Гостивар-Тетово. Боксер ни кажа дека таа информација ја добил од некое лице Синиша кое работело кај претседателот, истакна Младеновски.

Тој додаде дека набрзо до нив стигнала информација дека се спремала група вооружени Албанци.

-Тогаш Нинџа отиде да се види со Никола Бошковски-Прскачот. Наводно бил дојден со возило кај Градската болница во кое имало оружје, автоматско и полуавтоматско. Го прашав Нинџа што ќе се случи кога ќе дојдат вооружените Албанци и тој рече, дека и тука има луѓе кои знаат да пукаат, рече Младеновски.

Тој додаде дека општиот заклучок бил дека народот е предаден, наместен и тепан.

Потоа продолжи да раскажува дека околу полноќ отишле кај ресторанот Дион, кој бил заклучен, но тие седнале на терасата.

-Бевме десетина лица. Кољо, Нинџа, Митре Питроповски, Захарие Симовски, а дојде и Никола Бошковски Прскачот. Тој беше среќен, иако не знам зошто. Нинџа пак му раскажуваше што се случило, рече обвинетиот.

Тој повторно се посвети на Нинџа.

-Од наредниот ден па се до денес, Нинџа имаше параноја, не претресуваше и менуваше локации каде да се видиме. Со Никола Бошковски ми велеа да внимаваме што зборуваме и дека тоа засекогаш треба да остане тајна, рече Младеновски, кој додаде дека Нинџа на паузите од судењата му сугерирал да каже дека Кољо бил организатор, односно тој ги набавил фантомките.

По неговото сведочење, обвинетиот Горанче Ангеловски му се заблагодари за исказот.

-Ви благодарам што ја кажавте вистината, иако задоцнето, бидејќи веќе 13 месеци сме во притвор. Сепак ти благодарам што собравте храброст и тоа голема храброст, рече Ангеловски.

Тој го праша и Младеновски дали патриотските здруженија биле искористени од партијата, полицијата и од УБК. На ова Младеновски одговори:

“Сигурен сум дека бевте злоупотребени од Владимир Атанасовски директорот на УБК и од Нинџа, рече Младеновски.



(Некој неколку страници наназад спомна дека постојат ликови од УБК и ДБК кои ги раководат најголемите кримоси во МК и дека во служба се десетици години а ниту една власт не им може ништо. Барајте дел од нив во овој текст а одговорот кои се тие и како успеваат во тоа, е култната сцена на филмот Балканска Правила.)
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Ми се чини уапсен у сити мол сеа брзо а муабети слушнав дека бил претставник во Руската мафија за балканот
Како бе го уапсиле а претставник на Руска мафија на Балканот? :pos:
 
Член од
8 април 2013
Мислења
40
Поени од реакции
43
Имате инфо нешто повеќе за овие од Ѓорче ? Освен неколку лика,спомнавте дружина блиски со Близнаците и Севиљ од Сарај ..... Дајте инфо и за другиве o_O
Идат понекад у Баду у Влае, маалска екипа се уствари. Деки, Мартин, Мире, Шекер, Виктор, Станислав и уште неколку ги има ама не ги знам по име.... Мире го работи Мистик (поранешно Деспина) така нешо начув
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.862
Симовски: Пиштоли во Собрание носевме јас, Јане Ченто и Игор Југ, тој во еден момент го репетираше
03/12/2018

https://fokus.mk/simovski-pishtoli-vo-sobranie-nosevme-jas-jane-chento-i-igor-jug-toj-vo-eden-moment-go-repetirashe/

Во 18.30 часот вечерва, обвинетиот за организираниот напад на Собранието на 27 април лани Захарие Симовски застана во Основниот суд Скопје 1 да ја дава својата одбрана на денешното рочиште, објави порталот СДК.

„Дента на 27 април лани отидов во 14.30 часот во рестоанот ‘Дион’. Дејан Давидовски-Дешо кој е во бегство, ми кажа да го земам ‘и тоа, таквото’, што беше шифриран збор за оружјето. Отидов носејќи го ‘таквото’. По 18.40 со маските на главата се упативме кон Собранието. Правевме притисок на вратата, но не се отвораше. Одеднаш, вратите одвнатре се отворија. Го видов Владо Јовановски, ја смируваше толпата. Се упативме нагоре кон салата Длаборез. Полицијата не реагираше, нè пушти горе. Внатре во прес салата, кога членот на обезбедувањето на Спасовски истрела еден куршум, Игор Југ го репетираше пиштолот”, сведочеше обвинетиот Симовски.


На прашање на обвинителката Вилма Русковска кој носел оружје при нападот на Собранието, Симовски рече: „Јас, Игор Југ и Јане Ченто“.

„По 27 април, Владимир Атанасовски побара да се фрлат бомби во домовите на Петре Шилегов и на Радмила Шеќеринска, но и да му го запалиме автомобилот на Љубомир Фрчкоски. Јас им кажав дека кај Рада и кај Шилегов нема никој дома. Планот не се реализираше“, сведочеше Симовски.[DOUBLEPOST=1543874717][/DOUBLEPOST]
Младеновски: Нинџа доби наредба од УБК да следи обвинители од СЈО
03/12/2018

https://fokus.mk/mladenovski-nindha-dobi-naredba-od-ubk-da-sledi-obviniteli-od-sjo/

Михаил Младеновски, обвинет за “27април” на денешното рочиште откри шокантни информации, односно дека постоела нелегална паралелна Петта управа, со која раководел тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

-Никола Бошковски од УБК, му даде наредба на Александар Василевски Нинџа да следи некои личности кои тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, ги сметаше за интересни, односно државни непријатели. Па така беа следени обвинители од СЈО, кои беа сликани и документирани, а беше следен и Кире Наумов од СДСМ, за кој беше речено дека бил склон кон алкохол, па треба да му биде конструиран некој случај, рече Младеновски.


Тој истакна дека Нинџа му се фалел дека тие се надворешна “Петтка”.

-Рече дека ние сме група која логистички содејствува со Петтата управа. Групата ја нарекуваше пирамида, тврдина, која не може да биде срушена, рече Младеновски.

Тој додаде дека Никола Бошковски, пак му кажал дека тие се како јато птици и доколку некоја птица се одвои од јатото ќе биде незаштитена.

Тој сепак истакна дека Нинџа и Атанасовски немале добро мислење за директорот на БЈБ, Митко Чавков.

-Овие работи одеа преку УБК, па затоа имаше судир на тие две струи, рече Младеновски.

(Не означив политичари, зошто овде не ни се директна тема на разговор, не сум за партија, не се мешам во професионален криминал :D)
 
Последно уредено:
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Ситни риби ќе превземат одговорност, за крупните да измијат раце. После некое време овие ќе ги пуштат и ќе добијат по некое реонче.
 
Член од
8 април 2013
Мислења
40
Поени од реакции
43
За што бил тој конфликт?
Пријателот твој сигурно не ти ја кажал пола приказна.
Не е баш нешто нормално оваа работа...може сакале да го убијат.

Сигурно некој знае од тие што следат и пишуваат на оваа тема. Не може никој ништо да не знае за тие од Ѓорче.
Ете гледаш, прават проблеми низ градот. И самиот ти потврди. А пред неколку поста го негираше тоа и ги кажуваше како добри дечки.
Колку ми е нереална ситуацијава дека овие ликови се такви смешно ми е дури, пошо еден од таму го знам преку 10 години и не можам да го поврзам со насилно однесување... според мене, све се тоа празноглави лингури
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Колку ми е нереална ситуацијава дека овие ликови се такви смешно ми е дури, пошо еден од таму го знам преку 10 години и не можам да го поврзам со насилно однесување... според мене, све се тоа празноглави лингури
Како на пример кој?

Може ти го знаеш како лингур, а тој е нешто полошо....
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.862
Лани на 29 декември на 77 страница напишав "Убиството на Џелал Ајети Џељо и финалната вистина за случајот!". Вистината е далеку од тогашната финална верзија.
Името на убиецот на Џељо (случај 28.11.2013) е Ибраим Исмаили убиен на 26.02.2014. Приказната не била никаков бизнис, не била ниту Беса, нешто сосема друго за фамилијата многу болно и затоа никој не сака да зборува за тоа. Синот на Џељо, Фатлум Тоте Ајети сакал да се жени со некое девојче, но чичкото на девојчето Ибраим Исмаили, не ја давал, а не ја давал поради лоши односи со Беланоца кои постоеле одамна, од еден случај кога човек на Џељо во заседа пукал кон Ибраим и многу тешко го ранил по што Ибраим едвај преживеал, но во тој случај Џељо никако не бил вмешан, проблемот бил само помеѓу нив двајца. Поради негово несогласување со побарувањето на внуката од страна на фамилијата Ајети, Ибраим начекува момент во кој Џељо најмалку би очекувал такво нешто и го убива. Овде приказната се дели на две верзии, едната е дека убиството го извршил платен убиец професионалец, а другата е дека Ибраим сам го извршил пошто бил доволно спремен за тоа а пред се сите го раскажуваат како тотално луд лик. Одмаздата за убиството на Џељо, Беланоца ја извршуваат како што пишавме 3 месеци подоцна во Ченто, според порталите и тв каналите пукале две лица со AK47, а според некои кажувања пукале 4 лица во заседа од сите 4 страни на колата. Извршителите биле Тоте, Наим, нивни братучед и другар на Наим. После ова четири години натаму и двете фамилии живееле во немир, за да лани во 2017 се соберат луѓе и договорат помирување. Помирувањето во џамија го имаме наназад на темава.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.091
Поени од реакции
15.952
Лесно е да си опасен човек кога власта е позади тебе и имаш одврзани раце да правиш што сакаш и никој ништо да не ти може. Тепаш, крадеш, правиш тешка пара и за ништо не одговараш, добро сеа мора да идеш некогаш на гаргара кај началничето или грујко во овој случај. А и секој локален шериф што го имаа во секоја општина беше иста приказна. Секоја чест какви мафијаши се. Сезонски мафијаши и вртимушки кои уживаат во парите и моќта еве вака.
Многу беа уверени дека ќе траат вечно и сите ќе градат империи како началниче и Оки кој сега да даде Господ да не излезе од таму каде што е. До душа и новиве сега не се ништо поарни, по ист принцип работат само им треба години и години да го достигнат нивото на криминал како овие што го правеа.
Од дете уште од основно памтам дека Нинџа бил физички многу јак како тепач и воопшто не се плашел да влезе во тепачка и со повеќе души. Е сеа дали беа митови или не, не знам. Како и да е постои силна симбиоза меѓу вакви ликови и власта, секогаш и секаде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom