Мислев конкретно за Преспа, иначе за економијата, корупцијата, немањето општенствена свест и останатите внатрешни заебанции, има и народи што доживеале многу полоши работи од нас па се светлосни пред нас. Што не значи дека и нив не ги е*ат политичарите и надворешниот фактор. Тоа секаде е константа.
Така што, да скратам, никој не ни е крив за мизерната економија, а за името, војната, рамковниот има и надворешна кривица. Има и наша секако, бар тотална распродажба за 2-3 збора можеше да се спречи, но тоа е што е.
Види имаат и нашите „пријатели“ огромна одговорност за тоа шо се случува и на внатрешно политички план, можат да влијаат скоро на секоја одлука, да не станува збор за кадровска политика итн. Само ретко кој може да одработи во корист на нивните a на штета на сопствените национални интереси, и тука веќе се разидува на чисто ситуацијата.Настрана шо им одговора ова сивило да може покомотно да роварат
Гледај само сега со ДПМНЕ шо се случува, истото шо беше со СДСМ и Б.Ц, сложно одработија сите комплет, и сега да не биде апла, фракција и одметнати структури извадија, а вчера кога ги читам соопштенијата нa Мијалков и Тодоров, според реториката ми делува како ист човек да ги има пишувано. Едноставно е, Николовски и Мицковски не се луѓе кои можат реално да му кажат сиктер на началникот, исто како шо Заеф не може да биде тој шо го поразил Б.Ц. Боливудско сценарио, за повеќе не вредиме изгледа па не чувствуваат потреба да се трудат. Мислам дека во овој момент на сите треба да им биде јасно дека од шупливо во празно отидовме
ДПМНЕ си ги пере рацете од тоа шо го поминаа договорот и во интерес на партијата сега прават драмолетки. Слично кога СДСМ и Заев се извинија кобајаги за транзицијата итн. Мислам дека и Запад има улога во цела оваа драмолетка затоа шо се потполно свесни дека силеџиски настапуваат само не сакаат да пропадне ДПМНЕ кое го имаат целосно под контрола, заедно со револтот од силувањето тоа да се преточи во некоја политичка структура со која допрва ќе треба да губат време да ја зауздаат комплетно. А се плашат во меѓувреме да не се појави автентична опција која може да понуди нешто различно од се досега а истото да се коси со нивните интереси да не столчат. Има доста интерес кај гласачите, поготово сега
За СДСМ нема коментар, едноставно се резидентна експозитура на сите странски интереси кои во голем дел се спротивни на македонските национални интереси, ама па тие биле ептен по идеологијата

Чудно како Ципрас во повеќе наврати го користеше зборот национални интереси, грчки интереси итн баш во изјави дадени околу спорот со нас, изглеа треба да учи од СДСМ за идеологија
