Последен гледан филм со кратка рецензија

N

Nathan

Гостин
Bohemian Rhapsody (2018)
Гледлива и во голема мера идеализирана и сублимирана верзија на сторијата за Меркјури и Queen. Нешто што е и за очекување кога ќе се земе предвид ограничениот временски формат од два часа и фактот што во контролата на наративата вмешале прсти двајца од членовите на групата. Без завлегување во крајни ситничарења, инспирирана интерпретација од страна на толкувачот на насловната ролја, филгуд филм наменет за ентузијастите и фановите на групата, кој за време на проекцијата ќе Ве натера да ги бодрите и да потпевнувате во ритамот на нивните песни.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
This Is 40 (2012)



Филм кој внимателно би го препорачал на сите, освен на фановите на Lost кои апсолутно мора да го изгледаат поради референците.

lost this is 40.jpg
Колку да се знае ^^

Комедија за едно дисфункционално семејство во кое брачниот пар, Пит и Деби, поминуваат низ средовечна криза. Приказна скоро и не постои, филмот едвај има содржина. И двајцата се обидуваат да излезат од кризата, да го спасат бракот, бизнисот, да ги средат односите со родителите и да не полудат од децата.

Хуморот не е за сите, не е од типот јунакот се лизнал на лушпа од банана и сите паѓаат од смеа, малку е посуптилен од тоа. Малку е предолг за комедија но тоа е тоа.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.915
Поени од реакции
84.322
CREED II


Вториот филм во Рокиевата франшиза во кој главен лик е синот на големиот Аполо Кирд - Адонис. Во првиот филм гледавме како Адонис пробува да се протне до боксерската голема сцена со помош на големиот "frenemy" на татко му - Роки. За жал Сталоне не доби Оскар за таа улога, но сепак и во првиот филм за Адонис, а и во овој, стариот Слај докажува дека he still has it!

Како фан на Роки, искрено првиот филм не ми беше нешто посебно. Дури и би го ставил како најлош од сите Роки филмови (за мој вкус) Мајкл Б Џордан ми беше неверојатно антипатичен, и едноставно тешко е да се навива за овој лик. Доказот дека не сум бил толку далеку од моето мислење за Мајкл Б Џордан е и тоа што најголемата улога на Мајкл Б Џордан во кариерата му е негативец во Блек Пантер (и одличен беше таму)

Овој филм е многу подобар од првиот. Овој филм има повеќе душа и срце и повеќе "Рокизам" во него. Рокизам е... нешто што сега го измислив и треба да асоцира на претходните Роки филмови. Додава битки надвор од рингот низ кои што Крид треба да помине. А многу често и тие битки се многу поопасни од боксерските. Можеби не се сите работи во филмов на највисоко ниво, и има неколку работи кои што можеби не би ве "фатиле" ако не сте внесени во филмов уште од старт, ама се на се филмот delivers таму каде што треба.

Крид во филмов е добар, Роки не е во главна улога и тотално се гради Адонис како главен лик на новава франшиза. Душата на Роки филмовите е тука, одличните борби се тука (неколку луѓе во киното се држеа за уста и реагираа како вистински да се борбиве), badass тренинг монтажите се тука.

Секогаш е предобро да се види Долф Лундгрен во филм, особено ако репризира познат лик од минатиот век. Иван Драго е кул како и секогаш. Добро е во филмов што им обрнаа мало внимание и на "негативците" кои добиваат и backstory и се внесува емотивност на ликовите чисто колку да бидат барем малце повеќе од "русин машина нема емоции baaaaaad", што е добра работа.

Крајот на филмот/битката е сосема ок.

Каде ќе одат понатаму со франшизава? Немам појма.

Тоа што имам појма е дека Крид 2 е се што сакав првиот филм да биде, и тотално delivers тоа што треба. Има работи што можеа и подобри да бидат, ама се на се добива лајк од мене филмов и го препорачувам на сите фанови на Роки што сметале дека првиот филм не е нешто посебно (иако не беше лош и тој ама фалеше нешто за да биде во Роки стил) (y) (y) (y)

За крај:
Секоја пофалба за Холивуд, што имаат црнец главен лик во филмот. Мислам ајде... франшиза за Италијанец??? Па преку кур од фрашнизи за италијанци милион ги има!!!! Одлично е што Холивуд се грижи за репрезентација на малцинствата и што ни овозможија да видиме црнец во главна улога.
Освен тоа што главна улога е црнец, прогресивноста на Холивуд и репрезентирање на малцинства се манифестира преку тоа што девојката на Крид има проблеми со слушање.

И сето тоа е супер, ама прогресивноста на Холивуд не запира тука. Секоја чест за Холивуд што направија филм во кој што Русите се негативци и се прикажани како роботски суштества што се растени на улица како кучиња и што се полни со омраза. Тотално никогаш не сме го виделе ова во ниту еден филм порано, тотално добра репрезнтација на Русите.
И фала богу Холивуд си ја научи грешката. Откако Скарлет Јохансот беше избркана за да не глуми транс личност поради тоа што не е транс, Холивуд веднаш реагира со тоа што Швеѓанец и Русин глумат луѓе од СССР.
Особено внимание треба да се даде на салите во кои што тренираат Швеѓанецот и Русинот за чие создавање било потребно макотрпна работа од 2 минути гуглање "Russia in 20 century" за да се долови тој точен изглед на Русија во 2018.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.655
Поени од реакции
4.142



Juzni Vetar

Со оглед дека филмов доаѓа од наша (балканска сцена) би рекол дека е супер . Не е преполн со ефекти. Приказната е добра. Прикажани се црни бизниси на српското и бугарското подземје, корумпирана полиција и како луѓето кои се дел од овие бизниси ги ставаат во опасност нивните фамилии и луѓето околу нив.
Се очекува серија составена од 4 Епизоди во 2019, и втор дел во 2020.
Може да се гледеа онлајн.​
 
P

Patience

Гостин
Foxtrot
Foxtrot_(2017_film).jpg

На родителите на младиот војник Јонатан Фелдман им е соопштено дека нивниот син е мртов, загинал на должност. Од тука почнува агонијата, справувањето со фактот дека нивниот син не е повеќе жив, останувањето присебен во такви моменти и подготовките за негово достојно испраќање...
Ќе ви го задржи вниманието до крај, патем неочекуван.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Vanilla Sky



За филмов имам да пишувам толку многу, но со се што би напишал би открил некој драгоцен детаљ, што може да ви ја наруши желбата да го гледате, доколку не сте го гледале истиот. Значи најдобро на прашањето "за што е филмот", овојпат е да не добиете одговор, туку да си го добиете одговорот со гледањето на филмот. Само ќе кажам дека за филмов дознав од песната Патот до среќата на Страјк и од стиховите "а сега бегаш и трчаш дури те држат нозе, бегаш од себе да бидеш ослободен од вината сива, лузна е ко небо од ванила, немаш сила, леташ надоле, а човек нема крила". Дознав за него пред многу години и од таму ми се роди желбата да го изгледам, бидејќи најискрено кога би видел фантази романса, најверојатно не би му дал шанса. Сега откога го изгледав сфаќам дека за никој филм никогаш не сум имал толку погрешна замисла за тоа што се работи. Многу поучен филм, кој може ќе ви го смени размислувањето за некои работи, за тоа како еден потег може да го промени целиот живот. Филм што ептен ме трогна и потресе и ме натера многу многу да размислувам. Мислам дека е малку промашен крајот и насоката во која го довршиле, но одличен е и вака и сфаќам зошто на ваков начин го завршиле. Генијалноста на режисерот т.е. на режисерите остава без зборови, би сакал после ова да ја изгледам и шпанската верзија, од која е и настанат овој римејк, чисто за компарација да си имам. Ова ќе ми остане во глава вечерва, месецов, годинава, животот, препорака на сите.

И да човече... Како побогу има ова ремек дело 6.9 рејтинг... Па ова е во исто рамниште со Мементо и компанија, криминално е потценет, заслужува барем над 8 рејтинг, кога би се погледнале други филмови со рејтинг 6.9 ова е тотално неблагодарно.

Every passing minute is another chance to turn it all around. :love:

 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Don't Worry, He Won't Get Far on Foot (2018)

После куп изгледани блокбастери кои не нудат ништо ново овој филм ми дојде како ептен убаво освежување. Ме заинтересира главно поради одличната актерска екипа: Феникс, Хил, Мара и Блек. Уште кога ја видов тематиката и дека режисер е Гас Ван Сант знаев дека задолжително морам да го гледам.

И стварно уживав. Интересна приказна за следење која тера на размислување на многу теми. Тука е и црниот хумор кој беше ептен добро вклопен и на вистински места. Животната сторија на Џон Калахан е толку иронична што добиваш впечаток дека уствари целиот живот е една огромна иронија. Многу ми се допадна и начинот на кој беа вклопени сцените во првиот дел на филмот. Вака мислам се постигна посилен впечаток отколку приказната да си течеше линеарно.

Хоакин Феникс за мене заслужува номинација за Оскар за оваа улога. Порано не го сакав премногу како актер, ама после Her ова е втора улога како ме импресионира. Малце бизарно, пошто се работи за комплетно различен филм, ама после ова уште повеќе сум хајпнат за новиот Џокер и за тоа како Феникс ќе го одглуми.
 
Член од
24 февруари 2005
Мислења
242
Поени од реакции
50


Или Diamond of Boyana (2017) Црногорски филм кој од мене има чиста10-ка.
Пријатно ќе бидете изненадени од овој лесен романтичен филм со пејсажи и предели кои не сте верувале дека постојат на Балканот.
Многу пријатно сум изненаден и од режијата како и глумата на главните ликови.
Се работи за Др. Џорџе од Белград кој на 25 години добива покана од Тетката на неговиот татко да дојде во Улцињ, поточно на Ада Бојана, кој се до тој момент не знае дека постои. Докторот по пат запознава девојка во која ќе се вљуби. Таткото на Џорџе е криминалец кој има нерасчистени долгови со други мафијаши во Италија. Целото дејство е супер изиграно динамично што во ниеден момент нема да ве остави рамнодушни. Топло ви го препорачувам, и ако ви се допадне пишете ваш коментар.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Juzni vetar

Кратка содржина - млад белграѓанец кој краде коли, ќе украде кола на син на бугарски нарко бос која треба да биде доставена до српскиот нарко бос. Не сака да ја врати колата (рекетира откако ќе види што има во колата) и поради тоа ќе се шета низ градот со колата "бегајќи" од нарко мафијата и корумпираната полиција.

Според мое лаичко мислење ова е доста лош филм. Сценариото е ужасно, полно со дупки, нелогичности...
- Синот на бугарскиот нарко бос ги држи клучевите за кола (полна со дрога) и новчаникот на пулт пред улична трафика додека разменува нежности со љубовницата (?). Главниот лик застанува за да купи наполитанки на девојката и ги краде клучевите... и дури кога ја тресна вратата и ја вклучи колата, бугаринот виде дека му ја крадат колата.
- циркузијада е сцената кога доаѓа полицијата да го апси биковиќ. Тие вооружени со митралези, он трча и им попречува пат со преместување на дрвена скала од еден ѕид на друг. Тие пукаат и истрелите завршуваат зад стапалата.
- Девојката е во полициска станица. Ја шамараат, вреѓаат, пцујат, ја тераат да каже кај е дечко и (?).
-кога се пресметува биковиќ со мафијата сите - буквално сите ги уби, а рацете му беа во лисици. Чак норис, брус вилис, стивен сегал - мали деца се за него.
- најсмешното сепак беше следното - го бркаат полиција и мафија, а он цело време оди на состаноци со нив... со колата.
Актерот Милош Биковиќ кој го глуми главниот лик е редок антиталент, скроз нехаризматична појава, а гледам во Србија многу го фалат, па и во Русија имал кариера (ко да е тоа некој показател дали некој е солиден глумец).
Во глобала глумата беше лоша кај сите. Најдобро изглуми бугарскиот нарко бос (актерот е познат инаку по улогата на Понтиј Пилат во филмот на Мел Гибсон "Страдание"), донекаде добар беше и Александар Берчек иако дијалогот со него е некако театрално напишан.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Gladiator (2000)



Иако не сакам многу да гледам вакви филмови кои опфаќаат теми од историјата, како и историски битки/моменти, сепак уште од поодамна си зацртав дека морам да ги гледам Gladiator и Braveheart. И секако ни малку не се покајав поради тоа, Гладијатор ми беше дури и доста поблизок гледајќи го, бидеќи имам доста читано за римската империја, императорите, улогата на сенатот, релациите и сите тие работи. Накратко за тие што го немаат гледано, филмот е must see филм, во главните улоги се злобниот император Комод, кој преку прљава игра го наследува неговиот татко Марко Аврелиј на тронот, како и Максимус, верен генерал, кој има единствена желба да се врати дома на својата фамилија и да ги прегрне повторно после две ипол години својата жена и дете, но таа желба на суров начин нема да му биде овозможена. Друго да не ви откривам, моето мото за секој филм е она врчаковото "што помалку знам толку подобро е", па затоа и таа кратката содржина од Imdb ја одбегнувам, сакам да сум тотално изненаден од дејствата. Одлично доловена атмосфера, Расел Кроу феноменален, само тоа детето ми беше малку антипатично во филмот, безвезно ми глумеше, немам други замерки, ептен интересно, емотивно и содржајно, веднаш летна времето гледајќи го. И да Чибс од Sons of Anarchy глуми :D
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.738
Braća Bluz
THE BLUES BROTHERS
, 1980., , 133 min.

пред малку го гледав на ТВ 1000
https://mojtv.net/film/3803/braca-bluz.aspx

динамичен филм, со многу глумци, статисти, акциони сцени со полициски потери и неверојатни брканици и супер музика... во филмот настапуваат во помали улоги и РејЧарлс, Арета Френклин, Џемс Браун и други..
веројатно деновие ќе се повтори, а го даваа и пред 5-6 години мислам...
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Sorcerer (1977)

https://www.imdb.com/title/tt0076740/

ae01f392-2f8c-430a-b745-c60136f61d71_1.859108a8d1509178558f001615ad7cd7.jpeg

Филмов, прво морам да напишам дека го открив во темата за Македонски народни приказни, овде на форумов, поточно деновиве имаше некоја дискусија за музиката, па преку youtube дојдовме до Tangerine Dream, електронска/краут рок група од Германија, за која имав слушнато и порано, меѓутоа не сум и обрнал внимание. Практично, музиката од една од приказните (а може и повеќе) е многу ефектно превземена од овде. Мислев дека има многу повеќе учинок во филмов, атмосферски, ама не е баш така (барем јас не ја доживеав така).
Како и да е...
Филмот е над 40 години стар и очигледно е филм од друго време. Мислам на суштинска разлика во концепцијата на приказната и како таа се раскажува. Прочитав и некои критики по интернетов пред да го постирам ова - проблемот со слабата популарност на филмов е неговиот тајминг. Јас би го вклопил во една група филмови со тие на Карпентер (старите) и слични, во кои тензијата е главниот мотор на дејствието, исчекувањето. Наводно, објавен е во исто време со Star wars и со самото тоа бил осуден на неуспех, но и со „подмладувањето“ на публиката што го одредува филмскиот мејнстрим со кој се форсираат филмови со по-„боза“ содржина, филмски ефекти и „победа на главниот јунак над лошите“ (по default).
На кратко за приказната - четири тотално неповрзани ликови заради лични околности (силом прилике што би рекле), се наоѓаат во мала колонија во јужно или средно-американската прашума. Бегаат од своите животи каде што секој нешто збрљал (на почетокот се сите приказни опфатени). Колонијата ги „снабдува“ со кадар американците, кои бушат за да експлоатираат нафта, а локалците мизерно ги плаќаат.
Нема никакви магии, името на филмот е според еден од камионите со кои главните ликови пренесуваат лесно-запалив материјал (динамит), од една до друга локација низ прашумата (со сите свои карактеристики).
На кого му се по кеиф вакви „антички“ филмови, а го пропуштил, му го препорачувам.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Argo (2012)



И покрај тоа што најчесто одбирам филмови за гледање направени во '80, '90 и '00, овој филм решив да ми е еден од исклучоците и со него на некој начин да почнам да ги гледам и поновиве филмови. И подобар филм за почеток не можев да одберам. Го одбрав бидејќи описот за него страшно ме заинтригира и првата помисла ми беше па добро заложници, операција за спасување, не може да е лош во никој случај и искрено си добив и повеќе отколку што очекував. Иако очекував само една акција на високо ниво, си добив филм што успеа да ти ја пренесе целата атмосфера, дури и на моменти кога екипата се наоѓаше во небрано, и ти да почнеш од неизвесност цел да се тресеш, како кога му се дереш на телевизорот при фудбалски натпревар "абе подај лево сам е".

Се работи за филм направен според вистинска случка, кога во Техеран, Иран ќе се држат во заложништво амерички дипломати. 6 од дипломатите успеваат да се извлечат од целата ситуација, но остануваат скриени во кандаска амбасада во градот, а токму Бен Афлек, кој ја игра улогата на Тони Мендез, ќе го ризикува својот живот, само за да оди во Иран да ги спаси 6те дипломати, кои секој момент може да бидат откриени. Во целата таа операција Бен Афлек настапува со бизарен план за извлекување, а тоа е да се снима sci fi филм во Иран, во време кога градот е во хаос, и на тој начин да проба да ги извлече заложниците.

Целиот филм е направен според вистински редослед на настаните, реално се прикажани истите места и целосно е доловена атмосферата од тоа време, за тоа е вложен енормен труд и секоја чест за целата екипа која работела на филмот. На крајот имате и слики како изгледале настаните во реалноста vs во филмот, каде што нема да забележите сличност, туку скоро идентичност. Argo е супер филмче, не е нешто комплицирано и мислам дека би му се допаднало на секој, иако делува доста криминално, сепак нема многу насилство освен неколку кратки глетки, вреди да се гледа и го препорачувам.

П.с. Ќе заборавев за малку, "Argo fuck yourself" :P
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.738
сега заврши на ТВ Телма, филм Зодиак, мислам дека прв пат го гледам, 2 сати траеше, без реклами..
ептен интересен заплет...
https://en.wikipedia.org/wiki/The_Zodiac_(film)
Едно не ми е јасно, како успеале да го снимат 2005 а се им е како во 60-тите :rolleyes:, како да е снимен 25 -30 години пред излегувањето... секоја чест...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom